ДКСК: Само 10 % од активностите за борба против корупцијата биле спроведени лани

Минатата година биле завршени само 10 проценти од предвидените активности во четиригодишната стратегија на државата за борба против корупцијата. 

Ваквите резултати за дел од претставниците на меѓународниот фактор во земјава се разочарувачки. Евроамбасадорот Дејвид Гир кажа дека евроинтегративниот напредок на Македонија многу ќе зависи од тоа колку државава ќе се справува со проблемите со корупцијата во сите области на општеството и порача власта заедно со опозицијата да се здружат во оваа борба и да постапуваат по препораките на Антикорупциската комисија и Државниот завод за ревизија. Од УСАИД велат дека тие и натаму ќе и помагаат на Македонија во оваа борба, но дека напредокот зависи само од нас.

-ЕУ, заедно со земјите-членки и меѓународната заедница обезбедија милиони за поддршка на владеењето на правото во Македонија, вклучително и во областа на борбата против корупцијата. Ние и граѓаните на Македонија со право очекуваме оваа поддршка да постигне резултат. Темпото на реформите во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата останува разочарувачко,истакна Дејвид Гир – Амбасадор на Делагацијата на ЕУ во Македонија.

„ САД се ваши стратешки партнери, но примарната одговорност е кај вас. Властите, институциите и граѓаните на Македонија треба да постигнат напредок во борбата против корупцијата. Ние сме ваш партнер и ќе користиме широк спектар на алатки за да ви помогнеме да го постигнете вашиот успех, но ова е ваша земја и не можеме да ја решиме корупцијата наместо вас. “, Дон Кармин - В.Д. Претставничка на УСАИД во Македонија.

Причината за оваа ниска реализација на националната стратегија, според првата Антикорупционерка Билјана Ивановска се слабата посветеност на институциите, честите менувања на министрите во услови кога постои партизирана администрација.Вицепремиерката за добро владеење Грковска од своја страна, пак, оцени дека најголем проблем е неказнивоста, а ја посочи индивидуалната одговорност како важен фактор.

Најнизок степен на реализација на стратегијата од Антикорупциска забележале кај Фондот за здравствено осигурување и Министерствата за земјоделство и информатичко општество.. Како проблем од таму се посочува слабата соработка со Собранито, каде се уште не е разгледан ниту извештајот од реализираното на стреатегијата од пред две години.

Фото: Поранешната мис на Шведска без долна облека на црвениот тепих

Поранешната мис на Шведска низ Канскиот филмски фестивал се прошета без долна облека.

Филсмкиот фестивал во Кан е местото каде многу светски ѕвезди сакаат да се продефилираат во скапа тоалета.

Фестивалот е синоним за престиж, мода, стил и елеганција. Но, не е секогаш така.

Поранешната Плејбој зајачица и поранешна мис на Шведска, Викторија Силвстед се појави во Кан во многу провокативен фустан.

Папараците покажаа дека атрактивната Вики под фустанот не носи долна облека.

Имено, поранешната мисица не носела долна облека, а немала поим дека фустанот може да ја „издаде“.

Викторија смело им позираше на папараците. Најмногу внимание сепакпривлече длабокиот шлиц на Викторија, буквално до половината, кој во еден момент откри повеќе отколку што треба .

Фото:Секси тенисерка

Убавата руска тенисерка Виталиј Дјаченко се почесто ги радува фановите на социјалните мрежи со фотки во бикини.

„Жешката“ бринета извесно време е надвор од терените поради повреда, и поради тоа патува низ Европа, во моментов е во посета на Белград.

Убавата тенисерка секојдневно ги информира своите следбеници за тоа што прави и каде се наоѓа.

- Белград во срцето, не сум љубител на селфи во огледало - напиша таа.

Руската убавица покрај коментарот објави и неколку фотки кои ги воодушевија фановите.

Виталија на фотките е во интересен стајлинг, скоро проѕирен фустан , бикини , мрежасто здолниште....

Макрон се согласи на дебата со Марин Ле Пен пред изборите за Европскиот парламент, таа одби

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изрази подготвеност за дебата со лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, пред изборите за Европскиот парламент на 9 јуни, каде што „се доведува во прашање судбината на Франција“.

„Ако мислиме дека станува збор за избори на кои во прашање е дел од судбината на Франција, за што веруваме, јас сум на располагање“, рече Макрон во интервју за весникот „Паризиен“.

Марин Ле Пен минатата недела изјави дека со задоволство би имала дебата со Макрон, но под услов тој да поднесе оставка и да го распушти парламентот. Таа денеска го повтори тоа барање и додаде дека е подготвена за дебата, но дури по изборите, во септември.

притисни ентер