ДКСК: Да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек и со кои јавноста е веќе запознаена

Да не се промовираат мерки чие спроведување е во тек и со кои јавноста е веќе запознаена, како и мерки кои не се непосредно поврзани со санирање на последиците од корона кризата, укажува Државната комисија за спречување корупцијата.

Комисијата што на 21 и 22 мај заедно со претставник од Платформата на граѓанските здруженија за борба против корупција имаше средба со министерката за финансии, Нина Ангеловска и со советникот за економски прашања во Владата, Фатмир Битиќи во врска со третиот сет економски мерки, апелира и да се внимава едно лице да не користи надоместоци од различни мерки, да се обезбеди целосна транспарентност за лицата кои како корисници ќе бидат опфатени со секоја мерка поединечно.

Можноста преку електронска платформа секој граѓанин да го следи процесот, ќе обезбеди, смета ДКСК, почитување на начелото на транспарентност во спроведувањето на мерката.

На средбата за третиот антикризен пакет, Ангеловска и Битиќи информирале дека при подготовката на мерките се следеле препораките на ЕК и ОЕЦД, кои се дадени во насока на опоравување на земјите погодени од пандемијата. Министерката и советникот рекле дека мерките се темелат на спроведена анализа и проценка на состојбите во домашната економија, на компаративна анализа со земјите од регионот, како и на анализа на ефектите од презементите мерки.

– Исто така бевме известени дека само четири мерки е можно побрзо да сереализираат, откако ќе бидат целосно завршени сите делови од процесот на подготовка, што е извесно да се случи во третиот квартал на годината. Како што беше наведено, мерките биле подготвени низ екстензивен консултативен процес со многу експерти и претставници на коморите и политички партии од опозицијата, со единствена цел да сестимулира потрошувачката и да се поткрепи домашната понуда, односно да се намалат последиците од кризата во економијата, наведува ДКСК.

Станува збор за мерките: Домашна платена картичка од 9.000 денарии Поттикнување на домашен туризам преку ваучери од 6.000,денари и домашна платежна картичка од 3.000 денари со кои се опфатениранливи категории и семејства кои имаат приход помал од 15.000 денари. Изборот на корисниците на оваа мерка ќе се врши системски односно електронски врз основа на вкрстување на податоците од Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика и Управата за јавни приходи, при што во Генералниот Секретаријат ќе се креира платформа на корисници.Со тоасе избегнува ризикот од селективен избор на корисниците, акраткиот рок од 30 дена за реализација на меркитедавауверување дека преку зголемената потрошувачка на населението ќе се ублажат последиците што ги трпи економијата одкризата.

Мерката „награда на докторите и медицинскиот персонал на инфективните одделенија" во овој период на пандемија не е предмет на проценка од аспект наризик на влијание врз гласачкото тело, мерката „надомест за невработеност за лицата кои го изгубиле работното место" не е нова мерка, туку е дополнета со бројот на лицата кои спогодбено останале без вработување.

Прашањата на ДКСК и на претставникот на Платформата на средбата, како што информира Комисијата, биле насочени кон можното влијание на мерките врз гласачите доколку предвремените избори наскоро се одржат, при што фокусот бил ставен на тоа дали мерките се носат поради неопходна потреба, нужност и итност, односно дали се тесно поврзани со причина која предизвикала настанување на вонреднатасостојба, кои се критериумите за определување на целната група корисници и дали се почитува начелото на транспарентност и отчетност. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер