Џулија Робертс одбила улога во филм, добитник на 7 Оскари- има причина (ВИДЕО) - Канал 5

Џулија Робертс одбила улога во филм, добитник на 7 Оскари- има причина (ВИДЕО)

По успехот на филмот Pretty Woman, Џулија Робертс стана една од најбараните холивудски актерки во деведесеттите и прв избор на многу продуценти кои работеа на романтични комедии.

Џулија Робертс одбила улога во филм, добитник на 7 Оскари- има причина (ВИДЕО)

Меѓу нив беше и Едвард Цвик, еден од продуцентите на оскаровецот „Заљубениот Шекспир“, кој од прва рака беше сведок на катастрофалната претпродукција на романтичната комедија со Гвинет Палтроу како Виола де Лесепс и Џозеф Фајнс како Вилијам Шекспир.

Според списанието Variety, Цвик открил во есеј во кој го опишува создавањето на Вљубениот Шекспир дека Робертс била главниот избор за улогата на Виола де Лесепс, а нејзиниот интерес за филмот довел до тоа Universal Pictures да се согласи да го финансира целиот проект.

Робертс полетала за Лондон, каде што требало да има аудиции со потенцијални водечки актери, но актерката станала опседната со идејата Даниел Деј Луис да го игра Шекспир.

"Тој е брилијантен - убав и интензивен. Исто така е многу смешен", му рекла Робертс на продуцентот. „Дали ја видовте неговата изведба во „Соба со поглед“? Тој исто така глумеше во адаптации на Шекспир. Не мислите дека тој би бил совршен? Можам да му кажам да ја земе улогата“.

Но Деј Луис ја одбил улогата затоа што сакал да се посвети на снимањето на филмот „Во името на таткото“ во режија на Џим Шеридан.

Робертс потоа учествуваше на аудиција со голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Ралф Фајнс, Хју Грант, Колин Фирт, Шон Бен и многу други актери. „Џулија најде маани кај сите нив: едниот бил вкочанет, друг не бил романтичен итн.“, рече Цвик.

По неуспешната аудиција со Пол Мекган, Робертс одлучи да се откаже од целиот проект и да се врати во САД. Universal Pictures го одби филмот за кој потрошила околу шест милиони долари.

YouTube video

Години подоцна, студиото Мирамакс одлучило да го оживее Вљубениот Шекспир, а улогата на режисер ја презеде Џон Маден. Филмот беше номиниран за тринаесет Оскари, а освои дури седум, вклучувајќи го и Оскарот за најдобра актерка, кој ѝ припадна на Гвинет Палтроу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

Денеска Советот на јавните обвинители  треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК

На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Денеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .

Опозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите

Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и други

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. 

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапување

Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд.

Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер