3Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
Шоу бизЏуд Лоу доби ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд (ФОТО)Англискиот актер, продуцент и режисер Џуд Лоу доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.„Неверојатниот талент и посветеноста на Џуд Лоу на неговиот занает ја плени публиката ширум светот“, изјави Ана Мартинез, продуцент на Булеварот на славните. Ло е 2.798-та личност која добила ѕвезда на патеката. На церемонијата, режисерот Дејвид Ловери го пофали Ло за неговата работна етика и посветеноста на актерството. "Тој никогаш не го прави истото двапати. Никогаш не го користи полесниот пат. На својата работа пристапува со понизност и љубезност, посветувајќи се до степен што би бил застрашувачки да не бил толку инспиративен", рекол Дејвид. Лоу го припишува својот успех во кариерата на сите со кои работел. „Не можете да работите сами. Потребата за соработка е од суштинско значење. Некои од вас овде, и многу, многу други со кои работев во изминатите 30 години, од кои научив, кои ме охрабрија, водеа и инспирираа - тие се причината поради која ја добив оваа ѕвезда и сакам да им се заблагодарам“, изјави актерот. Во 2006 година, Лоу беше на листата на 10-те најпрофитабилни филмски ѕвезди во Холивуд. Тој доби БАФТА за неговата улога во Талентираниот г. Рипли. За таа улога беше номиниран и за Оскар за споредна машка улога. Тој беше номиниран за Оскар за најдобар актер за неговата улога во филмот „Студена планина“ од 2003 година. Покрај филмот, Џуд Лоу настапува и во театарот. Тој беше номиниран за наградата Тони во 2010 година за неговата изведба на Хамлет. Тој доби пофалби за неговите изведби во различни проекти, вклучително и номинација за Готам награда за најдобар актер во гнездото и одлични критики за „Трет ден“ на HBO. Тој исто така го играше Албус Дамблдор во Fantastic Beasts and Where to Find Them и др. Вотсон во серијата Шерлок Холмс. Лоу започна да глуми во 1987 година во Националниот младински музички театар. Првата телевизиска улога ја имаше во 1989 година во ТВ филмот „Кројач на Глостер“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЌе донесе ли Фон Дер Лајен добри вести во Скопје?Има можност Македонија да издејствува патоказ како дел од групата најуспешни земји кандидатки по посетата на шефицата на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен, оценуваат европските експерти. Сепак, според дел од нив, уставните измени и за тоа би останале клучни, иако според досега објавените неофицијални детали од новата стратегија за проширување на Унијата, таа содржи елементи кои одат во корист на Македонија. Македонскиот предлог европски посредници да се вклучат во дијалогот со Бугарија може да се покаже како опасна авантура, предупредува Стојковски, додека пак според Кржаловски, таков формат може да биде пресликан и во Историската комисија. Новата стратегија за проширување се очекува да биде објавена следната недела, додека пак патоказите би биле усвоени до крајот на оваа година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНова средба на работната група за Изборниот законик, СДСМ не дојде на состанокот По недели застој нов обид да се одглави изборниот законик. Партиите денеска седнаа на консултативна средба кај министерот за правда Јетон Шасивари, но без претставник на СДСМ. Иако денешната средба не донесе договор Шасивари порача дека разликите не смеат да го блокираат унапредувањето на изборниот систем. И министерот и останатите претставници на партиите очекуваат на следната средба да се вклучи и најголемата опозициска партија, а Шасивари најави дека за ова ќе бара средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче. -Идејата за денешната средба е да се даде втора шанса на работната група за измени во изборното законодавство. Целта на оваа средба е да ги сослушаме сите аспекти гронолошки на овој процес кој се одвиваше четири месеци и е дел на рефрмската агенда. Отсуството на СДСМ како релевантна политичка партија во нашиот партиски и политички систем е хендикеп за овој процес,- изјави – Јетон Шасивари – Министер за правда . ВМРО ДПМНЕ е подготвена да прифати една изборна единица, што е на иста линија со коалицискиот партнер ЗНАМ, но оставаат простор за договор по останатите прашања. -По однос на предизборното финансирање ние сме спремни она што ќе го договорат ДУИ, СДСМ и Левица да го поддржиме како модел за користење на средствата за политичко рекламирање. Во однос на гласањето на дијаспората сметаме дека е уставна обврска на државата да овозможи гласање на секој државјанин без разлика на место. Треба да се олесни со посовремена методологија, без разлика дали ќе е електронско или по пошта,- изјави – Антонијо Милошоски – ВМРО ДПМНЕ. -Бевме минатиот пат на чекор со консензус да ја донесеме таа една изборна единица. Наш предлог беше со праг од 2 до 3 проценти но за жал еден од субјектите, но за жал еден од субјектите инсистираше на поголем број на изборни единици и кога немате консензус не го ставивме во промените на законското решение,- изјави – Весна Бендевска – ЗНАМ. За опозициската ДУИ на повидок е широк консензус за Изборниот законик. Левица пак останува на забелешките за финансирањето на изборната кампања. -Сме отворени за дијалог. Мислем дека бевме и сме многу блиску до еден широк консензус би рекол што е можност да се исполнат и препораките на ЕУ. За нас како ДУИ е прифатливо една изборна единица но за жал има различни предложи но за жал остана претходното решение,- изјави – Блерим Беџети – ДУИ. -Двете главни работи за кои се залагаме се една изборна единица и фер распределба на средствата за кампањи. Ние бевме против онлајн гласање затоа што не е тоа пракса во Европа, го има во неколку држави во неколку дури е укинувано. Глањето по пошта е пракса некаде но е прашање колку кај нас е тоа возможно ако знаме Македонски пошти како функционираат,- изјави – Борислав Крмов - Левица. Од СДСМ иако не присуствуваа на средбата преку соопштение реагираат дека тие нема да седнат на маса со, како што велат, криминалци и нивни измислени сателити нив, и нема да дозволат изборен грабеж. -Нема да поддржиме закон во кој ќе има друг начин на заокружување на гласачкото ливче поради историјата на злоупотреба на изборите во 2016 година и да нема електронско гласање на дијаспората. Нема да дозволиме отворање врата за изборна кражба, велат од СДСМ. Иако партиите останаа на разликите по некои од прашањата поврзани со Изборниот законик разговорите ќе продолжат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕУ ќе им понуди на земјите-кандидатки за членство пристап до единствениот пазарЕвропската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија.Европската Унија ќе го отвори економскиот пазар за земјите кандидатки, но под услов да ја следат политиката на Брисел против непријателските држави и индустриските соперници- ова е дел од нацрт предлогот на Европската Комисија чиишто нови детали ги објави Политико. Реномираниот портал пишува дека на овие држави ќе им се понуди постепена интеграција во единствениот пазар, вклучително и непречена трговија корисна за бизнисите. И во денешниот обемен текст Политико ги посочува земјите кои наскоро ќе добијат т.е. патоказ за забрзување на евроинтеграциите. На Украина, Молдавија, Албанија и Црна Гора ќе им бидат понудени „патокази“ дизајнирани да го забрзаат процесот на нивно пристапување во наредните години. За другите, како Македонија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Турција, процесот се одолговлекува, при што расте загриженоста дека тие би можеле да го загубат интересот или да гравитираат поблиску до Русија или Кина. Премиерот Мицкоски кој вчера и на претходните написи на Политико изрази скептичност дека Македонија ќе остане без патоказ, денеска само повтори дека се подготвени да дебатираат со шефицата на Европската Комисија во Скопје, а аргументите вели се веќе познати и непроменети. За критиките од лидерот на СДСМ Филипче дека Владата нема намера да ги продолжи евроинтеграциите, премиерот изјави: „ Не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Шефицата на Европската Комисија денеска ја започна турнејата во Албанија, утре ќе биде во Косово и Црна Гора, а в петок доаѓа во Скопје на средби со премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11