Џорџ Мајкл починал од срцев удар - Канал 5

Џорџ Мајкл починал од срцев удар

Џорџ Мајкл починал во својот дом во Оксфордшир околу 2 часот по полноќ, на Божиќ. Пронајден е мртов вчера попладне во неговата спална соба. Му откажало срцето.

Џорџ Мајкл починал од срцев удар
Ова е една од последните фотографии на Џорџ Мајкл.Снимен е во ресторан во Оксфордшир, во септември.

Музичарот кој ги одбележа 1980-те и направи огромен број хитови, замина на 53 годишна возраст.

Неговите фанови и колеги му оддаваат последна почит.

- Јас сум во шок! Загубив драг пријател, најдобрата, најдарежлива душа и брилијантен уметник - напиша Елтон Џон на Инстаграм.

- Мислам на семејството, пријателите и фановите на Џорџ Мајкл. Тој беше многу сакан и се надевам дека го знаеше тоа бидејќи тагата на овој ден е неподнослива - напиша Бој Џорџ.

Бројни фанови денеска оставаат цвеќе пред неговиот дом.

The singer's fans came to his home in north London this morning, with breaking down in tears as they laid tributes


The singer's fans came to his homes in north London and Oxfordshire this morning, breaking down in tears as they laid  flowers

Џорџ Мајкл ланираше да прави нов албум со продуцентот Ноти Бој. Албумот требаше да излезе следната година, кога се очекуваше и објавата на документарен филм за поп пејачот.















Celebrities and musicians have taken to Twitter to post about their sadness on the passing of George Michael yesterday
Џорџ Мајкл имаше брилијантна кариера но турбулентен приватен живот и проблеми со зависности. Во 2011 година одвај ја доби битката со тешка форма на пневмонија од која боледуваше.


George Michael has died aged 53, he rose to fame with Wham! before becoming an international pop star

Џорџ Мајкл е роден на 25 јуни 1963 година во Лондон. Неговото семејство се преселило од Грција во Лондон во 1950 година. Кога станал тинејџер, семејството се преселило во Хертфордшир и таму Џорџ го запознава Ендрју со кој подоцна ја основаат групата „Wham“. Бендот, формиран 1981 година, постигнува огромен успех. Со хитот 'Wake Me Up Before You Go-GO' - се искачуваат на прво место на американските топ листи.

Michael's Wham! bandmate Andrew Ridgeley led tributes online, saying he was heartbroken at his friend's death


Во 1986 бендот се распаѓа а Џорџ Мајкл почнува соло кариера. Неговиот албум „Faith“ во 1988 е исклучително успешен.

Во еден од своите бројни моменти на искреност, Џорџ Мајкл изјави дека ги поминал минатите 20 години во обид да ја саботира својата извонредна кариера со серија понижувачки скандали поврзани со секс и дрога.

- Но мојата кариера се исправува самата како пластична патка во када, и тоа го презирам на некој начин - рече во едно интервју Џорџ Мајкл.

Последните години за него беа хаотични. Оние кои го следеа неговиот живот и кариера, велат дека имал две тежини - голема тага и порив за себе - повредување. По смртта на неговиот партнер Анселмо Фелепа во 1993 година од боест поврзана со сида, и смртта на неговата мајка 4 години подоцна, тој бил во тешка депресија. Зависноста од дрога вклучувала и зваисност од таблети за спиење. Многумина велат дека прекинот на врската со Кени Гос со кој поминал 12 години, никогаш не можел да го преболи. Неодамна беше објавено дека во последните месеци тие ги обновиле контактите и „силното пријателство“.


/извор: Дејли меил





Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север

Општина Бутел продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.

О. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје Север

Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“.

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север.

Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници од Бордот на директори на  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) коишто се во посета на земјава.

Божиновска на средба со претставници од ЕБОР: Заложбите за стабилен енергетски систем препознаени како услов за просперитет на државата

Во рамките на делегацијата од ЕБОР, составена од директори надлежни за различни региони, беа присутни Рене ван Хел, директор за Холандија, Кина, Македонија, Ерменија и Монголија, потоа Фатих Туркменоглу, претставник на ЕБОР за земјава, како и директорите за другите земји од регионов и светот.

На средбата министерката Божиновска ги претстави активностите на Министерството за зајакнување на домашниот енергетски систем, енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата. Во таа насока, беа презентирани конкретните законски решенија на кои во моментов работи Министерството, а кои се насочени кон остварување на стратешките цели на државата во енергетскиот сектор.

Претставниците на Европската банка за обнова и развој ги поздравија заложбите на Министерството за создавање на стабилен и предвидлив енергетски систем, оценувајќи ги како многу понапредни во однос на одредени земји од регионот, на коишто им е потребен подолг период за реализација на конкретни чекори во енергетиката.

Во фокусот на разговорите на денешната средба беше искористувањето на потенцијалот на обновливите извори на енергија во земјава, како и можностите за складирање на енергијата од обновливите извори.

Министерката Божиновска истакна дека постои огромен интерес кај граѓаните и компаниите за користење на енергијата од обновливите извори и дека Министерството ќе работи на овој план во иднина.

Посебен дел од разговорите се посвети и регионалното поврзување на земјава со соседите, за што министерката информираше за напредокот во однос на енергетското поврзување со Грција и Србија, потенцирајќи дека се работи и на нови мрежни поврзувања со земјите од регионот.

На средбата беше нагласено значењето и на сајбер безбедноста, како предуслов за безбеден енергетски систем, за што беше истакната можноста за взаемна соработка на ова поле.

Министерката Божиновска, на состанокот, ја потврди силна посветеност кон партнерството со ЕБОР, како еден од клучните партнери на нашата држава во напорите за создавање стабилна енергетска иднина за државата.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на партнерски пристап и целосна имплементација на реформските чекори за зголемување на енергетската сигурност што ќе придонесат за побрз развој на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тенисот се реформира: 350 милиони за играчите, промени во рангирањето!

АТП планира сериозни промени од 2028 година белиот спорт, кои треба да им донесат значително поголеми заработки на тенисерите, поинаков систем на рангирање и појасна структура на календарот.

Тенисот се реформира: 350 милиони за играчите, промени во рангирањето!

Според планот што го претстави претседателот на АТП, Андреа Гауденци, вкупниот износ на средства наменет за играчите би требало да достигне околу 350 милиони долари годишно, без да се вклучи наградниот фонд од гренд слем турнирите.

Директните исплати од АТП кон играчите би требало да надминат 100 милиони долари, додека фондот за бонуси би се зголемил од сегашните 21,5 на 50 милиони долари.

Покрај тоа, дополнителни 25 милиони долари би биле наменети за играчите кои ќе ја завршат сезоната меѓу најдобрите 250 во светот, додека уште 30 милиони долари би се издвоиле за пензиски програми за околу 300 тенисери на годишно ниво.

„Тенисот денес е во многу силна позиција. Нашите турнири растат, навивачите го следат спортот на сè повеќе начини, а заработката на играчите е на рекордно ниво. За да остане силен, спортот мора да продолжи да се развива“, изјави Гауденци.

Една од најважните промени ќе се однесува и на АТП-рангирањето. Резултатите на најголемите турнири би требало да имаат поголема тежина отколку што имаат сега, при што АТП се стреми да ја намали потребата тенисерите да бркаат дополнителни поени на помали натпреварувања по лошите резултати на големите турнири.

Планот предвидува и воведување појасно дефинирани недели резервирани за одредени категории турнири, со цел тенисерите полесно да ја планираат сезоната и да најдат повеќе простор за одмор.

Во новата структура ќе биде вклучен и турнирот од серијата „Мастерс 1000“ во Саудиска Арабија.

Овие промени доаѓаат во време кога сè повеќе тенисери јавно се жалат на физичкиот напор што го носи сезоната долга речиси 11 месеци, како и на системот што ги поттикнува да играат на голем број турнири за да освојат поени и финансиски бонуси.

АТП, исто така, ќе ја разгледа долгорочната иднина на натпреварите во двојки, вклучително и можните промени во големината на ждрепките. Доколку тоа доведе до намалување на наградниот фонд за двојки, планот е тие средства да се пренасочат кон квалификациите и раните рунди во поединечна конкуренција. Гауденци смета дека целиот пакет ќе им овозможи на тенисерите подобро да го планираат својот календар, да заработуваат повеќе и да добијат поголема финансиска сигурност.

„Следната фаза претставува можност сезоната да стане позначајна, како за играчите, така и за навивачите, а истовремено да се поттикне развојот на спортот преку создавање повеќе можности во рамките на целата АТП-турнеја“, изјави првиот човек на АТП. Предлозите допрва треба да поминат низ дополнителни консултации и одобрувања, а АТП планира конечниот пакет да го претстави на завршните состаноци за сезоната, кои ќе се одржат во Торино.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер