Шоу бизЏоди Фостер: Сексуалните напасници ја користат својата моќ за да манипулираат со послабите Американката глумица Џоди Фостер во ново интервју за „НПР“ раскажа како била „спасена“ од сексуална злоупотреба во Холивуд - тоа е затоа што стекнала моќ во филмската индустрија на прилично млада возраст. Дел од таа моќ, вели, произлегла од номинацијата за „Оскар“ на 12 години за нејзината улога во филмот „Таксист“ на Мартин Скорсезе, којшто „ја поставил на побезбедна основа“ во споредба со други глумци-тинејџери. - Навистина морав да го испитам тоа - како се спасив? Секако, имаше микроагресии, се присети подоцнежната двократна добитничка на „Оскар“. - Секој кој бил на некакво работно место, имал искуство со мизогинистички микроагресии. Тоа е само дел од тоа да се биде жена, нели? Но, што ги спречи оние полоши, ужасни искуства? Она во што почнав да верувам е дека имав одредена моќ додека имав, да речеме - 12 години. Значи, кога веќе ја имав мојата прва номинација за „Оскар“, бев дел од таа различна категорија луѓе кои имаа моќ и бев „премногу опасна“ за да ме допрат. Можев да уништам кариери на некои луѓе ако се јавам на „вујко ми“, па не бев достапна, појасни Фостер. Таа вели дека, сепак, сѐ тоа можеби е и до нејзината личност. - Тоа што сум човек кој пристапува кон светот со својата глава. Многу е тешко емоционално да ме манипулирате, бидејќи не функционирам со моите емоции на површината. Напасниците користат сè што можат за да манипулираат и да ги натераат другите луѓе да го прават она што првиве сакаат да го прават. И, тоа е многу полесно кога лицето е помладо, послабо, кога нема моќ. Токму тоа е однесувањето на напасникот - користење на моќта за да се понижат луѓето, за да се доминира врз нив, изјави „оскаровката“. Фостер подоцна ќе стане пример за другите колешки и колеги кои се бореле со сексуализацијата и вознемирување во индустријата. Натали Портман во друга прилика откри дека повозрасната колешка ѝ се јавила откако ја слушнала како зборува за проблемите со сексуализацијата. - Одржав говор на Женскиот марш за тоа како бев сексуализирана како млада актерка, и таа ме контактираше после тоа. И разговаравме, и беше неверојатно. Таа е сè уште пример за сите, нагласи Портман. Слично како Фостер, и Портман имаше 11 години кога ја добила својата улога на пробив во „Леон: Професионалецот“, по што опасностите од сексуални напасници биле на секој чекор. Портман вели дека нејзината мајка била со неа „цело време грижејќи се никој да не ѝ се приближи“ на детето-глумица, и додаде дека со таквите појави нема шега - секоја закана од сексуално вознемирување ја сфаќала сериозно.Тагови: џоди фостер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБазенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон испразнетАмериканскиот претседател Доналд Трамп објави дека базенот пред Меморијалниот центар на Линколн во Вашингтон е испразнет поради поправки и дека „наскоро повторно ќе се наполни и ќе се пушти во употреба“. Тој го повтори своето тврдење дека вандали ја оштетиле облогата на базенот, правејќи големи засеци. Си-Ен-Ен потврди дека голем дел од базенот е испразнет, откривајќи исушен талог, алги и отпадоци на дното. Откако Трамп во април повика на реновирање на базенот, проектот – вреден над 14 милиони долари – се соочи со бројни проблеми, почнувајќи од појава на алги и зелена вода, па сè до лупење на дното на базенот и наводи за вандализам. „Исечениците беа долги 300 јарди“ „Денес го испразнивме прекрасниот Рефлектирачки базен за да ја поправиме штетата предизвикана од вандали пред две недели. Исечениците беа долги 300 јарди, а дното на базенот беше исечено и потоа насилно подигнато од тие хулигани“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“. Неговото најново тврдење дека оштетувањето на облогата се протегало на „300 јарди“ (приближно 274 метри) е значително поголемо од претходните проценки што ги изнел, а кои и онака се зголемувале со текот на времето. Првично, тој зборуваше за исеченица долга 250 стапки (околу 76 метри), но подоцна тврдеше дека „всушност имало повеќе исеченици долж делница од 350 стапки“ (околу 107 метри). „Службата за паркови мораше да го испразни водоотпорниот базен за да го поправи. Наскоро ќе биде повторно наполнет и повторно пуштен во употреба. Тој ѓубре што ја мрази нашата земја треба да плати висока цена за штетата што ја предизвика“, рече Трамп. Подоцна истата вечер, Трамп повторно проговори, критикувајќи ги медиумските извештаи за базенот и тврдејќи дека облогата била „исечена со нож или скалпел“ и дека дури и проблемите со алгите биле „предизвикани од вандали“. Во последните недели, најмалку три лица беа обвинети за уништување на имот откако наводно отстраниле дамки од сина боја од базенот. Сите се изјаснија за невини. Поранешниот олимписки кануист Дејвид Херн, кој исто така беше обвинет за истото кривично дело, се изјасни за невин минатата недела.Тагови: Вашингтон Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВремето денеска: Сончево со мала до умерена облачност и ветерВремето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) се вели дека во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови од земјата, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 11 до 21 Целзиусов степен, а дневната од 26 до 36 степени. И во Скопје денеска ќе има сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 степени наутро до 35 во текот на денот. За утре метеоролозите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утре во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 14. јули 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 14. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото. Кариера Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел. Здравје и совет Ова е ден за вашата сестраност. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба. Кариера Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други. Здравје и совет Време е да пораснете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво. Кариера Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи. Здравје и совет Продолжете понатаму. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра. Кариера Денеска подфобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја. Кариера Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот. Здравје и совет Бидете отворени за секоја ситуација. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија. Кариера Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време. Здравје и совет Не се залетувајте по нереални ситуации. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно. Здравје и совет Внимателно со медикаментите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност. Кариера Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники. Здравје и совет Намалете ги слатките во исхраната. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами. Кариера Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа. Здравје и совет Преодна кашлица. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе. Кариера Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот. Здравје и совет Уживајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка. Кариера Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се. Здравје и совет Потребен ви е нов режим на здрави навики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55