Џиновиќ: Обично изневерениот маж последен дознава!! - Канал 5

Џиновиќ: Обично изневерениот маж последен дознава!!

Балканската музичка ѕвезда, Харис Џиновиќ за прв пат проговори за разводот со сопругата Мелина, кога изјави дека бил изневерен, а последен дознал за тоа.

Џиновиќ: Обично изневерениот маж последен дознава!!

- Ја знае причината... Ме остави, јас не ја оставив. Не знам ништо, обично мажот кој е изневерен последен дознава. Луѓето велат дека разводот после смртта е најтешката работа. Малку би го негирал тоа. Како? Па добро, ако не ти се допаѓа да бидеш со мене, ни јас не сакам да бидам со тебе - рекол Харис Џиновиќ за хрватскиот „Ин Магазин“.

Според гласините во Белград и како што може да се слушне од неколку блиски луѓе на сопругата на мегапопуларниот пејач, Мелина веќе година и пол ужива во романса со друг маж, но јавноста ништо за тоа не знаела, пишува Телеграф.рс.

Модната дизајнерка се иселила од семејната вила во Сењак и изнајмила стан во луксузниот дел на Нов Белград.

- Мелина е со тој човек година и пол. Низ градот се знае кој е тој, но никој не сака многу да ја шири приказната поради некои причини... Нивната ќерка Џина е доста запознаена со настаните и деталите од животот на својата мајка, колку што знам знае за врската на нејзината мајка,– објаснил изворот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна на историски минимум, прекинат речниот сообраќај

Нивото на водата во реката Рајна во Германија се спушти на ново најниско ниво – соопшти денес тамошната Агенција за внатрешна пловидба (WSV) – поради што сопствениците на товарни бродови се принудени да ја прекинат пловидбата.

Рајна на историски минимум, прекинат речниот сообраќај

Нивото на водата во реката Рајна во Германија се спушти на ново најниско ниво – соопшти денес тамошната Агенција за внатрешна пловидба (WSV) – поради што сопствениците на товарни бродови се принудени да ја прекинат пловидбата на јужните делници од реката.

WSV објави дека пловната длабочина кај Кауб, во близина на Кобленц, изнесува 15 сантиметри, што е под претходното најниско забележано ниво од 25 сантиметри во 2018 година, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, реката е за околу еден метар подлабока од пловната длабочина, комерцијалната пловидба низ Кауб е практично запрена, а веќе не е можно да се резервираат пратки со товар на Рајна во близина на Кауб.

Ниското ниво на водата по овогодишниот топлотен бран и оскудните врнежи значи дека товарните бродови можат да пловат низ реката со само 20 проценти од својот товар, што ги зголемува трошоците за сопствениците на товарот.

Пловниот сообраќај на северниот тек на реката продолжува, но големи количества товар се пренасочуваат кон патниот транспорт, а некои германски власти ги ублажија забраните за движење на камиони за време на викендот.

Аналитичарите оценија дека рекордно ниското ниво на водата во Рајна може да го ограничи економскиот раст на Германија, токму во моментот кога таа покажуваше првични знаци на закрепнување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Ќе направите грешка ако го избркате Инфантино“

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Џани Инфантино треба да остане на чело на ФИФА.

Трамп: „Ќе направите грешка ако го избркате Инфантино“

Во последните недели, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е на удар на критики од фудбалските навивачи ширум светот – има такви што му замеруваат за низата контроверзни одлуки што ги донесе, има такви што тврдат дека им прави отстапки на Американците поради пријателството со Доналд Трамп, а има и такви што повеќе не сакаат да го гледаат.

Можеби заминувањето на првиот човек на ФИФА е поблиску отколку што очекувавме. Најпрво реагираше УЕФА, која има моќ да води „војна“ против Инфантино, а потоа слични вести пристигнаа и од други делови на светот.

Сепак, има и такви што го поддржуваат Инфантино – тоа е неговиот пријател Доналд Трамп, кој одлучи јавно да застане во одбрана на својот соработник во пресрет на организацијата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

„ФИФА би направила огромна грешка ако, од која било причина, воопшто размисли за смена на претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен, предмалку го предводеше најуспешното Светско првенство – и тоа убедливо – што некогаш се одржало. Без него, тоа никогаш повеќе нема да биде толку успешно или профитабилно! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседателот DJT“, напиша актуелниот американски претседател и голем пријател на Џани Инфантино, контроверзниот Доналд Трамп.

Доналд Трамп смета дека заминувањето на Џани Инфантино од челната позиција во ФИФА би било лош потег за таа организација, бидејќи таа повеќе не би била истата.

Ова е интересно, со оглед на тоа што сè уште не се знае кои би можеле да бидат кандидатите што би го наследиле човекот кој веќе најави дека ќе се бори за четврт мандат на чело на најважната организација во светот на фудбалот.

„Ако тој си замине, ФИФА нема да биде истата“, заклучи Доналд Трамп со својата карактеристична самоувереност, дури и кога зборува за теми што воопшто не му се блиски. Оние што внимателно ги следат јавните настапи на актуелниот американски претседател веќе го знаат образецот според кој тој зборува – секогаш цврсто верувајќи дека е единствениот човек во светот што го има вистинското мислење. Швајцарскиот адвокат Џани Инфантино е на чело на ФИФА од 2016 година, кога го наследи Сеп Блатер како најмоќен човек во светскиот фудбал. Пред тоа, Инфантино со години работеше во УЕФА, на различни позиции. Меѓу другото, тој учествуваше во креирањето на Европското првенство со 24 екипи и турнирот што се играше низ цела Европа во 2021 година, како и во проширувањето на Светското првенство на 48 екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија

Турскиот парламент одобри закон што би можел да го унапреди мировниот процес со ПКК

Големо мнозинство пратеници во турскиот парламент го поддржаа законот што би можел да доведе до ослободување на голем број членови на забранетата Курдистанска работничка партија, како дел од напорите за унапредување на мировниот процес меѓу милитантната група и турската држава.

Предлогот, кој би им дал условни помилувања на членовите на ПКК, беше одобрен од 468 пратеници „за“ и 88 „против“, објави државната новинска агенција Анадолија..

ПКК го објави своето распуштање лани во мај, по повикот на нејзиниот затворен лидер Абдула Оџалан, со што заврши деценискиот бунт против турската држава..

Турција, Европската унија и Соединетите американски држави ја сметаат ПКК за терористичка организација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер