Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
1Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
3Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
Шоу бизЏесика Симсон ослабела 45 килограмиАмериканската пејачка Џесика Симсон последните шест месеци водела тешка и напорна битка со вишокот на килограми во по породувањето. Резултатот на нејзината борба е фрапантен, ослабела дури 45 килограми. Со новата фигура Џесика се пофали на Инстаграм дури откако го комплетираше целиот успех, кога загуби точно 100 фунти, или 45 килограми. Пред половина година по раѓањето на ќерката Џесика имала дури 109 килограми. Многу труд, тренинг и волја биле потребни Џесика повторно да ја врати совршената става. Но, популарната пејачка сега може да каже дека се и се исплатело, посебно откако вагата и покажала 64 килограми. -За шест месеци 45 килограми помалку. Ова патување за мене беше многу емотивно од повеќе причини. Но, горда сум што сега повторно се чувствувам како вистинската јас, напишала 39 годишната Џесика под фотографијата на која ја покажува својата ново стара става. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисЕлена Рибакина е официјално новата најдобра тенисерка во светотКазахстанската тенисерка Елена Рибакина денес, 14 септември, официјално го презеде првото место на ВТА-листата со 9.901 бод. Пред два дена, Рибакина победи на УС Опен во Њујорк, откако во финалето ја совлада Арина Сабаленка со 6–4, 5–7, 6–2. Како резултат на тоа, Сабаленка падна на второто место со 7.875 бода, додека Американката Џесика Пегула се наоѓа на третото место со 7.265 бода. Во првите десет се и Коко Гоф, Мира Андреева, Линда Носкова, Елина Свитолина, Каролина Мухова, Ига Швјонтек и Марта Костјук. Свитолина напредуваше за две места и сега е седма тенисерка во светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Хајди Клум му подари црвено „Ферари“ на својот син за роденденСлавниот топ модел, легендарната манекенка Хајди Клум го одбележа роденденот на својот најстар син со посебен подарок. Таа го изненади својот син Хенри со црвено „Ферари“ за неговиот 21-ви роденден. Во видеото споделено на Инстаграм, Клум го прикажа моментот на врачување на подарокот; се гледа како Хенри излегува надвор со својот очув, Том Каулиц, додека Клум ја снима реакцијата на синот кога го здогледува новиот автомобил. Во следната објава, Клум сподели постаро видео од Хенри од неговите тинејџерски денови, во кое тој објаснуваше една облога што ја направиле тој и Каулиц. Каулиц објасни дека го купил „Ферарито“ на саем за автомобили и цело време го чувал скриено во гаражата. Клум истакна дека нејзиниот сопруг го исполнил ветувањето што му го дал на Хенри. Откако Клум и Каулиц по вторпат стапија во брак во 2019 година, извор близок до парот изјави дека нивната врска од самиот почеток била едноставна бидејќи Каулиц ги прифатил луѓето во нејзиниот живот, додека таа јасно ставила до знаење дека улогата на мајка ѝ е на прво место.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизГвинет Палтроу се соблече во топлес среде снимање, а потоа продолжи како ништо да не се случилоХоливудската ѕвезда Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи.Гвинет Палтроу повторно најде начин да ги изненади своите следбеници, а овој пат тоа го стори среде едно навидум обично видео посветено на есенската мода. Гвинет Палтроу повторно се соблече за објава на социјалните мрежи. 53-годишната актерка им порача на своите следбеници на TikTok дека е „време за џемпери“ и сподели видео во кое прикажа различни плетени парчиња облека, вклучувајќи ги и оние од нејзината луксузна модна линија GWYN. @gwynethpaltrow Hope that clears things up ♬ original sound - Gwyneth Paltrow За да го сними видеото, Гвинет го поставила својот мобилен телефон во дизајнерска фрижидер-торба во нејзиниот дом во Монтесито, Калифорнија, а потоа ненадејно се појавила без горниот дел од облеката. Интимните делови биле покриени со стратешки поставена црна лента. Додека грицкала јаболко, актерката ја покажала својата витка фигура, облечена само во бели фармерки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00