Џенифер Лопез со еден фотка ги отфрли гласините за развод

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез со еден потег ги отфрли гласините за развод со сопругот, актерот Бен Афлек.

Во последните неколку денови светските медиуми шепкулираа со гласините за развод на но, сега мегапопуларната Џеј Ло со емотивна објава на Инстаграм ги отфрли сите гласини за развод.

Имено, Џенифер му посвети специјална честитка на својот сопруг Бен Афлек за Денот на татковците.

- Нашиот херој - напиша таа покрај фотографијата што ја објави.

Афлек има три деца со поранешната сопруга колешката Џенифер Гарнер, Вајолет (18), Серафина (15) и Семјуел (12).

Видео: Во Италија со црвена боја против фемицидот

Активисти за женски права денеска во знак на протест против фемицидот истурија црвена боја на Шпанските скали во Рим, симболично претставувајќи ја крвта на жртвите од насилство.

Членови на движењето „Запали се“ (Bruciamo tutto) истурија канти со црвена боја по една од главните туристички атракции во Рим и оставија отпечатоци од рацете.

Ова е симболично прикажување на крвта на сите луѓе кои беа убиени. Тоа повеќе нема да го прифатиме. Мора веднаш да престане, изјави еден од активистите пред да биде приведен од полицијата.

Активистите тврдат дека бојата која нема да предизвика трајно оштетување на Шпанските скали.

Националната канцеларија за статистика објави дека во 2023 година во Италија биле убиени 120 жени. Повеќе од половина од сторителите на кривични дела се партнери или поранешни партнери на жртвите, а во околу 20 проценти од случаите сторителите се роднини. /МИА

Муцунски во Брисел на средби со европарламентарците Мекалистер, Ќучук и Стрик

Муцунски ја нагласи одличната соработка и односи со Европскиот парламент.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамките на својата прва посета на Брисел, оствари повеќе одвоени средби со неколку европарламентарци, членови на различни политички групации на Европскиот Парламент, Дејвид Мекалистер (EPP), Илхан Ќучук (Renew) и Тинеке Стрик (Greens).

Муцунски ја нагласи одличната соработка и односи со Европскиот парламент, а посебно со акцент на придобивките од воспоставениот процес на парламентарна соработка - „Жан Моне“. Упати благодарност за нивната работа и поддршката која што ја даваат на земјата во поглед на пристапниот процес и изрази очекување дека интензитетот на истата ќе продолжи во наредниот период.

“Значајно е да се задржи и да се зајакне позитивниот наратив во ЕП за да се одржи моментумот на проширувањето на ЕУ и да се даде силна поддршка на земјава за пристапување во Унијата. Сега, заради променетите геостратешки околности, земјите-членки на ЕУ треба вложат повеќе во соодветно забрзување на пристапниот процес за земјите од Западен Балкан, врз основа на заслуги и постигнувања на секоја земја“, нагласи Муцунски.

Истакнувајќи ги спецификите на пристапното досие на земјава, посебно од аспект на долготрајноста и фазите на процесот изминатите 20 години, Муцунски нагласи дека е потребно да се задржи кредибилитетот на процесот, што ќе придонесе за постепена интеграција пред членството, за што добра алатка е Планот за раст и неговото спроведување од сите инволвирани страни.

“Преговорите за пристапување во ЕУ се најдобар начин како да се обезбеди неповратност на општествената реформа и демократски развој во земјата, и за нас треба да се изнајде пат што ќе овозможи продолжување на преговорите со ЕУ, без одлагање кое е наметнато врз основа на билатерално барање”, порача Муцунски.

За скандалот на Клиниката за онкологија во Тирана притворени седум лица

Албанските власти денеска обвинија лекари, медицински сестри и административен работник од Клиниката за онкологија во Тирана поради наводите дека лажеле за достапноста на фармацевтски материјали, со што ги загрозувале пациентите.

Инспекторите, исто така, извршија рација во аптеките и во компаниите за медицински набавки во главниот град.

Обвинителите по истрагата тврдат дека продавале фалсификувани лекови за рак по екстремно високи цени.

- Седуммината осомничени кои беа притворени се лекари, медицински сестри и административен работник. Тие не им ја понудиле потребната грижа на пациентите во јавна клиника и ги упатувале во приватни болници каде што исто така работеа, за што примале поткуп со високи износи на пари, изјави портпаролка на Обвинителството во Тирана, Розета Тасе.

Таа додаде дека лицата се осомничени дека лажеле за недостиг на лекови и дека на пациентите со рак им обезбедиле само делумно лекување.

- Нивните пациенти потоа биле упатувани во аптеки, каде што остатокот од потребниот лек се продавал по високи цени.

Отстранета била и опремата за зрачење на болницата, поради што пациентите се принудени да бараат дополнителна нега во приватните клиники, потврдила истрагата.

Истата била отворена откако пациентите ги контактирале властите, кои ги прислушувале телефоните на осомничените.

Во врска со скандалот се огласи и министерката за здравство, Албана Кочиу, која рече дека „сите што ќе бидат прогласени за виновни да бидат најстрого казнети“ поради, како што додаде, „невидени, одвратни дела кои се во спротивност со сите вредности“.

Министерот за правда Улси Мања шемата за злоупотреба ја нарече одвратна, порачувајќи дека „оние кои ги валкаат белите кошули“ ќе ја добијат заслужената казна.

Граѓанските здруженија повикаа на протест пред Министерството за здравство каде што планираат да побараат оставка на министерката. /МИА

притисни ентер