Џенифер Лопез и Бен Афлек разменувале бакнежи во хотел, таа блеска од среќа?! - Канал 5

Џенифер Лопез и Бен Афлек разменувале бакнежи во хотел, таа блеска од среќа?!

Што се случи со разводот? Заплет како во шпанска сапуница

Џенифер Лопез и Бен Афлек разменувале бакнежи во хотел, таа блеска од среќа?!

Папараците ја уловиja насмеана додека оди во посета на нејзина пријателка.

Познатата актерка и пејачка Џенифер Лопез (55) и нејзиниот наскоро поранешен сопруг Бен Афлек пред неколку дена се видени заедно во хотел во Беверли Хилс. Тие дошле на ручек со нивните деца - нејзините близнаци што таа ги има со поранешниот сопруг Марк Ентони, а Бен бил во придружба на неговите две помали деца од бракот со Џенифер Гарнер.

Средбата на поранешните сопружници, судејќи според фотографиите пред хотелот, поминала доста нервозно. Лопез е забележана во автомобилот на Афлек како брише солзи додека тој избезумено мавта со рацете објаснувајќи ѝ нешто.

Што се случувало внатре?

Парараците кои ги следат во чекор немале пристап во внатрешноста на ресторанот на хотелот каде, судејќи според пишувањето на Дејли Меил, но и на ТЗМ, ситуацијата драстично се променила. Повикувајќи се на гостите во ресторанот, медиумите пренесуваат дека поранешните сопружници биле доста блиски, биле нежни еден со друг, се држеле за рака, па дури и се бакнувале?!

Децата, кои биле со нив, седеле на друга маса додека Џенифер и Бен разговарале и разменувале нежности. Ова е сосема спротивно од она што се случуваше во последните месеци откако актерот се исели од заедничката вила на крајот од месец мај.

Џенифер официјално поднесе барање за развод во август, на денот на нивната двегодишна венчавка, и се чинеше дека веќе е готово, но ...

Љубовта на Лопез и Афлек може да се каже дека со сигурност се претвора во вистинска латино сапуница со заплети и пресврти достојни за имагинацијата на најпознатите сценаристи од овој жанр. Дека нешто се случило на ручекот со Бен некако потврдува и самата Џенифер, која веќе следниот ден е видена како оди во посета кај блиска пријателка.

Џеј Ло блескала во долгиот бел фустан, а насмевката не ја симнувала од нејзиното лице. Вака расположена не беше видена со месеци, поточно од моментот кога започнаа проблемите во бракот.

Дали парот можеби решил да ѝ даде уште една шанса на својата љубов и покрај тековниот развод или пак нешто друго е во прашање, само тие знаат.

Последниот пресврт се случи кога медиумите пишуваа за дружбата на Лопез и најдобриот пријател на Бен, Мет Дејмон, на филмскиот фестивал во Торонто, каде што беа фатени како се држат за раце, за само ден подоцна Афлек да биде фотографиран како ја бакнува сопругата на Мет, Лусијана, по косата.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Американски шпионски авион денес кружел два часа над Естонија и Латвија, десет километри од нивната граница со Русија, по што се вратил во својата база во Романија, според податоците од летот од авионот.

Паника во Русија: Шпионски авион кружел со часови во близина на границата

Според податоците пренесе РИА Новости, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Михаил Когалничеану“ во Констанца, Романија, околу 9:42 часот наутро и прелетал над Унгарија, Словачка, Полска и три балтички земји, каде што неколку пати кружел во близина на нивните граници со Русија.

Авионот, за кој РИА Новости вели дека редовно се користи за летови околу регионот Калининград и над Црното Море, долж Крим и други јужни региони на Русија, се вратил во својата база во Романија денес околу 16:33 часот.

Руските власти изјавија дека во последните години се забележани досега невидени активности на НАТО долж западните граници на земјата и дека НАТО ги проширува своите иницијативи, нарекувајќи го тоа „одвраќање од руската агресија“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

По години посветени на стајлингот и модниот израз, Милена Танасковска – Пупи го претстави својот прв моден проект – колекцијата „MUSE”. 

„MUSE“ – ново поглавје во креативниот свет на Милена Танасковска – Пупи

Настанот се одржа на 16 октомври, во просторот на URMA Concept store, каде посетителите имаа можност одблиску да го запознаат новото креативно поглавје на Пупи.

„MUSE“ е природно продолжение на нејзиниот досегашен професионален пат, но и чекор кон поавторски моден израз. По долгогодишното искуство во создавањето и обликувањето стилски приказни, Пупи за првпат го преточува својот сензибилитет во сопствена колекција, во која модата станува начин за изразување став, индивидуалност и лична естетика.

Зад брендот PUPI стои идејата за мода создадена со личен пристап, надвор од концептот на масовно производство. Секое парче се изработува по нарачка, од висококвалитетни природни материјали, со можност за индивидуален избор на ткаенина и боја, како и прилагодување според мерките на клиентот. На овој начин, секоја креација добива лична димензија, а процесот на создавање станува исто толку важен колку и финалниот изглед.

Визуелната приказна на колекцијата е инспирирана од Париз – неговата безвременска елеганција, урбаниот ритам и ненаметливиот шик.

Соработката со URMA Concept Store ја поставува колекцијата во простор што ја обединува модата со концептуалниот пристап кон стилот и современото купувачко искуство. За презентацијата беше подготвен и ограничен избор парчиња, достапни ексклузивно на 16 октомври, со што настанот доби карактер на внимателно курирано модно доживување.

Со „MUSE“, Милена Танасковска – Пупи отвора ново поглавје во својата креативна приказна, претворајќи го долгогодишниот интерес за модата во сопствен бренд со јасна естетика и индивидуален пристап. PUPI е посветен на жената која ја цени автентичноста и не се стреми да биде обична, туку да го пронајде сопствениот израз преку парчиња создадени токму за неа.

Настанот беше поддржан од Play All Day Cafe.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петти ден насилни протести во Тирана

Вечерва тензично и во Тирана, каде што петти ден по ред студентите и граѓаните протестираат на улиците на Тирана. 

Петти ден насилни протести во Тирана

Според албанските медиуми, до жестоки судири дошло пред министерството за образование и владата, каде што полицијата употребила солзавец, водени топови, а според некои информации, и гумени куршуми.

Полицијата привела 167 лица, а тензиите од главниот град се прелеаја и во неколку други градови. Протестите се поттикнати од незадоволството поради наводната корупција во владата, недостигот од работни места и ниските стандарди во образованието. Демонстрантите воедно бараат оставка од премиерот Еди Рама.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер