Џенифер Анистон ја раскажа единствената средба со Анџелина Џоли

Двете поранешни сопруги на Бред Пит се сретнале само еднаш во животот , тврди Џенифер Анистон во интервју за Венити Феар.

Џенифер раскажа дека ја сретнала Анџелина на паркинг пред снимањето на филмот ,,Господин и госпоѓа Смит” , по кој Бред ја остави Џенифер поради врската со Анџелина.,,И пријдов и и се претставив. И реков дека Бред е многу возбуден што ќе работи со неа и дека се надевам дека убаво ќе си поминат.” , раскажа Анистон. Оваа средба се случила кусо време пред да ја остави Бред. Во тој период имеле брачни проблеми зашто Бред не сакал таа да ја снима последната сезона од серијата ,,Пријатели” , иако Џенифер заработувала по милион долари од епизода.

Дека нешто не е во ред во врската , почна да се зборува кога Бред не се појавил на забавата за завршување на серијата ,,Пријатели”. Џенифер го оправдала дека е многу зафатен со снимањето на филмот. Бред и Анџелина се вљубија токму при снимањето на тој филм , ,,Господин и госпоѓа Смит” , а се венчаа во 2014. По само две години таа побара развод од Бред , кој се финализираше годинава.

Откако Бред се појави во февруари на роденденот на Џенифер, многумина се понадеваа дека ќе ја обноват врската , но таа ги демантираше таквите шпекулации.

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер