Шоу бизЏеки Чен го носеше олимпискиот факел по Кинескиот ѕидМегапопуларниот актер Џеки Чен ја имаше честа да биде меѓу носителите на олимпискиот оган.Филмскиот херој Џеки Чен и олимписките победници во пинг-понг, Ма Лонг и Ву Џинџу, меѓу другите, утрово го носеа олимпискиот факел на вториот ден од неговото патување кон Пекинг градот домаќин на престојната Зимска олимпијада. Патеката по која минува факелот, со кој ќе стартуваат Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, поради пандемијата е многу помала отколку патеката во 2008 година за Летните олимписки игри во кинеската престолнина. Џеки Чен го носеше олимпискиот факел покрај делот од Кинескиот ѕид наречен Бадалинг, каде температурата утрово била минус 11 степени. 67 годишниот актер во кинеските медиуми беше претставен по неговото вистинско кинеско име Чен Ганшенг. - Се разбудив околу 4 часот, многу среќен. Ова ми е четврта Олимпијада. Многу е студено – изјави Џеки Чен откако го носеше факелот покрај познатиот ѕид. Бадалинг е делот од Кинескиот ѕид кој најчесто го посетуваат туристи и се протега на 70 километри северозападно од центарот на Пекинг во областа Јанкинг.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава20 гастрономски приказни на aero street food festival 2026: скопје ќе вкуси нешто поинакво!Од такоси, суши и сочни бургери до свежа паста, фокача, сутлијаш и сладолед – паркот „Авионче“ во Општина Аеродром, од 4 до 8 септември, ќе биде највкусната точка во градот.Од 4 до 8 септември, паркот „Авионче“ ќе се претвори во голема кујна под отворено небо, исполнета со мирисот на свежо подготвена храна, жешки скари и специјалитети од различни светски кујни. На второто издание на AERO Street Food Festival ќе учествуваат 20 гастрономски брендови, со понуда што се движи од традиционални специјалитети до современи интерпретации на најпопуларните јадења од уличната гастрономија. „Нашата цел е фестивалот да прерасне во препознатлива градска традиција и место на кое се спојуваат квалитетната храна, домашната музика и добрата енергија. Оваа година фестивалот е поголем, поразновиден и содржински побогат, а учеството на 20 гастрономски брендови е потврда дека заедно создаваме настан што носи вистинска вредност за Аеродром и за цело Скопје. Особено ни значи поддршката од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаа нашата визија и потенцијалот на фестивалот“, изјави Дарко Панчевски, организатор на AERO Street Food Festival. За љубителите на мексиканските вкусови, Mustacos и 11: Eleven ќе подготвуваат такоси исполнети со богати комбинации од свежи состојки, сосови и зачини. Оние што претпочитаат лесни, прецизно подготвени и визуелно впечатливи залчиња ќе можат да уживаат во сушито на Loras Sushi. Бургерите – ѕвезди на уличната гастрономија Со свои уникатни комбинации ќе се претстават Fat Kitchen, Burgerslut, Jojo’s BBQ, Oljo’s и Smash Burger. Од класични до богато наполнети бургери и сендвичи, секој бренд ќе донесе сопствен вкус и стил. Jojo’s BBQ дополнително ќе понуди хот-дог, Noa Gyradiko ќе внесе медитерански дух со свежо подготвено гиро, а Жешко компирче ќе служи топол печен компир со путер и разновидни прилози по избор. Италијански и традиционални вкусови Вкусот на Италија ќе пристигне преку свежата паста и кросаните на Bistro 64, ароматичната фокача на Sorelle и пиците на „15 за 12“ и Pizza Vice City. Во понудата ќе се најдат и традиционалните кебапи на Дестан – добро познат гастрономски симбол што со генерации ги собира луѓето околу иста маса. Слатко финале За освежување со сладолед ќе се погрижат Scoop и Sweet Look, додека Milkey ќе подготвува палачинки со препознатливиот мирис на детството. Фестивалското мени ќе го дополнат кремастиот десерт на Сутлијаш бар и топлото, ароматично печиво со крцкава кора од Трансилваниско трдло. „AERO Street Food Festival е настан што потврдува дека Аеродром е општина во која се создаваат убави моменти, се негува културата и се гради заедништвото. Навистина ми е драго што и годинава паркот „Авионче“ ќе биде место за музика, дружење, добра храна и забава за сите генерации. Како Општина, секогаш ќе ги поддржуваме настаните што носат позитивна енергија, ја збогатуваат понудата за нашите граѓани и го оживуваат јавниот простор. Верувам дека фестивалот ќе прерасне во убава традиција и секој септември ќе носи посебна атмосфера во Аеродром. Ги поканувам сите да бидат дел од оваа фестивалска приказна“, изјави Дејан Митески, градоначалник на Општина Аеродром. Од првиот залак до последната лажичка десерт, посетителите ќе можат да избираат меѓу такоси, суши, бургери, сендвичи, хот-дог, гиро, печен компир, паста, кросани, фокача, пица, кебапи, палачинки, сутлијаш и сладолед – придружени со богата програма на македонски музички изведувачи. AERO Street Food Festival е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои го препознаа неговото значење за промоцијата на домашната музика и локалната гастрономија, како и за збогатувањето на културната и забавната понуда на градот. Од 4 до 8 септември, Скопје ќе мириса поинаку, Аеродром ќе вкуси поинаку, а паркот „Авионче“ ќе стане најголемата трпеза во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката - граѓаните ја гледаат во продавница!Христијан Мицкоски синоќа повторно излезе со „сопствена анализа“.Платите растеле 70% побрзо, пензиите 325% побрзо, инфлацијата била седум и пол пати помала, долгот два и пол пати помал. Самиот си ги споредил 23 месеци со 84 месеци и заклучил дека победил. Тоа не е економија. Тоа е трик со калкулатор. Го споредува врвот на светската инфлација од Јули 2022 - војна, енергетски удар, скок на храна насекаде, со Јули 2026 година. Тоа не е успех на неговата влада. Тоа е споредба со најтешкиот месец на глобална криза. Платите и пензиите ги дели на месеци, ги крои процентите, па вели „овие бројки не можете да ги лажирате“. Може. Кога самиот си ја прави анализата, кога бира период, кога го крие апсолутниот износ. Граѓаните не живеат од „70% побрзо“. Живеат од тоа што останува по сметките, киријата и потрошувачката кошница. Дизелот е 100 денари. Пиперката на нива 40. Храната во продавница расте. Фабрики се затвораат. Инвестициите паднаа. Последниот квартал 0,3 %. Тоа се исто бројки. Само не влегуваат во неговата презентација. Долгот го продава како намален, а државата ја задолжија со 2.5 милијарди за две години. Буџетот е „во кондиција“, додека секоја недела има ново задолжување. Пензиите „325% побрзо“, а за вториот столб се подготвува национализација. Мицкоски вели дека не може да води политика на чувства. Точно. Затоа нека престане да води политика на измислена статистика. Ако му е подобро на граѓанинот, ќе се види во фрижидерот и во паричникот. И двата се празни. Тоа е единствената компаративна анализа што важи. Нека објави официјални податоци од Заводот, не „лична анализа“. Нека каже колку чини потрошувачката кошничка денес и колку чинеше кога дојде. Нека каже зошто земјоделецот се тепа за 40 денари додека тој држи лекција за раст. Дотогаш ова се бројки за телевизија, не за трпеза. СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Аномалијата на политиката во Македонија се вика Венко ФилипчеВенко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска.Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична. Така, последниве два дена СДС бара извештај за водата во Гостивар, а тој извештај е објавен од Министерството за здравство, но нема ниту збор, ниту повик за извештајот од Општина Гостивар. Нема никаква критика кон нивниот градоначалник на Гостивар. Последното е што напаѓаат за нилската треска, а притоа изоставуваат да кажат дека најголемиот број смртни случаи во периодот од 2018 до 2025 година се регистрирани во 2019 година, кога министер за здравство е Венко Филипче. СДС креира состојба на хаос затоа што нема аргументи и нема понуда. Венко Филипче е аномалијата на политиката во Македонија. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook