Џејсон Момоа имал сообраќајка со мотоциклист, момчето завршило во болница - Канал 5

Џејсон Момоа имал сообраќајка со мотоциклист, момчето завршило во болница

Актерот Џејсон Момоа во неделата вечерта во Топанга, Калифорнија доживеал сообраќајна несреќа во која се судрил со мотоциклист.

Џејсон Момоа имал сообраќајка со мотоциклист, момчето завршило во болница

Актерот го возел својот Олдсмобил од 1970 година во предградието на Лос Анџелес кога мотоциклистот Виталиј Авагимјан ја преминал двојната жолта линија и удрил во автомобилот на Џејсон, пишува TMZ. Мотоциклот Хонда влегол „директно во патеката на возилото на Џејсон Момоа“, се вели во извештајот за несреќата, истакнувајќи дека Авагимјан бил „фрлен од својот мотоцикл“ откако удрил во предниот лев дел од автомобилот.

Дваесет и едногодишниот возач се здобил со „лесни повреди кои не се опасни по живот“, додека ѕвездата на „Аквамен“ бил неповредена. Авагимјан бил пренесен со брза помош во болницата Нортриџ. Момоа се уште не се изјаснил за сообраќајната несреќа во која учествувал.

Момоа неодамна по неколку месеци ја прекина врската со актерката Еиза Гонзалес. Извор близок до актерската екипа открил дека Џејсон и Еиза „се надеваат дека работите би можеле да се решат“. „Тие многу се сакаат и се гледаат веќе некое време, пред да ја објават својата врска во јавноста“, рече тој, додавајќи дека моментално се во „различни животни фази“.

Инаку, на почетокот на годината Џејсон Момоа и Лиза Бенет раскинаа по 16 години врска, од кои четири во брак. Тие имаат две деца, ќерката Лола (14) и синот Накоа-Волф (13).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена локална облачност.

Информација за времето. Ќе биде сончево, со услови за локален дожд и грмежи во југоисточните делови.. 

Сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормускиот теснец за„територија на САД“..

Трамп изјави дека ќе го прогласи Ормутскиот теснец за американска територија

Американски медиуми јавија дека не е јасно колку е сериозен коментарот на Трамп и дали го одразува неговиот нов политички став, со оглед дека тој изјавата ја даде со насмевка за време на митинг во Гарден сити, во близина на Њујорк..

Изјавата доаѓа два дена откако Трамп тврдеше на својата социјална мрежа дека САД имаат „тотална контрола“ над Ормускиот теснец..

Од Иран веднаш возвратија дека теснецот останува под иранска контрола и дека Вашингтон не може да го преземе ниту со воени закани, ниту со политички изјави.

-Откако ќе завршиме и ќе го победиме Иран, кој е многу тешко поразен.Ќе го прогласам Ормутскиот теснец за територија на САД.Навистина ни оди добро, ни оди добро во секој поглед. Знаете, ја изградив војската и ја користев малку повеќе отколку што сакав, искрено, но во ред. Не смееме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје. Дали се согласуваме? - истакна Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полицијата пронашла 14.440 евра во различни апоени при преглед на автомобил на магистралниот пат Радовиш–Штип, по што бил лишен од слобода 35-годишен жител на Бучим.

14.440 евра без докажано потекло пронајдени во возило кај Бучим, 35-годишник заврши во притвор

Полициски службеници пред два дена запреле возило„ауди“, управувано од 35-годишник од село Бучим, за кого претходно била изречена мерка на претпазливост –за кривично дело поврзано со неовластено пуштање во промет на наркотични дроги.. При прегледот на возилото возачот не приложил доказ за нивното потекло. По насоки на Јавното овнителство, осомничениот бил изведен пред судија во Основниот суд Гевгелија, кој му определил 30-дневен притвор, а потоа бил спроведен во „Затворот Скопје“.

Тој се сомничи за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер