Џејн Фонда вежба на 83 години за да прати глобална порака (ВИДЕО)

Актерката и активистка Џејн Фонда сними видео вежба за TikTok за подигање на свеста за климатските промени.

Во видеото, Џејн првпат ги покани сите да и ’се придружат на тренингот и покажа дека е лесно тоа да се прави на 83-годишна возраст.

Но, тогаш таа го запре видеото велејќи дека фитнесот деновиве им е достапен на сите преку телевизија и компјутер.

„Знаете што, има премногу видеа за вежбање на телевизија и на интернет во моментов. Она што навистина сакам да го направите е да вежбате со мене за планетата. Климатската криза е вистински итен случај. Дали на каучи или јога душеци, ќе ми се придружите на виртуелен протест? Иднината ну треба “, ги повика Џејн нејзините следбеници.

Актерката во октомври 2019 година организираше протест наречен „ Fire Drill Fridays“ за да ги посочи климатските промени, а таа година беше и уапсена за протестирање пред зградата на американскиот Конгрес.

притисни ентер