Џеј Ло со танцување на шипка може да дојде и до номинација за Оскар (ВИДЕО)

Џенифер Лопез (50) ја почна кариерата како танчерка во 1991 , соработувала со Џенет Џексон , а потоа премина на пеење и актерство.

Иако повеќе од три децении е на врвот на популарноста , како една од најдобрите пејачки и меѓу најбараните и најдобро платени актерки во Холивуд со снимени над 30 филмови , дури за сега , за најновиот филм "Hustlers" добива позитивни критики и од луѓето кои не и биле наклонети.

Џеј Ло во филмот ја глуми стиптизерката Рамона , а за оваа улога веќе има најави дека ќе биде номинирана за Оскар.

Џенифер и покажа и на јвноста колку напор бил потребен за да се достигне умешноста , играта и ликот во филмот.

За само два и пол месеца морала да совлада танц на шипка , така што напорните тренинзи ќе бидат наградени.

Состојба на патиштата

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред, жичницата нема да работи

 Јавниот превоз во Скопје денека ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје.

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

притисни ентер