Спасовски: СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓаните
2Спасовски: СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓаните
МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
1МЗ: Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене
ЗабаваЏамбо Џет полека се пробива до хотел низ холандските полиња (ВИДЕО)Со часови траеше возењето на огромниот Џамбо Џет , Боинг 747-400 низ нивите од аеродромот Шипхол во Амстердам до хотел во Бадхевендроп , во непосредна близина. Огромниот авион се движеше многу полека за да дојде до дворот на хотелот , каде е неговата последна дестинација. За да помине неколку километри , а 150 – тонскиот авион ќе му бидат потебни пет дена . Авионот беше во сопственост на холандската авио компанија КЛМ , која го продаде на туристичка агенција. Таа има намера , откако ќе го преуреди авионот , да го понуди како место за сместување и доживување на Боинг 747.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЕвропаСкандал во Франција: Протекоа податоци од Министерството за внатрешни работиНа 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи.Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, денеска го повика на разговор раководителот на департманот Лоара, Иг Муту, по наводите дека доверливи информации од Министерството за внатрешни работи биле пренесени на партијата „Национален собир“. Нуњез додаде дека ситуацијата би била исклучително сериозна доколку наводите се потврдат. Како што објави денеска телевизијата БФМ, на 9 ноември бил извршен претрес во седиштето на „Национален собир“ во рамките на истрага за наводно протекување информации од Министерството за внатрешни работи. Иг Муту, поранешен високорангиран функционер во француското Министерство за внатрешни работи и актуелен раководител на департманот Лоара, е осомничен дека учествувал во доставувањето доверливи информации до „Национален собир“ во врска со истрагите што се водат против оваа партија. Во изјава за телевизијата БФМ и радиото РМЦ, Нуњез потврди дека го повикал Муту на разговор. „Доколку фактите се потврдат, тоа, се разбира, е многу сериозна работа“, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Тој напомена дека во моментов се води судска истрага. „Утрово ќе се сретнам со предметното лице, но во овој момент немам други информации што би можел да ги соопштам“, рече Нуњез. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСелекторот на кошаркарите Берокал го избра составот за ноемврискиот ФИБА „прозорец“Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“.Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот ноемвриски ФИБА „прозорец“, во кој продолжуваат натпреварите од втората фаза на претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе биде домаќин на репрезентацијата на Кипар, во дуелот од второто коло на групата „Ф“, закажан за 26 ноември (четврток), со почеток од 18:00 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје. Подготовките на репрезентацијата ќе се реализираат во Скопје и ќе започнат на 23 ноември, во спортската сала „Лазар Лечиќ“, со почеток од 11:30 часот. Селекторот Берокал и неговиот стручен штаб го објавија следниот список на кошаркари за овој репрезентативен собир. СПИСОК НА КОШАРКАРИ Ненад Димитријевиќ Виктор Ташовски Виктор Ефремовски Војдан Стојановски Лука Стојановски Адем Мекиќ Стојан Ѓуроски Лејсон Зеќири Валмир Какруки Резарт Мемед Тома Стојаноски Андреј Маслинко Петар Бошалески Андреј Андоноски Мозес Рајт Селектор: Жозеп Марија БерокалТагови: Кошаркарската репрезентација на Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпасовски: СДСМ со 225 амандмани за Буџетот, за 600 евра минимална плата, поголем студентски оброк и поддршка за граѓанитеПратеничката група на СДСМ и Коалицијата има поднесено 225 амандмани на Предлог-буџетот за 2027 година, со конкретни решенија за подобрување на животниот стандард, поддршка на младите, унапредување на здравството, образованието ....Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата има поднесено 225 амандмани на Предлог-буџетот за 2027 година, со конкретни решенија за подобрување на животниот стандард, поддршка на младите, унапредување на здравството, образованието и социјалната заштита, како и рамномерен развој на општините. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес - конференција, посочи дека амандманите се одговор на потребите на граѓаните, наспроти буџетот на власта кој не нуди развој, туку продолжува со погрешни економски приоритети. Спасовски, рече дека клучен приоритет на СДСМ е зголемувањето на минималната плата на 600 евра, вклучително и обезбедувањето средства за зголемување на платите на вработените кај буџетските корисници. СДСМ предлага и конкретна финансиска поддршка за студентите, младите и образовните институции. „Меѓу клучните амандмани коишто ги поднесе СДСМ и Коалицијата е амандманот којшто се однесува на минималната плата на вработените кај буџетските корисници. Во образованието побаравме средства за зголемување на студентскиот оброк за 2.500 денари месечно, зголемување на стипендиите од 6.050 на 8.000 денари, финансиска поддршка на студентите, за регионалните центри за стручно образование и за врсничкото насилство во училиштата“, рече Спасовски. Тој додаде дека со дел од амандманите се бара и повеќе средства за тековно одржување на основните и средните училишта, посочувајќи дека недостигот од средства веќе предизвикува сериозни проблеми во образованието. „И секако за тековното одржување на основните и средните училишта, заради тоа што се покажува дека имаме сериозен недостаток на средства коишто се однесуваат на блок-дотациите. Впрочем, она што се случуваше изминатиот период, исклучување на струјата на факултетите, на Ректоратот, на некои од училиштата, не смееме како држава да го дозволиме“, рече Спасовски. Меѓу амандманите се и мерки за поголема заштита на жртвите на семејно насилство преку воведување електронски нараквици за следење на сторителите, поддршка на културните институции и културното наследство, како и зајакнување на здравствената заштита. „Во областа на МВР, за воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство, со цел поголема заштита на жртвите и превенција од насилството. Во културата, за поддршка на проектите од културата, заштита на културното наследство, реконструкција на безистенот и објектот Парк во Битола, поддршка за целосна реконструкција на театарот во Куманово, Агенцијата за филм и подобрување на материјалниот статус на вработените во културата и судството, како и целосно опремување на истражните центри при јавните обвинителства. Амандмани за унапредување на здравствената заштита, вклучително и обезбедување средства за набавка на мамографски апарати и проширување на можностите за рано откривање на малигните заболувања преку мамографски прегледи“, рече Спасовски. Дополнително, СДСМ предлага електронска апликација за проверка на возраста и родителска контрола на пристапот на децата до социјалните мрежи, како и поддршка за лицата со попреченост, борците, жртвите на семејно насилство, малите и средните претпријатија и научно-истражувачката дејност. Посебен дел од амандманите се однесува на општините. СДСМ поднесува 161 амандман за конкретни инфраструктурни проекти, изградба на старечки домови, детски градинки, катни гаражи, спортски објекти, локални патишта, водоводни и канализациски мрежи, паркови и зелени површини. Спасовски посочи дека предложениот Буџет за 2027 година не носи развој и не одговара на реалните потреби на граѓаните. Наместо инвестиции и економски раст, повторно се планираат доминантно тековни расходи, што отвора простор за нови ребаланси и дополнително задолжување. Скопје, 20.11.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter