Дисциплинска постапка за полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото Порше е службено - Канал 5

Дисциплинска постапка за полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото Порше е службено

​Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР извршени се проверки по објавена видео снимка на социјалната мрежа фејсбук на 04.04.2025.

Дисциплинска постапка за полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото Порше е службено

На видеото се гледа како група граѓани бараат од полициски службеник, кој постапува со специјално возило „пајак“, да го подигне возилото „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, поради тоа што било паркирано на велосипедска патека, односно на коловоз.

Полициски службеници од ОВККИПС извршија проверки во ОБПС Скопје и утврдија дека од нивна страна е постапувано по прекршок за погрешно паркирање сторен од возач на патничко возило „порше каен“.

По извршен увид во службената документација, констатирано е дека полицискиот службеник С.Н. од ОБПС Скопје, на 22.03.2025 постапувал по Наредба за вршење дејност бр. 3626 од 21.03.2025 година за непрописно паркирани возила. Од страна на граѓанинот С.Н., на телефонскиот број 192 било пријавено дека на ул. “Орце Николов”, во близина на ресторан, непрописно било паркирано возилото „порше каен“.

Полицискиот службеник С.Н., со специјално возило „пајак“ и двајца вработени од ЈП за јавни паркиралишта на Општина Центар, се упатиле на наведеното место, каде што било затекнато возилото и револтирана група граѓани кои барале возилото да биде подигнато. На местото на настанот, од угостителски објект излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници и изјавиле дека возилото е службено. Полицискиот службеник С.Н. им наредил веднаш да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на „пајак“ возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено.

Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП Јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото. Таму, од страна на полицискиот службеник Х.Ѓ. е составен записник за сторен сообраќаен прекршок по чл. 63 став 6 од ЗБСП, како и прекршочен платен налог, во кој е наведено дека сторител на прекршокот е С.К. (76) од Скопје. Сопственик на возилото е М.Т. (48) од Скопје.

Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило „форд мондео“ се упатиле кон депото. Полициските службеници од ОВККИПС извршиле проверки за возилото „форд мондео“ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ.

Со овие полициски службеници е извршен службен разговор, при што е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина. Од страна на ОВККИПС до Одделот за дисциплински и судски постапки ќе биде поднесен предлог за утврдување на дисциплинска одговорност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Украина сака да ја прошири војната на Балтикот и Медитеранот (ВИДЕО)

Кремљ ја обвини Украина дека се обидува да ја прошири војната со Русија во Средоземното и Балтичкото Море, нарекувајќи ги таквите акции многу опасни.

Кремљ: Украина сака да ја прошири војната на Балтикот и Медитеранот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во заедничка изјава во среда, по состанокот во Флорида, изјавија дека Русија треба да избегнува потези што би довеле до ширење на војната во Украина, која ја започна со инвазија во 2022 година.

Нивната изјава се чинеше како предупредување до Москва внимателно да го разгледа својот одговор на неодамнешните украински напади врз руски цели далеку надвор од зоната на конфликтот.

Украина во неделата употреби поморски беспилотни летала за да потопи руски воен брод во либиско пристаниште, еден ден откако употреби беспилотни летала за да нападне руски товарен брод поврзан со војската во Финскиот Залив.

„Ескалација на конфликтот“

Коментирајќи ја заедничката изјава на Трамп и Руте, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека никој не сака конфликтот да се прошири, но тврдеше дека Украина, а не Русија, се обидува да ја прошири зоната на конфликтот.

„Што се однесува до ескалацијата на конфликтот во Украина, се чини дека станува збор за обиди на режимот во Киев да го прошири географскиот опсег на конфликтот. Сведоци сме на терористички активности од страна на режимот во Киев во Средоземното и Балтичкото Море“, изјави Песков пред новинарите за време на телефонска конференција.

„Ова не може а да не предизвика загриженост кај крајбрежните држави, а најверојатно и во рамките на НАТО како целина. Секако, никој не сака конфликтот да се прошири на нови области, а ова се потенцијално многу опасни дејствија од страна на режимот во Киев“, додаде тој.

Либиските власти ги осудија постапките на Украина, како и Италија, која му кажа на Киев дека не требало да напаѓа руски бродови во либиските води и го предупреди да не ја шири војната на нови области.

Норвешка, која силно го поддржува Киев, исто така ја повика Украина да биде претпазлива при спроведување операции во Балтичкото Море, нагласувајќи ја важноста на одржувањето на стабилноста во областите во нејзина близина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Париз подготвува посебни концерти во чест на Селин Дион со илјадници свеќи

Две години откако Селин Дион ги воодушеви милиони гледачи ширум светот со својот настап на отворањето на Олимписките игри во Париз, нејзините песни повторно ќе одекнат низ Ајфеловата кула. 

Париз подготвува посебни концерти во чест на Селин Дион со илјадници свеќи

Овој пат станува збор за специјална серија концерти во чест на канадската пејачка, кои ќе се одржат под светлината на илјадници свеќи, пишува Paris Secret.

Најголемите хитови во посебна поставка

Концертите ќе се одржат на 11 и 29 декември 2026 година, и на 4 февруари 2027 година, во салата „Густав Ајфел“ на првиот кат од Ајфеловата кула.

Иако Селин Дион нема да настапи лично, публиката ќе може да ужива во инструменталните изведби на нејзините најголеми хитови. Гудачкиот квартет ќе изведе песни како „My Heart Will Go On“, „I'm Alive“, „Pour que tu m'aimes encore“ и „S'il suffisait d'aimer“, како и „L'Hymne à l'amour“ од Едит Пјаф.

YouTube video

Посебна атмосфера ќе создадат илјадници свеќи, додека Париз ќе биде украсен со празнични светла за време на декемвриските концерти.

Потсетник за емотивното враќање на пејачката

Селин Дион настапи на Ајфеловата кула на 26 јули 2024 година, на крајот од церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз. Со изведбата на песната „L'Hymne à l'amour“ таа ги допре гледачите низ целиот свет.

Тоа беше нејзин прв настап откако во декември 2022 година откри дека страда од синдром на вкочанета личност, ретко невролошко нарушување.

Новите концерти ќе се одржат на истиот кат од Ајфеловата кула каде што таа настапуваше тогаш. Тие се организирани како дел од меѓународната концертна програма Candlelight, позната по изведбите на класична и популарна музика на светлина од свеќи.

Колку чинат билетите?

Цените на билетите моментално почнуваат од 54 евра, а може да се купат преку платформата Fever.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познат е идентитетот на младиот човек, кој се запали во центарот на Варшава

Украинецот кој се самозапали вчера пред Претседателската палата во Варшава побара на украинските граѓани во Полска да им се гарантираат истите права како и на полските граѓани.

Познат е идентитетот на младиот човек, кој се запали во центарот на Варшава

Станува збор за 22-годишен украински државјанин, Едвард, студент на Варшавскиот технички универзитет, пишува Украинска правда.

Тој пристигнал пред Претседателската палата со ранец во кој имало запалива течност и неговите документи. Со овој чин, тој сакал да побара украинските граѓани во Полска да имаат ист третман како и Полјаците.

Првите информации велат дека носел транспарент или хартија на која веројатно ги објаснил причините за својот протест, но точната содржина на пораката сè уште не е позната.

Состојба на повредениот

Младиот човек претрпел тешки изгореници на лицето, вратот, рацете и торзото, а облеката му била целосно изгорена. Бил свесен кога пристигнала брзата помош. Бил пренесен во болницата на улицата Сасеров во Варшава, во Воено-медицинскиот институт. Портпаролот на Институтот, Мариуш Ѓереј, утрово потврди за весникот „Факт“ дека младиот човек е жив.

Украинското Министерство за надворешни работи објави дека жртвата најверојатно е украински државјанин и дека полските власти спроведуваат конечна постапка за потврдување на идентитетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер