Димитров: Ноле и Карлос се неспоредливи - Канал 5

Димитров: Ноле и Карлос се неспоредливи

Во текот на 2023 година, бугарскиот тенисер Григор Димитров играше со Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, па од него е побарано да ги спореди најдобриот светски тенисер и супер таленитраниот Шпанец.

Димитров: Ноле и Карлос се неспоредливи

Ноле и Григор досега во нивните кариери одиграле 13 мечеви, а Ѓоковиќ во овој дуел води со 12:1во победи.

Во текот на 2023 година играа на три турнири сите три меча ги доби најдобриот светски тенисер.

Младиот Карлос Алкараз исто така има предност во мечевите против Димитров, со 3-1 во победи, годинава победи на два од трите меча што ги одиграа.

Јавноста сега ја интересира како ќе изгледаа мечевите меѓу Новак и Алкараз во следната година. На оваа тема прашања доби и Григор Димитров.

- Нема што да се споредува, тоа се сосема различни играчи, различни генерации. Играа поинаку и ги правеа работите поинаку, но и двајцата беа најдобрите во светот, заедно со уште неколкумина. Сега сме тука и следната година ќе биде уште повозбудлива поради тоа - изјави Димитров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Норвешката принцеза со трансплантација доби нови бели дробови

Норвешката принцеза Мете-Марит успешно претрпе трансплантација на бели дробови и се опоравува од процедурата, објави канцеларијата на кралското семејство. 

Норвешката принцеза со трансплантација доби нови бели дробови

На 52-годишната сопруга на норвешкиот престолонаследник Хаакон ѝ беше дијагностицирана белодробна фиброза во 2018 година, хронична болест која предизвикува лузни на белите дробови и доведува до намален внес на кислород.

Универзитетската болница во Осло на 5 јуни потврди дека Мете-Марит е ставена на листа на чекање за трансплантација на бели дробови по значително влошување на нејзиното здравје, поради што, според проценките, ѝ останала само една година живот без операција.

„Како и сите новотрансплантирани пациенти, принцезата ќе остане во болница уште неколку недели“, изјави професорката Аре Холм од Универзитетската болница во Осло во соопштение доставено од палатата.

Престолонаследникот Хакон во декември изјави дека семејството забележало промена во состојбата на Мете-Марит и дека таа се соочува со сè потешкотии во дишењето.

Премиерот Јонас Гар Сторе ја пофали принцезата за отвореното зборување за нејзината состојба, велејќи дека тоа би можело да им помогне на другите кои страдаат од слични заболувања. Мете-Марит имала 25 години, обична жена и немажена самохрана мајка кога го запознала Хакон на музички фестивал во 1999 година. Тоа беше почеток на неочекувана кралска романса што започна со медиумска фанфара и на крајот го привлече вниманието на јавноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

„Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија“, вели во ексклузивно интервју за Канал 5 известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.

Вајц за Канал 5: Жалам што билатералните прашања станаа дел од Извештајот за Македонија

Тој признава дека не ја поддржувал спорната терминологија и одредбите кои се однесуваат на билатералните прашања меѓу Скопје и Софија и оценува дека тие не требало да бидат дел од извештајот за напредокот на земјата.

Во видеото погледнете го целото интервјуто на Јован Ѓорговски со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава.

АНБ: По претреси на повеќе локации во Скопје пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

На 16 јуни 2026 година, во координирана акција на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за внатрешни работи, а под раководство на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во рамки на предистражната постапка поврзана со кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик, беа извршени претреси на повеќе локации на територија на Град Скопје при што се пронајдени и одземени дигитални уреди и друга електронска опрема.

Во рамките на постапката се опфатени пет лица за кои постои основано сомнение дека се извршители на кривично дело „Терористичка организација“ од член 394-а од Кривичниот законик и за истите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

За две од лицата опфатени со кривичната пријава е определена мерка притвор, односно домашен притвор, а останатите три лица во моментот се на издржување казна затвор, односно мерка притвор во Казнено поправните установи за кривични дела поврзани со тероризам.

Наведените активности се преземени врз основа на претходно обезбедени информации од страна на Агенцијата за национална безбедност, како и информации обезбедени во рамки на меѓународната стратешка соработка.

Според информациите со кои располага Агенцијата за национална безбедност, лицата како идеолошки поддржувачи на терористичката организација „Исламска држава“ во изминатиот период спровеле активности за воспоставување конекции со медиумски пропагандни канали на споменатата организација, но и создавање на локална мрежа преку која дисеминирале екстремни и насилни наративи, со цел поттикнување на терористички активности во земјата. Како дел од групата, споменатите давале и логистичка поддршка на други лица, претходно веќе опфатени во контратерористички активности на Агенцијата.

Агенцијата за национална безбедност останува посветена на својата примарна превентивна функција да работи на ефикасно и навремено попречување на ризиците и заканите по националната безбедност, со цел заштита на уставниот поредок и безбедноста на граѓаните, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер