Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
МакедонијаДимитров: Македонците не си ја знаат историјата од пред 1944 годинаВо Македонија нема подготвеност за промени, смета првиот човек на бугарскиот тим историчари Ангел Димитров, сумирајќи ги впечатоците од минатонеделната средба. Во интервју за бугарската национална телевизија БНТ, потенцира дека земјава треба да направи сериозни и итни измени на учебниците, а темата за Гоце Делчев конечно да дојде на дневен ред. Вели дека дел од македонските историчари биле под голем политички притисок, а прашањето за евентуален референдум било присутно на разговорите. -Оваа атмосфера беше заднината на која се одвиваа нашите разговори. Јасно можев да ја видам загриженоста на дел од колегите бидејќи некои од нив рекоа дека се подложени на закани и притисоци ако променат нешто во својата позиција. , вели Ангел Димитров, копретседател на мешовитата комисија за историја. Претседателот на македонскиот тим, Драги Ѓоргиев во изјава за Канал 5 категорично ги отфрла наводите на бугарскиот колега, чии изјави ги гледа еднинствено како обид да се политизира работата на Комисијата. -На последната средба, ниту некој од нас се пожали на какви било политички притисоци, ниту прашањето за референдум беше воопшто споменато. Таквите изјави се политички и се во насока на политизација на работата на Комисијата, што само можат да ја нарушат довербата во Комисијата и односите меѓу двете земји, вели за Канал 5 претседателот на македонскиот тим историчари, Драги Ѓоргиев. За Димитров, пак, за односите меѓу двете земји виновна била долгогодишната антибугарска пропаганда, која и денеска тешко се искоренувала. Македонците, според него, имале кусо паметење, а во студиото ги цитираше и резултатите од последното истражување на фондацијата Конрад Аденауер. -Според нив, најголемиот непријател на земјата е Бугарија со 44%, а најголем пријател е Србија со 37,4%. Тоа значи дека луѓето таму, кои тврдат дека имаат длабоки историски корени, всушност размислуваат само за периодот по 1944 година. Немаат реални сознанија за тоа што се случувало во првата половина на минатиот век или меѓу двете војни, односно кога населението таму беше прогласено за српско и кога имаше терористички режим. , вели Димитров во интервјуто. Заедничката комисија досега одржа 20 средби, а од нејзините резултати ќе зависи и напредокот на Македонија во интегративниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова помилува 25 осудени лица по повод ИлинденПо повод 2 август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука со која се помилувани вкупно 25 осудени лица.Шест лица се целосно ослободени од натамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна. За остатите 19 осудени лица е донесено решение за делумно намалување на затворската казна. Најголем дел од нив се ослободени од пет месеци од преостанатата казна, додека кај дел намалувањето изнесува осум или девет месеци. Најголемо намалување, од една година и шест месеци, е определено за Имер Јакупи од село Зајас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаМанасиевски: Филипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави сеФилипче со другарите за да дојде на власт подготвен е да прави се, последното беше праќање криминалци да направат инцидент во Ново Село.Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание. Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја роднини на другарот на Филипче, Зоран Заев. Секако, и оваа приказна на Филипче имаше краток рок и веднаш беа разоткриени и лицата и нивните намери. Тие дури и сами почнаа да признаваат дека биле дел од инцидентот во Ново Село. На сите им е јасно дека вакви лица како Филипче и актуелното раководство на СДС не можат да направат нешто сериозно, а не да дојдат власт и да водат држава. Секој ден со секој нов случај само покажуваат дека се талог во Македонија. Оттука никој во државава сега и не очекува ништо од нив. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
МакедонијаНиколоски на средба со претставници на „Корендон“ една од најголемите туристички групации во ЕвропаПостои потенцијал за нови инвестиции и развој на авиосообраќајот и туризмот.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со претставници на меѓународната туристичка групација „Корендон“. Во фокусот на средбата беа потенцирани можностите за остварување на соработка во областа на авиосообраќајот и туризмот. На средбата, заменик претседателот на Владата, Николоски го истакна огромниот потенцијал на Македонија како туристичка и авио дестинација, особено во услови на континуиран раст на воздушниот сообраќај и зголемен прилив на странски туристи. Тој потенцира дека Македонија се позиционира меѓу најбрзорастечките пазари во Европа со раст од 40 проценти на патници во доаѓање во авиосообраќајот, како и значителен раст и на бројот на туристи, што дополнително го потврдува потенцијалот за развој на нови авиолинии, туристички аранжмани и инвестиции во туристичката инфраструктура. На средбата беше посочено дека подобрата авио поврзаност и отворање на нови пазари и услуги се од особено значење за континуираниот развој на туризмот и бројот на нови туристи во земјата. “Македонија има голем потенцијал за развој на авиосообраќајот и туризмот и тоа го докажуваме во континуитет. 28 нови дестинации, растот од 40 проценти во авиосообраќајот, преку 20 проценти раст на туристите е јасен показател дека интересот за Македонија расте. Нашата цел е овој тренд да го претвориме во нови авиолинии, повеќе туристи и нови инвестиции и отворени сме за соработка“, истакна Николоски. „Корендон“ е истакната меѓународна туристичка групација и е меѓу трите водечки туроператори во Холандија и Белгија. Групацијата нуди пакет-патувања до повеќе од 50 дестинации. Групацијата, покрај тур-операторските услуги, во своето портфолио располага со повеќе од 40 авиони кои летаат под знамињата на Турција, Холандија и Малта. Во сегментот на тур-операторските услуги опслужуваат приближно 850.000 клиенти годишно, додека „Корендон ерлајнс“ превезува меѓу 6 до 10 милиони патници на годишно ниво. На средбата беше заклучено дека постои простор за идна соработка, особено преку отворање нови можности во авиосообраќајот, привлекување странски туристи и разгледување потенцијални инвестиции во Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook