Димитров: ЕСС од утре почнува расправа за Законот за плати и за Колективниот договор

Економско-социјалниот совет од утре по барање на синдикатите почнува расправа за новиот Закон за плати во јавниот сектор и преговори за Колективниот договор за јавниот сектор.

Економско-социјалниот совет од утре по барање на синдикатите почнува расправа за новиот Закон за плати во јавниот сектор и преговори за Колективниот договор за јавниот сектор, открива Ангел Димитров, претседател на Собранието на Организацијата на работодавачи во интервју за МИА.

Димитров посочува дека за синдикатите новиот Закон за плати во јавниот сектор е контрадикторен, а тие како Организација на работодавачи и репрезентативни членови во Економско-социјалниот совет, ќе дадат свои предлози.

- Како членови на Економско-социјалниот совет сигурно дека нема само да набљудуваме што ќе се преговара, затоа што на крајот на краиштата и нас не интересира висината на платите во јавниот сектор. Тие мора да зависат од порастот на платите во приватниот сектор затоа што во приватниот сектор се создаваа новосоздадена вредност, од која треба да се плаќаат даноци и придонеси за работниците и да се полни буџетот за да може потоа да се исплаќаат платите на јавниот сектор, така што тие две компоненти мора да ги гледаме заеднички, вели Димитров во видео интервјуто направено во прес-центарот на МИА во Штип.

Ако платите во реалниот сектор се усогласуваат со порастот на трошоците на живот и со просечната плата, тогаш, додава Димитров, треба и платите во јавниот сектор да се усогласуваат со порастот на платите во приватниот сектор.

Прашан дали на оваа тема веќе е разговорано со синдикатите, Димитров вели дека досега немаат дебатирано за тоа.

Вака предложениот закон за плати, вели Димитров, особено во делот на давање согласност од страна на министерот за финансии за зголемување на платите во јавниот сектор е спротивен на меѓународните конвенции каде што се посочува дека колективното договарање е слободна волја меѓу работниците и работодавачот.

-Во овој случај сега имаме трет арбитар, а тоа е министерот за финансии кој треба да каже – може да ја зголемите платата за толку или не можете да ја зголемите, појаснува Димитров во видео интервјуто што во целост ќе биде објавено утре.

Во однос на исплатата на К-15, Димитров смета дека оваа исплата треба да зависи од резултатите во завршната сметка на компанијата, додека за усогласувањето на платите со минималната плата посочува дека доколку тоа не се направи, тогаш доаѓа до една урамниловка.

- Лани кога минималната плата се зголеми на 18.000 денари, се зголемија само платите до минималната плата во јавниот сектор, а немаше пари да се зголемат и другите плати. Ова доведе до непочитување на сите коефициенти што порано ги имаше затоа што ако имате коефициент 2 во однос на најниско платениот кој има коефициент 1, со тоа што на него му се покачила платата сега за 2.000 денари и на вас да ви се качи 2.000 денари, автоматски вие немате коефициент 2, веќе ви се доближуваат коефициентите. Тоа бара така да се рече нова прераспределба, нови коефициенти и за тоа треба навистина мудро да се преговара, вели Димитров.

Очекува оваа година да биде постабилна за македонската економија, а актуелните банкарски кризи смета дека нема да се рефлектираат во земјава. Единствниот реален начин на зголемување на стандардот на граѓаните, порачува Димитров, е зголемено производство, повисок извоз, повисок девизен прилив. /МИА.

Шекил ги загрижи фановите, објави фотографија од болнички кревет

Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, легендарниот Шекил О'Нил ја загрижи јавноста со последната фотографија од болница која ја објави на Твитер.

Шек објави фотографија на која лежи на болнички кревет со порака дека слуша подкаст што го водат Ерни Џонсон и Кендис Паркер.

Американските медиуми не знаат што се случило со познатиот кошаркар и засега само шпекулираат. О'Нил на Твитер објави дека треба да внимавате на пилешко на скара, па некои медиуми пишуваат дека бил отруен, а други тврдат дека го оперирал колкот. Засега сето тоа е непотврдено.

Тејлор Свифт со еден потег на сцената ги шокира фановите: Дали ѝ е добро? (ВИДЕО)

Тејлор Свифт ги воодушеви обожавателите на нејзините први два настапи на нејзината многу очекувана турнеја The Eras, но ги изненади фановите со еден потег.

Пејачката за време на настапот скокна од сцената и „нурна“ под неа, а снимката од тој момент стана вирален хит.

„Ова е најлудото нешто што сум го видел“, „Зошто пливаше, дали е добро?“, „Дефинитивно најдобриот момент на концертот“, „Сè уште не ми се верува дека Тејлор го направи тоа“, се само некои од реакциите на Твитер.

Малку подолго видео беше објавено и на TikTok и за кратко време собра повеќе од 15,6 милиони прегледи. „Таа навистина реши да ја надомести целата таа драма со билетите“, „Не ми се верува дека можеше да го задржи здивот толку долго“, „Во што скокна?“ се само дел од коментарите на корисниците.

@awkwatree The most impressive moment from @taylorswift ‘s #theerastour ♬ original sound - Awkwatree

Инаку, Тејлор на концертот во петокот изведе 44 песни, нови и стари, а на стадионот State Farm во Аризона се собраа околу 80.000 фанови. Американскиот град беше преименуван поради овој концерт. Турнејата на Тејлор Свифт го собори рекордот по бројот на продадени билети за концерт од уметник за еден ден. Продадени се дури 2,4 милиони.

Пејачката последен пат беше на турнеја пред пет години и за тоа време објави четири албуми, меѓу кои и „ Folklore“ ,добитник на Греми. Покрај тоа, само еден ден пред почетокот на турнејата, Свифт објави четири нови песни.

И покрај големиот интерес и пофалби од фановите, турнејата на Тејлор Свифт не помина без скандали. На почетокот на декември минатата година, обожавателите на пејачката поднесоа тужба против Тикетмастер, американска компанија за продажба и дистрибуција на билети.

Тие го обвинија Ticketmaster за „измама, местење цени и кршење на антимонополските права“. Тужбата, исто така, го обвини Ticketmaster за „намерна измама“ што им овозможи на препродавачите и ботовите да земат поголем дел од билетите за турнејата The Erasе.

Тејлор Свифт претходно им се извини на обожавателите, велејќи дека е болно да се гледаат фановите како се мачат да обезбедат билети за нејзината турнеја во САД преку платформата Ticketmaster, на која билетите се продаваат за дури 33.000 евра.

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места

Според извршниот директор на Амазон Енди Џеси., компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели. 

Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.

Амазон претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.

притисни ентер