Димитров: ДПМНЕ не само што бега од правдата, туку сака да го замолчи и говорот за правда! Нервозата е голема, поразот им се ближи. Ќе нè биде, ќе има правда за сите!

Кандидатот за пратеник и носителот на листата на Коалицијата Можеме предвидена од СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров, за време на изјавата за медиумите пред ОЈО зборуваше за влегувањето во сила на Законот за јавното обвинителство при што беше оневозможен.

Според соопштението на СДСМ , еве што не сакаше ДПМНЕ да чуе и да се чуе:

30 јуни 2020 год. Голем ден за правната држава и за жедта за правда на македонските граѓани. Денес влегува во сила тешко донесениот дво-третински Закон за јавното обвинителство.

Закон за којшто два еврокомесари, и претходниот Хан и актуелниот Вархеји ни укажуваа дека е битен за нашата кандидатура во очите на Брисел, за ЕУ. Некои земји членки многу експлицитно бараа овој закон да биде донесен, како што е Холандија особено холандскиот парламент. Закон што после година и пол тешки преговори во обид за политички консензус, се донесе со дво-третинско мнозинство, но без учеството на опозициската ДПМНЕ. Зошто велам голем ден?

Затоа што случаите врзани со прислушуваните разговори што ги истражуваше и за кои подигнуваше обвиненија поранешното СЈО заради овој закон нема да одат под килим. Одат во рацете на Јавното обвинителство. Второ, покрај тоа што случаите нема да одат под килим, овој закон овозможува јавните обвинители да не ги бираат политичките партии, туку самите обвинители – истакна Димитров.

За време на изјавата за медиумите, на крајно недемократски начин за овој тип на настани, портпаролот на опозициската партија се обиде да го оневозможи јавното обраќање на Димитров до граѓаните, дрско и агресивно надвикувајќи ја изјавата на носителот, спречувајќи ги медиумите, а со тоа и јавноста да ја чујат неговата изјава.

Кога погодувате точно во сржта, во нервот, вака изгледа. Овој театар е уште еден доказ којшто најпластично покажува дека опозицијата прави шум со цел јавноста да не ја дознае вистината за нивните криминали. Овој упад покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ е да бега од правда. Драго ми е што ја потсетија јавноста за начинот на нивното справување со вистината и благодарам што им дадоа уште една причина на граѓаните да гласаат против симболот на неказнивоста." , се наведува во соопшштението на СДСМ.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер