Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?
1Иран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот?
МакедонијаДимитриевски во „Вести плус“ на Канал 5: Нема да дозволиме ова што го имаме како држава да го изгубимеНа Македонија во одредени моменти и треба национален консензус и ние тоа го поддржуваме. Јас кажав дека од Софија ќе има повеќе барања и тоа се оствари. „Задоволен сум од резултатите во изминатиов период. Секогаш може повеќе. Факт е дека се стабилизираат работите. Државата од еден тежок минус доаѓа на позитивна нула. Следува период на позитивни политички решенија кои ќе бидат преточени во закони и голем број на проекти“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија и градоначалик на Куманово, Максим Димитриевски во„Вести плус“ на Канал 5 Телевизија. Тој додаде дека ова влада ја отсликуваат повеќе позитивни работи, а најважната е тоа што не ја тресе ниту еден корупциски скандал што, според него, беше незамисливо во минатото. На констатацијата дека опозицијата критикува дека владата ја води државата во погрешен правец, Димитреивски рече: „Тоа им е работа како на опозиција. Имаа шанса да покажат што знаат и умеат, за жал имаа крупни скандали. Ако во минатото се задолжувавме нетранспарентно и неповолно, денеска тоа е транспарентно и се држи финансниски баланс. Покачувањетео на пензиите дали е линеарно или прогресивно, не е толку важно. Се случи покаување пд 5000 ден и сега од септември уште дополнителни 2000 денари (во септември 2025 и март 2026). Оваа влада се обидува да ги насочи средстсвата кон граѓаните и да го врати националното достоинство на секој Македонец и граѓанин, како што се труди сите граѓани да бидат исти пред законот. Димитриевски посочи дека ЗНАМ имал друг концепт во однос на пензиите и системот, но не ја добил поддршката на изборите. „Поддршката ја доби нашиот партнер ВМРО-ДПМНЕ. Должни сме да го следиме, затоа што добија половина милион гласови. Проектот на ЗНАМ беше најмногу да добијат пензионерите со помали пензии, а остантите степенесто помалку. И во наредниот период ќе има покачувања затоа што треба да влезат повеќе пари во секој дом. Она што го вети владата тоа и ќе го реализираме“, потенцира тој. Во однос на намалувањето на функционерските плати тој рече: „Покачувањето на платите за функционерите треба да се замрзне, а останатите да добијат можност да им се покачат платите и се работи на тоа“ Димитриевски потенцира дека сега целата атмосфера во државата е друга. „За нас во Куманово беше незамисливо да градиме нова индустриска зона, каде ни се потребни најмалки четири милиони евра. Тоа се случува. Еден цел град се гради, над 60 хектари. Ќе има нови странски инвестиции. Македонија мора да се отвори кон инвестиции. Тоа придонесува и за подобрување на условите во кои работат работниците“. Во однос на она што се прави на полето на реформите во правосудството тој рече дека се преземаат чекори. „Повеќе од 20 закони се подготвени и во наредниот период ќе бидат донесени. Можеби ќе се пробие некој рок, но ќе се донесат. Почнувајќи од решенијата за Судскиот совет, платите на судиите, обвинителите. Се работи на процесот да создадеме услови за неселективна правда. Имаме контаминиран систем каде одредени поединци се однесуваат како кабадахии, бидејќи имаат партиска поддршка. Тоа го почувстувував на моја кожа. Кога тоа му се случува на градоначалник, што може да му се случи на обичниот граѓанин. Тоа нема да биде така повеќе. СДСМ го креираше случајот во соработка со некои кои сакаат да го загрозат животот на граѓаните. Се борев да заштитам јавен интерес и да спречам градба од 11 спрата во близина на детскиот диспанзер и средно училиште. Го земавме тој ресор, правда, како и ресорот јавна администрација и таму суштиските закони се донесени“. Во однос на тоа што се презема за патот кон ЕУ, почетокот на преговорите, Димитреивски нагласи: „Оваа влада и ЗНАМ нема да се откаже од европската агенда. Нашето место е таму. Но, нема да дозволиме да се подгазиме и да се откажеме од нештто суштинско, идентитет, јазик, култура, континуитет, сопствена историја, зашто не можеме да имаме заедничка историја. Направеи се грешки од претходната влада. Ние нема да потклекнеме на притисоците кои доаѓаат однадвор. На акција даваме реакција и така ќе продолжиме“. Запрашан како ја оценуваат иницијативата на ВМРО за донесување на резолуција, Димитриевски рече: „Прилично ме радува зашто ние од ЗНАМ понудивме Национална Платформа за македонските национални црвени линии и со ваков документ се потврдува нејзината оправданост. На Македонија во одредени моменти и треба национален консензус и ние тоа го поддржуваме. Јас кажав дека од Софија ќе има повеќе барања и тоа се оствари. Ние нема да дозволиме ова што го имаме како држава да го изгубиме. Патриотизам или имате или немате. Нас ни требаат цврсти гаранции од ЕУ. И ако не' сакаат таму, мора да не' признаат. Мора да не' потврдат. Ние се потврдуваме самите себе си, но тие го трансферираа проблемот од билатерален во мултилатерален. Мора да се вклучат и да го решат. При тоа ниту еден притисок од страна нема да ги помрдне работите од мртва точка. Не се работи само за Бугарите во Устав, туку за следните барања кои ќе бидат испорачани на релација Софија-Скопје. Што им пречи ним да во било каков акт стои македонски јазик, македонски народ? Зарем е тоа срамота во ЕУ? Па таму сакаме да влеземе затоа што се штитат правата на малите народи“. Запрашан како ја оценува констатацијата дека според тврдењата на ДУИ, оваа влада ја води државата во српски свет, Димитреивски потенцира: „Српски свет не постои. Оваа влада сака сите кои се тука да ги одведе во еден поубав свет и нема да дозволиме одредени моноетнички субјекти кои во континуитет делуваат повеќе од 20 години и беа власт, да ги насочуваат граѓаните во друга насока. Македонија беше и сеуште е ограбена држава, која е затечена на многу ниско ниво. И во овој момент се работат над 200 проекти во повеќе општини во земјата. И што е могу важно државата не е мајка за едни, маќеа за други како во минатото каде се помагаше само на некои. Сите граѓани мора да се чувствуват еднакви“. На прашањето како го оценува договорт со Британија и дали тоа не е замена на ЕУ, Димитриевски одговори: „Не е замена. Тоа е отворање на нова врата за државата и барање на нов стратешки партнер. Ова отвора нови преспективи. Македонија нема ресурси што може да ги понуди, но има положба, која уште Бизмарк ја дефинирал како Вардарска долина, и тоа треба Македонија да го користи“.Тагови: максим димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
НБАНБА шампион реши да ја прекине кариерата- објави загрижувачка порака Кристапс Порзингис (31), латвиски кошаркар и центар на Голден Стејт Вориорс, објави дека се повлекува од кошарката за да се фокусира на здравјето. Веста ја објави вчера на социјалната мрежа X, без да открие какви здравствени проблеми имал. Исто така, не прецизираше дали планира да се врати на професионално играње во иднина. „Оваа сезона навистина се радував повторно да играм со оваа група играчи, но како што постепено го зголемував интензитетот на тренингот, моето тело не реагираше онака како што очекував“, напиша Порзингис, четвртиот избор на драфтот во 2015 година и играч кој беше познат во НБА како Еднорогот поради неговата тогаш ретко видена способност да создава акции и да погодува тројки на 218 сантиметри висина. „Добро сум, но знам што е потребно и во моментов не сум таму каде што сакам да бидам за да играм на нивото што го очекувам од себе. Во овој момент решив да го ставам здравјето на прво место и да се оддалечам од играта што ја сакам“, додаде латвискиот кошаркар. 🙏🏼 https://t.co/d0UoELOmye — Kristaps Porzingis (@kporzee) November 6, 2026 Поради здравствени проблеми, тој ги пропушти подготовките за сезоната Статусот на Порзингис е неизвесен од крајот на септември, кога Вориорс објавија дека ќе биде надвор од терените на неодредено време поради здравствени проблеми. Потоа беше потврдено дека нема да патува со тимот на Хаваи, каде што Голден Стејт се подготвуваше за новата НБА сезона. Латвискиот центар не играше ниту еден натпревар оваа сезона, а сега одлучи да ги прекине кошаркарските активности за да се посвети на закрепнување. Во својата објава, тој истакна дека има намера да соработува со Вориорс за да најде решение кое ќе им одговара на двете страни. Тој беше четвртиот избор на НБА драфтот и освои титула со Бостон Порзингис пристигна во НБА во 2015 година, кога Њујорк Никс го избраа за четврти играч на драфтот. Во текот на 11 сезони, тој промени шест клубови. Покрај Њујорк, тој играше за Далас Маверикс, Вашингтон Визардс, Бостон Селтикс и Атланта Хокс, пред да се приклучи на Голден Стејт Вориорс. Тој го постигна својот најголем успех во 2024 година, кога ја освои титулата во НБА со Бостон Селтикс. За време на својата кариера, тој се профилираше како еден од најпознатите европски високи играчи во НБА, благодарение на неговата комбинација од висина, шут за три поени и способност да ја брани обрачот. Иако неговата објава го поставува прашањето за продолжување на кариерата, Порзингис сè уште официјално не потврди дека трајно завршил со професионалната кошарка. Во својата кариера, тој одигра повеќе од 530 натпревари во регуларната сезона со просек од 19,5 поени и 7,6 скока.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран го укина ограничувањето за балистички проектили од 2.000 километри- колку е тоа опасно за светот? Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека самонаметнатата граница од 2.000 километри (1.200 милји) на дострелот на нејзините балистички ракети е укината, изјави денеска портпаролот на ИРГЦ, генерал Хосеин Мохеби.Тој рече дека Иран ќе ги покаже своите способности во пракса, наместо да дава изјави, пренесе АП. Тој не прецизираше дали иранската војска има балистички проектили способни да надминат дострел од 2.000 километри. Неговата изјава доаѓа неколку дена по изјавата на иранскиот врховен водач Мојтаба Хамнеи, кој рече дека Иран ќе одговори на заканите од САД или Израел „без географски ограничувања“. И покрај тврдењата дека го ограничува дострелот на своите проектили на 2.000 километри, во март Иран наводно се обидел, но не успеал, да ја погоди заедничката американско-британска база во Диего Гарсија во Индискиот Океан, која е на околу 4.000 километри (2.500 милји) од Исламската Република. Американските власти, исто така, посочија дека технологијата од иранската вселенска програма би можела да се пренамени за изградба на интерконтинентални балистички ракети.Тагови: Иран балистички проектили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХерцог утре го доделува мандатот за состав на нова влада- Ајзенкот доби поддршка од 67 пратеници Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови.Лидерот на партијата, Јашар Гади Ајзенкот, доби поддршка од 67 од 120 членови на израелскиот Кнесет за функцијата премиер, додека актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху доби поддршка од 46 членови, а израелскиот претседател Исак Херцог објави дека во недела, на 8 ноември, ќе одлучи кому ќе му го довери мандатот за формирање нова влада. По консултациите со претставниците на политичките партии, Херцог оцени дека резултатот е јасен, но најави дополнителни разговори пред да донесе конечна одлука. Партијата Јашар го повика претседателот што поскоро да му го довери мандатот на Ајзенкот, нагласувајќи дека поддршката од 67 членови на парламентот е најголемиот број што еден кандидат го добил од 2015 година. И покрај поддршката од мнозинството членови на парламентот, патот на Ајзенкот кон формирање влада останува неизвесен поради поделбата на опозициските партии. Како што објаснува „Тајмс оф Израел“, четири партии со вкупно 48 места одбиваат да соработуваат со две арапски партии кои заедно имаат 19 членови на парламентот, иако сите ја поддржаа неговата кандидатура. Дополнителна можност за формирање на ново мнозинство е одлуката на партијата Обединет Тора Јудаизам, која има седум места, да не го поддржува Нетанјаху. Според израелските медиуми, лидерот на партијата Јисраел Бејтену, Авигдор Либерман, е подготвен да разгледа соработка со ултраортодоксните партии со цел да се олесни отстранувањето на сегашниот премиер. Лидерот на арапската партија, Рам Мансур Абас, го поддржа Ајзенкот, но не го означи експлицитно Хамас како терористичка организација, што е еден од условите што Ајзенкот ги постави за потенцијалните коалициски партнери. Абас, сепак, изјави дека неговата партија го поддржува разоружувањето на Хамас. Претставниците на Заедничката листа исто така го поддржаа Ајзенкот, но најавија дека можат да поддржат малцинска влада од опозицијата, без директно да учествуваат во нејзиното формирање. Партијата Б'Јахад ја отфрли можноста за влада на национално единство со Ликуд на Нетанјаху, додека претставниците на Ликуд ја повикаа опозицијата да се приклучи на широка коалициска влада. Поранешниот шеф на безбедносната служба Шин Бет, Јорам Коен, изјави дека на Израел му е потребна стабилна влада и предупреди дека новите избори ќе ја игнорираат волјата на гласачите кои гласаа за промени на изборите минатата недела. Новиот Кнесет треба да се конституира на 10 ноември, кога се очекува и изборот на нов претседател на парламентот.Тагови: Исак Херцог Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter