Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз - Канал 5

Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз

Караванот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ го заокружи викендот со панел-дискусија во Струмица

Димитриевски од Струмица: Граѓаните паметат кој остана верен на принципите, а кој ги замени за функции и луксуз

Караванот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ го заокружи викендот со панел-дискусија во Струмица, од каде беше испратена јасна политичка порака, Македонија повеќе нема време за политики на изговори, поделби и лични интереси.

Во своето обраќање, претседателот на Движење ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека присуството на караванот во Струмица е потврда дека граѓаните бараат нов начин на политичко дејствување, политика која слуша, работи и одговара пред народот.

„Додека народот се бори за секој денар, додека земјоделецот се бори за својот труд и својот производ, некои политичари се натпреваруваат кој ќе покаже поскапа јахта, полуксузен одмор и поголема привилегија. Тоа не е политиката што ја заслужува Македонија. Политиката не е создадена за некој да живее подобро од народот, туку за да работи за народот.“ Димитриевски порача дека Македонија мора да стави крај на времето во кое политиката била користена како алатка за личен интерес и задржување на привилегии.

„Во политиката има луѓе кои влегле за да служат на народот, но има и такви кои политиката ја претвориле во лична корист и привилегија. Секој со својот крст. Граѓаните на Струмица многу добро знаат кој останал верен на идеите со кои започнал, а кој ги заменил принципите за удобност, функции и позиции. На крајот, не судат политичките центри на моќ, туку граѓаните, тие најдобро препознаваат кој се борел за нив, а кој за себе.“

Тој нагласи дека Движење ЗНАМ е создадено како одговор на политиките кои со години создаваа разочарување кај граѓаните и дека денес покажува дека може поинаку, без клиентелизам, без политички договори зад затворени врати и без ставање на партиските интереси пред државните.

„ЗНАМ не е создадено за да биде дел од старите политички матрици. Создадено е затоа што Македонија заслужува политика во која зборот има тежина, а резултатите се единственото мерило. Ние не бараме доверба заради функции, бараме доверба заради работата што ја правиме.“

Во рамките на панел-дискусијата, министерот за јавна администрација Горан Минчев говореше за реформите насочени кон создавање професионална, ефикасна и департизирана јавна администрација.Тој истакна дека институциите мора да бидат вистински сервис на граѓаните, а не алатка за партиски влијанија. Воспоставувањето на мерит-системот, професионализацијата на администрацијата и воведувањето современи стандарди во работењето се клучни чекори кон создавање држава која ќе биде поблиска, побрза и поефикасна за секој граѓанин.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски посочи дека Струмичкиот регион е доказ за потенцијалот што го има Македонија, но и пример дека земјоделците заслужуваат државна поддршка и сигурни политики. Тој нагласи дека земјоделството мора да биде стратешки приоритет, со политики за сигурен пласман, фер услови, модернизација на производството и партнерски однос меѓу државата и земјоделците.

Движењето ЗНАМ продолжува да ја гради својата политика врз директен разговор со граѓаните, чесно преземање одговорност и конкретни резултати, спротивно на политичките практики во кои граѓаните со години беа сведоци на празни ветувања, поделби и систем во кој малкумина имаа привилегии, а мнозинството ги носеше последиците.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.

Кашкавал  како залог за кредит? Оваа банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал  во вредност од 325 милиони евра.

Кашкавал како залог за кредит? Банка во својот трезор чува половина милион тркала кашкавал во вредност од 325 милиони евра.

Една италијанска банка го прифаќа кашкавалот „Пармиџано Реџано“ како залог за кредити и однапред им исплаќа на производителите меѓу 60 и 80 проценти од вредноста.

Кашкавалот кој се произведува во големи бакарни казани, и на крајот завршува како големо тркало.

Секое од нив тежи околу 40 килограми, а за неговото производство се потребни приближно 550 литри млеко.

По солењето во саламура, тркалата се редат на дрвени полици, каде што зреат најмалку 12 месеци, а многу од нив и по две до три години.

Токму овој долг процес на зреење создава проблем што нема многу врска со вкусот.

Производителот на млеко има трошоци на секои 30 дена, додека пари од готовиот производ – сирењето – добива дури по една или две години.

Помеѓу овие две точки постои јаз кој со векови претставува сериозен проблем за малите производители, бидејќи за време на зреењето нивниот капитал е практично „заробен“ на полиците.

Решението што се применува во Емилија банка веќе седум децении звучи речиси неверојатно, но всушност претставува многу сериозен банкарски производ: сирење како залог за кредит.

Италијанската банка „Credito Emiliano“ (позната како „Credem“) од Реџо Емилија ја спроведува оваа практика уште од далечната 1953 година.

Производителот ги носи младите тркала од „Пармиџано Реџано“ во магацинот на банката; банката ги презема, ја проценува нивната вредност и одобрува кредит во висина од 60 до 80 проценти од таа вредност.

Во меѓувреме, сирењето останува во магацинот на банката како залог и продолжува да зрее. Кога производителот ќе го отплати кредитот, сирењето го презема назад и го продава. Доколку не успее да го врати долгот, банката располага со стоката – која во меѓувреме честопати вреди повеќе отколку на денот кога била примена, што е прилично невообичаена карактеристика кога станува збор за залог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Паника во Глазгов: Змија напаѓа на улица

Змија се појави пред луѓе и почна да ги напаѓа. Исплашеното животно е пронајдено на прометна улица, а еден минувач успеа да го фати и да го предаде на обезбедувањето.

Видео: Паника во Глазгов: Змија напаѓа на улица

Необична глетка е забележана во Глазгов, каде што змија е пронајдена на прометна улица, а исплашеното животно се обидело да ги касне минувачите.

Видео објавено на социјалните мрежи ја покажува змијата како одеднаш се нафрла на луѓето што минуваат и се обидува да ги касне за глуждовите.

Глетката предизвикала страв кај минувачите, но експертите истакнуваат дека змиите од пченка генерално не се агресивни или отровни. Нејзиното необично однесување најверојатно било резултат на страв и стрес.

Овој вид не е роден во Велика Британија, па затоа се претпоставува дека е изгубено или напуштено домашно милениче. Змиите од пченка природно ги населуваат југоисточните делови на Соединетите Американски Држави.

Еден од случајните минувачи на крајот успеа да го фати животното и да го предаде на обезбедувањето во трговскиот центар „Сент Енок“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата.

Прва фестивалска вечер на „Битолски чалгиски денови“

Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ - фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола.

Вечерва, програмата продолжува.

Во 18:00 часот, Широк Сокак ќе биде исполнет со фестивскиот дух преку пајтонско дефиле, кое низ препознатливиот битолски амбиент ќе го најави вториот фестивалски ден.

Од 20:30 часот, во Старата битолска чаршија повторно настапуваат „Чапче и Тајфата“, а во 22:00 часот следуваат „Љубојна“ и Битолскиот чалгиски оркестар.

Битолски чалгиски денови е првиот фестивал посветен на чалгијата во Битола, кој се одржува во рамките на Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, во организација на Културно – информативниот центар, со поддршка од Општина Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер