Димитриеска Кочоска: Над 65% од вработените земаат плата помала од 25 илјади денари

Кочоска истакна дека власта многу добро знае дека над 65 проценти од вработените во државата земаат плата под 25 илјади денари, но тие оваа бројка ја кријат од јавноста.

Реалноста во Македонија е дека над 65 проценти од вработените работат за месечна плата помала од 25 илјади денари, огромен број граѓани ги изгубија своите работни места, претежно ниско платени и дека состојбата во економијата е навистина лоша. Ова го истакна Гордана Димитриеска Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Промоции на политики – Македонија за сите луѓе" која што се одржа во општина Карпош.

Во однос на последните објавени податоци за просечната плата од страна на Државниот завод за статистика која 28.721 денари, таа истакна дека иако од страна на власта постојано ветуваат просечна плата од 500 или повеќе евра, реалноста во Македонија е тоа што во државата постои фрапантна бројка на лица која земаат далеку потпросечна плата од онаа што во јавноста се лиферува.

Кочоска истакна дека власта многу добро знае дека над 65 проценти од вработените во државата земаат плата под 25 илјади денари, но тие оваа бројка ја кријат од јавноста.

„Ако ги погледнеме податоците на лицата, вработени кои што земаат плата, а при тоа се пријавени и со пензиско и здравствено осигурување, ќе видиме еден фрапантен податок. Односно, повеќе од 65% од овие лица имаат плата пониска од 25 илјади денари (25.000). Повторувам, 65 проценти и повеќе имаат плата помала од 25 илјади, а ние зборуваме за просечна нето плата во Македонија од 28 илјади денари", истакна Димитриеска Кочоска.

Таа потенцираше дека состојбата во македонската економија е лоша и дека во периодот откако почна пандемијата неколку десетици илјади македонски граѓани ги изгубија своите работни места. Кочоска додаде дека оние кои ги загубија својата работа, претежно имаа ниско платени работни места, нешто што придонесува за вештачки покачување на просечната плата затоа што на тие не го изгубија работното место не им е покачена воопшто платата.

„Во периодот на пандемијата имавме ситуација каде што се изгубија многу работни места, тоа сите го знаеме затоа сите имаме наши пријатели, познаници кои што ги изгубија своите работни места, а пред се се изгубија ниско платените работни места. Состојбата во економијата е лоша и во овие моменти загрижува растот на просечната плата поради фактот што, на овие кои што останаа на работа, платата не им се промени, меѓутоа во исто време имаме луѓе кои што изгубија работни места", истакна Димитриеска Кочоска.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер