Девојката во рингот на мечот меѓу Тајсон и Пол привлече внимание и стана вирална - Канал 5

Девојката во рингот на мечот меѓу Тајсон и Пол привлече внимание и стана вирална

Сиднеј Томас, ринг девојката на борбата Мајк Тајсон-Џејк Пол, речиси ги удвои следбениците на своите социјални мрежи по борбата во петокот на 15 ноември, во која Пол (27) ја победи боксерската легенда Тајсон (58).

Девојката во рингот на мечот меѓу Тајсон и Пол привлече внимание и стана вирална

Обожавателите долго ја чекаа борбата меѓу Тајсон, поранешниот светски шампион во тешка категорија и Пол, Јутјуберот кој стана боксер. Натпреварот се одигра на стадионот AT&T во Тексас и се емитуваше на Нетфликс, а иако гледачите будно ги следеа боксерите, внимание привлече и една од девојките во рингот Сиднеј Томас.

Ја следат 612 илјади луѓе

За само неколку дена бројот на следбеници на нејзиниот Инстаграм профил се зголеми од 236 илјади на повеќе од 555 илјади, а сега ја следат дури 612 илјади луѓе.

„Добивањето можност да стапам во рингот со Мајк Тајсон и Џејк Пол за таква историска борба е нешто што никогаш не можев да го замислам. Зборовите не можат да го опишат овој момент и колку сум благодарна што сум дел од таков неверојатен тим на „Most Valuable“. Историјата е направена и навистина ми е чест што сум дел од неа“, изјави Томас по борбата.

Стана вирална

Таа потоа објави видео на „TikTok“ каде што се буди во кревет и дознава дека станала вирална.

@iamsydneythomas im happy you guys enjoyed the broadcast!!😂❤️ #ringcardmodel #paultyson #netflix #mostvaluablepromotions #ringgirl ♬ OH MA GAWD - 𝘮𝘦𝘨𝘢𝘯🍸

„Се разбудив и видов дека сум вирална по борбата Тајсон против Пол... Среќна сум што уживавте во преносот“, напиша таа, а во коментарите и порачаа дека ова е нејзината шанса за слава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Во четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.

„Гответе со Дракче“ - Палента

Состојки за денешниот рецепт:

200 гр. палента

100 гр. кашкавал

50 гр. сирење

1 мала кисела павлака

20 гр. путер

сол, бибер,

сув зачин и свежо нане

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]

Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.

Здружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на contact@myla.org.mk

За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката.

Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

55 годишниот Хуберт Ивангер, министер за економија и заменик-премиер на германската покраина Баварија, е пронајден мртов во хотелска соба во Берлин.

Германски политичар пронајден мртов во хотелска соба! Мистериозна смрт ја потресе нацијата

Веста прв ја објави германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на извори од баварската покраинска влада и берлинската полиција. Ивангер бил пронајден во средата вечерта, на 4 ноември, во хотелот „Нојер Фриц“ (Neuer Fritz) во берлинската населба Мите.

Според весникот „Билд“, Ивангер требало да присуствува на отворањето на новата канцеларија на неговата партија „Слободни гласачи“ (Freie Wähler) во Берлин, но го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Германските медиуми пренесуваат дека претходно тој го откажал и планираното интервју. Политичарот престојувал во хотелот, а откако престанал да одговара, бил пронајден мртов во својата соба.

Според информации од весникот „Тагесшпигел“ (Tagesspiegel), Ивангер наводно првично имал симптоми на гастроинтестинална инфекција.

Берлинската полиција и обвинителството покренаа постапка за утврдување на околностите на смртта, со цел да се дознаат точната причина и текот на настаните, како и да се исклучи можноста за вмешаност на трети лица.

Весникот „Тагесшпигел“, повикувајќи се на полициски извори, објави дека засега нема индиции за надворешно влијание и дека се претпоставува оти смртта настапила од здравствени причини.

Според весникот „Билд“, на телото на политичарот не се забележани надворешни повреди, а засега нема ниту првични сомневања дека станува збор за кривично дело. Сепак, истрагата е во тек, а официјалната причина за смртта сè уште не е соопштена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер