Девојката на Погба не се прослави во фудбалскиот предизвик со тоалетна хартија (ВИДЕО)

Девојката на фудбалската ѕвезда  Пол Погба се обиде со популарниот предизвик со тоалетна хартија.

Овој предизвик се рашири меѓу фудбалерите по избувнувањето на коронавирусот, а Французинот и даде можност на подобрата половина да ги покаже своите вештини.

Марија Зулај Салаус ја зеде ролната тоалетна хартија и самоуверено тргна во предизвикот, но многу брзо приказната заврши неславно откако изгуби контрола.

Таа успеа само двапати да ја задржи ролната во воздухот, по што промаши и со ролната го погоди во глава  нејзиниот 14-месечен син.

„Ова се случува кога го испробав овој предизвик“, напиша таа на Инстаграм во описот на видеото.

притисни ентер