Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој
1Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој
СветДевојка починала во автобус- на телото ѝ биле залепени 26 Ајфони Полицијата ја истражува смртта на 20-годишна Бразилка која починала во автобус со 26 iPhone-и залепени на кожата.Младата жена, чиј идентитет не е објавен, починала од срцев удар на 29 јули, според извештаите на неколку медиуми, вклучувајќи го и Дејли Мејл. Полицијата се сомнева дека се обидувала да ги прошверцува телефоните, објавува „Њујорк Пост“. Патниците во автобусот рекле дека младата жена, која патувала сама, се струполила на подот, според извештаите на медиумите. Луѓето рекле дека се струполила и починала кога автобусот застанал во град во централниот регион Парана во Бразил. Службите за итни случаи се обидувале да ја реанимираат 45 минути, но подоцна рекле дека не го преживеала нападот. Таа била прогласена за мртва на местото на настанот. Додека се обидувале да ја спасат, медицинските лица откриле пакети залепени на нејзината кожа. Пакетите се покажале како 26 iPhone-и. Полицијата, исто така, пронашла неколку шишиња алкохол во нејзиниот багаж, објавува „Њујорк пост“. Тамошната полиција чека форензички извештај пред да може да ја утврди причината за нејзините тешкотии со дишењето и срцев удар. Телефоните сега се во рацете на Федералната даночна управа на Бразил.Тагови: автобус ајфони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЉутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развојМинистерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ .Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков и министерот за локална самоуправа, Златко Перински денеска беа дел од почетниот настан на проектот „CulTour Crossing Borders“ („Антички Европос – Дојранско Езеро – Римски терми Банско: Преминување на границите за одржлива култура и туризам“), кој се реализира во рамки на Програмата Интерег VI-А ИПА за прекугранична соработка со Република Грција. Домаќини на настанот беа директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, Бране Георгиев, претставници на партнерските организации и институции вклучени во реализацијата на проектот. Проектот е со вкупна вредност од 1.382.043 евра и се реализира во период од 24 месеци. Вредноста на активностите што ги спроведуваат македонските партнери изнесува 451.603 евра, додека Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во износ од 90.321 евра. Во рамки на проектот ќе се реализираат активности за заштита и ревитализација на локалитетот Римски терми – Банско, изградба на потпорни ѕидови, поставување туристички инфо-пункт со поставување фотоволтаичен систем, уредување на пристапните патеки за посетители и современа кровна конструкција за заштита на археолошките остатоци. Министерот за локална самоуправа Златко Перински истакна дека проектот претставува уште еден успешен пример за тоа како европските фондови можат да придонесат за локален развој, подобрување на туристичката понуда и валоризација на културното наследство. „Прекуграничната соработка не значи само финансиска поддршка. Таа создава можности за нови инвестиции, размена на искуства и реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните. Во поширок контекст, проектот е дел од првиот повик на Програмата Интерег VI-А ИПА со Грција, во чии рамки беа одобрени вкупно 19 проекти со буџет од над 18 милиони евра. Во нив учествуваат 36 корисници од нашата држава, со вкупна вредност на проектите од 8,6 милиони евра. Овие бројки покажуваат дека институциите и организациите од земјава успешно ги користат можностите што ги нудат европските програми за реализација на проекти од локално и регионално значење“, изјави Перински. Тој посочи дека Струмица е една од општините во кои во континуитет последнава година се реализираат значајни проекти со поддршка од домашни и европски извори на финансирање. „Ме радува што во изминатиот период почесто сум во Струмица поради реализација на различни развојни и инфраструктурни проекти. Искрено посакувам тоа да продолжи и во иднина, бидејќи секоја нова посета значи нова инвестиција, нов проект и нова придобивка за граѓаните. Покрај поддршката преку европските програми, преку двата јавни повика за инфраструктурни проекти Општина Струмица доби поддршка за 12 проекти во вкупна вредност од 335.482.797 денари“, нагласи Перински. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков истакна дека со проектот започнува нова фаза во заштитата и туристичката валоризација на еден од најзначајните археолошки локалитети во државата. „Подготвени се сите потребни документи и дозволи, завршени се јавните набавки и започнува реализацијата на градежните активности. Проектот се реализира во партнерство со институции и организации од Северна Македонија и Грција, што е уште еден пример за значењето на прекуграничната соработка. Нашата цел е културното наследство да биде зачувано, но и ставено во функција на развојот – преку културниот туризам, нови можности за локалната заедница и поголема афирмација на богатото наследство на нашата држава“, изјави Љутков. Проектот „CulTour Crossing Borders“ ги поврзува локалитетите Антички Европос во Килкис, Дојранското Езеро и Римските терми во Банско во заедничка прекугранична културно-туристичка рута, која ќе биде поддржана со дигитални содржини, промотивни активности и современи решенија за презентација на културното наследство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
МакедонијаПретседателот Гаши се сретна со амбасадорот на Кралството Шведска, Ола СолстромПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Солстром.На средбата беше потврдена одличната билатерална соработка меѓу двете држави, како и силното партнерство во рамките на НАТО и меѓународните парламентарни организации. Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ѝ ја дава на Македонија во процесот на европска интеграција. Во разговорот беше истакната важноста од задржување на политиката на проширување високо на агендата на Европската Унија, како клучен инструмент за зајакнување на мирот, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Амбасадорот Солстром ги поздрави одличните односи меѓу двете држави и посебен акцент стави на работата на Собранието и на реформските процеси кои се спроведуваат во насока на зајакнување на демократските институции и напредокот кон Европската Унија. Тој уште еднаш ја потврди силната и континуирана поддршка на Шведска за европската интеграција на Македонија, истакнувајќи дека Македонија несомнено припаѓа на европското семејство. Соговорниците се согласија дека одличната соработка меѓу двете пријателски држави треба и понатаму да се продлабочува, со посебен фокус на унапредување на економската соработка, инвестициите и меѓупарламентарните врски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00ОЈО бара притвор за скопјанецот осомничен за палењето кај бугарската амбасада08:52Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13
ЕП го изгласа Извештајот за Македонија, но во финалната верзија останува делот за очекувањата од Историската комисија 15:00
Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје19:20
Ден по инцидентот пред бугарската амбасада, се уште не е јасно кои се мотивите и за какво дело ќе одговара сторителот15:00
ЗабаваШкотланѓаните го испија целото пиво, пресушија пабовите низ Бостон!Пристигнувањето на илјадници навивачи на Шкотска на Светското првенство предизвика неочекуван проблем во Бостон - недостиг на пиво низ целиот град.Бостонските пабови пресушија - Шкотланѓаните го испија целото пиво! За време на групната фаза од Светското првенство, Шкотска игра два натпревари во Бостон, а голем број навивачи на популарната „Тартанска армија“ отпатуваа во САД за да го поддржат својот тим. Сепак, нивната жед им нанесе сериозен притисок на локалните пабови и дистрибутерите на алкохол. @nbcnews Rep. Barry Moore won the Republican primary runoff in the Alabama Senate race, NBC News projects, making him the heavy favorite in the general election to succeed Sen. Tommy Tuberville this fall. ♬ original sound - nbcnews Сопствениците на ресторани открија за NBC News дека биле принудени да прават итни и непланирани набавки, но наскоро се соочиле со нов проблем - дури и добавувачите немале доволно залихи за да ја задоволат огромната побарувачка. Шкотските навивачи особено го бараат своето омилено пиво, Tennent's Lager, па затоа некои пабови однапред нарачале поголеми количини. Сепак, дури ни тоа не беше доволно за да се задоволи побарувачката, поради што многу барови останаа без залихи, а истото се случи и со дистрибутерите. The Tartan Army 🏴 is on the march to Fenway Park. Fenway is going to have the best vibes it’s had all year tonight pic.twitter.com/LLGscQPxbm — Barstool Sports (@barstoolsports) June 14, 2026 Шкотска го одигра првиот натпревар од турнирот во Бостон и го победи Хаити со резултат од 1:0. По средбата со Бразил во Мајами, шкотскиот тим се враќа во Бостон, каде што ќе ја заврши групната фаза со натпревар против Мароко.Тагови: пиво СП2026 Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter