Автобус падна од мост во река во Русија- во него имало 25 патници (ВИДЕО) - Канал 5

Автобус падна од мост во река во Русија- во него имало 25 патници (ВИДЕО)

Автобус падна од мост во река во Кубањската област во јужна Русија, а сите 25 патници во него се спасени, соопшти денес оперативниот штаб на Краснодарската област.

Автобус падна од мост во река во Русија- во него имало 25 патници (ВИДЕО)

„Во селото Дефановка, по улицата Колцеваја, автобус падна од мост во река. Вработените во Кубањ-СПАС ги спасија сите 25 лица“, се вели во соопштението, кое го пренесе Интерфакс.

Седум лица учествувале во спасувачката операција.

Претходно било објавено дека реките во Туапсеската област се излеале од своите корита и поплавиле бројни области.

Спасувачите започнаа со евакуација на детските кампови и жителите чии домови се наоѓаат во област склона кон поплави поради заканата од поплави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По вонредна инспекција, ќе се урива дивоградба во старото градско јадро во Охрид

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид .

По вонредна инспекција, ќе се урива дивоградба во старото градско јадро во Охрид

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе спроведе присилно административно уривање на бесправно изграден објект во старото градско јадро во Охрид откако при вонредна инспекција било утврдено дека сопственикот не постапил по претходно донесено решение за отстранување на дивоградбата.

Како што информираа од Министерството за транспорт, вонредниот инспекциски надзор бил извршен по информации добиени од јавноста. Државен инспектор излегол на терен и извршил контрола при што било утвредено дека и покрај претходно донесеното решение од страна на инспекторатот за отстранување на објектот, по истото не е постапено. Согласно наодот на државниот инспектор, инспекторатот ќе донесе налог за присилно административно отстранување на објектот согласно позитивните законски прописи“, се наведува во соопштението од Транспорт и додаваат дека остануваат силно посветени на борбата против нелегалните градби и дека законот за градење ќе се применува подеднакво за сите, без исклучоци и без селективност, насекаде низ државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Шумски пожар во местото Тијана, во близина на Барселона, е ставен под контрола, а полицијата уапси маж за кој се сомнева дека е вмешан во неговото предизвикување, објавија денеска шпанските власти.

Ставен е под контрола пожарот во близина на Барселона- уапсен е пироманот

Регионалната служба за цивилна заштита го укина полицискиот час за жителите на Тијана, Сант Фост де Кампсентељес, Марторелс и Санта Марија де Марторелс, кој беше воведен во текот на денот поради пожарот, но препорача граѓаните да бидат внимателни и да ги следат упатствата на надлежните служби, објави RTVE.

Пожарникарите соопштија дека околу 30 копнени екипи и еден авион сè уште се вклучени во гаснењето на пожарот, додека постепено намалување на бројот на вклучени сили се очекува во текот на вечерта.

Каталонската полиција (Mosos d'Esquadra) уапси маж за наводна вмешаност во предизвикување шумски пожар во Тијана, кој се проширил во околните градови и загрозил околу 16.000 луѓе.

Пожарот избувнал околу 10:45 часот наутро во областа на депонија помеѓу Тијана и Монгат, и се проширил на околу 38 хектари земјиште. Чадот беше видлив од Барселона.

Не се пријавени повредени за време на интервенцијата и не е предизвикана никаква штета на станбени згради, соопшти противпожарната служба.

Регионалниот пат Б-500 помеѓу Бадалона и Молет дел Валес исто така беше привремено затворен поради пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Зелено'ртските Острови се сензацијата на Светското првенство!

Ибрахимовиќ остана без зборови по најголемата сензација на Мундијалот- Зелено’ртските острови (ВИДЕО)

Островјаните испишаа историја за својата земја и фудбал, и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот откако голманот Возиња и неговиот тим ремизираа со Саудиска Арабија (0:0). Овој резултат го воодушеви и легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Ибрахимовиќ, кој се најде во улога на стручен консултант на ова првенство, го коментираше овој резултат од своја перспектива.

- Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонувате големи соништа. Но, морам да му оддам признание на Тиери, бидејќи тој го кажа тоа уште пред почетокот на турнирот. Внимавајте на Зелено'ртските Острови. Дали ова е турнир за африкански репрезентации? Сè уште не сме дознале. - рече Ибрахимовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер