Девојка по грешка била пуштена од затвор- цел месец ги исмевала властите на ТикТок (ВИДЕО) - Канал 5

Девојка по грешка била пуштена од затвор- цел месец ги исмевала властите на ТикТок (ВИДЕО)

Макензи Дон Харди (24) од канадската покраина Алберта била уапсена по еден месец бегство откако погрешно била ослободена од поправен дом.

Девојка по грешка била пуштена од затвор- цел месец ги исмевала властите на ТикТок (ВИДЕО)

Властите потврдија дека таа е пронајдена во Ревелстоук заедно со нејзиниот соучесник, Дејвид Џозеф Вуд (27), објавува CBC News.

Што се случи?

Харди првично беше уапсена во март и обвинета за поседување украден имот и возење под дејство на алкохол.

Сепак, таа брзо го напушти затворот откако на персоналот им беше презентирана фалсификувана документација дека обвиненијата се отфрлени.

Полицијата тврди дека Вуд е таа што го планирала и извршила „ослободувањето“ на 24-годишната, а издадена е и потерница за нејзино апсење.

Онлајн поддршка

Додека се криеше, Харди беше многу активна на TikTok, каде што објавуваше видеа од себе, исмејувајќи ја полицијата и негирајќи дека документите се лажни.

Во тој период, бројни корисници ја поддржаа, додека таа отворено зборуваше за своето бегство и им се потсмеваше на властите.

„Не е препорачливо да ги предизвикувате службениците за спроведување на законот преку социјалните медиуми додека се криете“, рече наредникот Трој Савинкоф.

@kenzies.on.the.lamb #mackenziedawnhardy ###inmate #2132522 #escapejail #fortsaskatchewancorrectional #rcmp #globalnews @Globalnews.ca ♬ Breaking News - Breaking News

Нови обвиненија

По повторното апсење, девојката е обвинета за бегство од затвор, додека нејзиниот соучесник е обвинет за помагање, кражба на идентитет и користење лажни документи.

@kenzies.on.the.lamb When I walked out, the system called it a mistake. I call it God’s timing. He’s got one year left. I’m not wasting it. #OnTheRunWithLove #MiracleTiming #FugitivesOfLove #mackenziedawnhardy #2132522 #globalnews #love #cancer ♬ original sound - Kenzie’s On A Frenzy

Тие беа изведени пред судија и задржани во притвор, а ќе бидат префрлени во поправен дом до почетокот на судењето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации.

Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Мерката „Самовработување - Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокада

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка. 

Изборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокада

Од владејачкото мнозинство велат дека очекуваат консензус, но од опозицијата најавија блокада.

Пред собранието е Сандра Спасовска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат

Владата прави детална анализа на цените на прехрнабените производи по што ќе се знае дали и какви мерки ќе бидат применети со цел нивно намалување. 

Мицкоски: Јас лично работам на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат

Премиерот Христијан Мицкоски вели лично тој се занимавал со тоа прашање и во моментов работат на методоглоија на идентификување на оние 600 -7 00 произовди кои влијаат врз потрошувачката кошничка.

Одговарајќи на новинарско прашање дали може да се очекува намалување на цените на храната, Мицкоски вели дека Владата темелно навлегува во проблематиката... Ова доаѓа откако пред една недела во владата се одржа средба со претставници на најголемите маркети во државата, а според најавите во деновите кои следат ќе има и средби со добавувачите и производителите.

„Јас лично еве ви велам работам на методологија на идентификување на тие 600 – 700 производи кои што статистички се мерат и директно на нив ќе одиме ако треба фактура по фактура и еден по еден производ ќе ги анализираме каде можеме да покачиме и како така што ова е една темелна операција што лично ја водам и очекувам мнпогу скоро да имаме резултати кои ќе бидат видливи на терен. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Од сојузот на стопански комори велат во однос на цените на хтранта најдобро е да се анализираат цените пред и по кризата за да се утврди дали и каде имало злоупотреби. Дополнително велат на сила е и законот за нефер трговски практики кој дпоред нив е најсоодветна алатка за утврдување нерегуларности.

Во однос на цените на нафтените деривати од владата велат и по денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, македонските граѓните да точат бензин и гориво по најниски цени, споредбено со земјите од регионот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер