Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветАлбанец од Косово е осуден на 10 години затвор во САД поради членство во Исламската државаМинистерството за правда на Соединетите Американски Држави објави дека Албанец од Косово, Лирим Сулејмани (49), кој има и американско државјанство, е осуден на 10 години затвор.Министерството за правда на Соединетите Американски Држави објави дека Албанец од Косово, Лирим Сулејмани (49), кој има и американско државјанство, е осуден на 10 години затвор од страна на Окружен суд на САД за членство во терористичката организација Исламска држава (ИСИС). Според соопштението на Министерството за правда на САД објавено на 2 јуни, Сулејмани, познат и како Абу Сулејман ал-Косова, се изјаснил за виновен на 12 декември, признавајќи дека поминал воена обука во таа организација, која е окарактеризирана како терористичка, пренесе Косова Прес. Во оваа прилика, федералниот судија Рудолф Контрерас ја изрече пресудата на 2 јуни и нареди Сулејмани, по издржувањето на казната, да биде под доживотен надзор. „Сулејмани ќе помине една деценија во затвор размислувајќи за предавството што го изврши против оваа земја. Секој што мисли дека ИСИС е решението, треба повторно да размисли. Ќе одиме до крај за да го спречиме секој поединец кој има за цел да им наштети на нашите граѓани“, рече обвинителот Пиро, се вели во соопштението. Според документите што ги поседува американското Министерство за одбрана, се наведува дека Сулејмани дошол во Сирија во ноември 2015 година со своето семејство, каде што живеел до 2019 година и дека во тој период поминал 21 ден воена обука, за време на која научил да користи оружје како што се АК-47, М-16 и рачни гранати, а потоа бил распореден во батаљон во Мосул, Ирак. Исто така, се додава дека тој положил заклетва на верност на поранешниот лидер на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади, и дека во мај 2016 година учествувал во битката за Манбиџ против коалициските сили предводени од САД. Солејмани и неговото семејство биле заробени од коалициските сили на 27 февруари 2019 година, додека биле во Багуз, последното упориште на ИСИС. По неговото заробување, Солејмани бил задржан во затворот Даштиш под надзор на Сириските демократски сили, а потоа бил предаден на американските власти на 15 септември 2020 година, за да се соочи со правдата. Во соопштението се наведува дека Заедничката работна група за тероризам на ФБИ работела на случајот и дека Сулејмани бил гонет од федерални обвинители од Министерството за внатрешна безбедност.Тагови: Косово Исламска држава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter