Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
2Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
ЗабаваДевојка му се “лизна“ од карпа, а тој не само што не и помогна туку направи нешто уште полошо (видео)Уживањето во морето и сонцето за овој пар можеше да се претвори во вистинска катастрофа, бидејќи скокањето во еден момент тргна на лошо.Девојката и момчето наизменично скокаа во морето, кога девојката се лизна, а тој направи нешто прилично шокантно. Во моментот кога сакала да се одрази, девојката изгуби рамнотежа, и падна од карпата на која не можеше да се задржи. Притоа автоматски сакаше да го фати своето момче за ногата, но тој брзо ја повлече, а таа падна во морето. Видеото кое го објави корисникот на Редит, доби многу коментари. Иако повеќето го критикуваа момчето, многумина во вистински момент забележале дека повредите би биле многу поголеми доколку таа ја дофатила неговата нога и би го повлекла со себе. Оваа авантура ја сними Александар Тијхомиров, па овој дел од летувањето може да го пронајдете во нешто подолгата снимка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако ајкулата не успеала сама да го најде патот назад кон отвореното море, но обидот бил неуспешен. Крајбрежната стража и други служби ангажирале пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови. Thousands of people have flocked to a waterfront park in the South Korean city of Busan to see a large shark that became trapped in a narrow canal. The 3.5-metre shark – nicknamed Bukang-i after Busan’s North Port – was first spotted in the waterway on 18 September. It has since… pic.twitter.com/kcskeeOr3g — Channel 4 News (@Channel4News) September 29, 2026 Ајкулата дури добила и прекар Како што пренесе весникот „Чосун дејли“, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат ајкулата од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана вистинска ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“. Trapped Shark Draws Over 600,000 Visitors in South Korea’s Busan | Asia One News A 3.5-metre shark trapped in a canal at Busan’s North Port has become an unexpected tourist attraction, drawing more than 600,000 visitors. Nicknamed “Bukang-i,” the shark was first spotted in the… pic.twitter.com/s0B0M4c0oZ — ASIA ONE NEWS (@AsiaOne_News) September 30, 2026 За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетиле крајбрежниот парк каде што се појавила ајкулата. Според соопштението од градот Бусан и медиумските извештаи, паркот вообичаено привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите. Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот. И други приказни поврзани со животни претходно привлекле големо внимание во Јужна Кореја. Извор: Индекс.хрТагови: ајкула Јужна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрогаОпштина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства.Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување за пристап до здравствена заштита и остварување на социјалните права, како и информации за намалување на ризиците поврзани со употребата на дроги. „Им порачувам на младите дека не се сами и дека имаат каде да се обратат. Понекогаш првиот и најважен чекор е разговорот и довербата во човек кој знае како да помогне. Тоа е и целта на овој проект – да дадеме стручна поддршка навреме, но и да делуваме превентивно, затоа што зависноста може да остави сериозни последици врз животот на младите и нивните најблиски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Од мај до август 2026 година, Дневниот центар го посетиле 71 корисник, при што се реализирани 274 посети и обезбедени 481 услуга. Фокусот е ставен врз младите и нивните семејства, со цел ризикот да се препознае навреме и да се спречи продлабочување на проблемот. Покрај директната поддршка, преку овој проект се реализираат и активности за информирање и активно вклучување на младите во креирањето информативни и едукативни содржини за злоупотреба на психоактивни супстанции и штетните последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОколу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто СкопјеОколу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје.Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град. Акцијата ја обедини граѓанската заедница околу заедничката цел – подобрување на животната средина и создавање почисти и побезбедни простори за сите жители на Скопје. Со засукани ракави и личен пример, учесниците чистеа јавни површини, паркови, населби и други локации низ градот, испраќајќи порака дека грижата за животната средина е заедничка одговорност. „Околу 30.000 вредни и посветени луѓе денеска покажаа колкава сила има градот кога се обединува околу заедничкото добро“, беше истакнато во рамки на акцијата. Посебен акцент беше ставен на потребата од создавање трајни навики за одржување на јавните простори. Како што беше посочено, секоја исчистена површина значи поздрав простор за живот, побезбедно место за игра на децата и поквалитетно секојдневие за граѓаните. Воедно, беше упатен апел до граѓаните да го почитуваат вложениот труд и да придонесуваат кон зачувување на чистотата на јавните површини. Најавено е дека вакви акции ќе продолжат да се организираат двапати месечно, со цел граѓанската одговорност и грижата за животната средина да прераснат во трајна навика. „Чистиот град започнува од нас – од грижата за сопствената улица, парк и маало. Денешната акција покажа дека кога граѓаните се обединуваат, може да се направи значаен чекор за почисто и поубаво Скопје“, беше порачано. Организаторите упатија благодарност до сите граѓани, волонтери, институции, јавни личности и претставници на дипломатскиот кор кои се приклучија на акцијата и со својот ангажман дадоа придонес кон заедничкиот градски простор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11