Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите
2Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите
3Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
ЖивотДевојче починало зашто родителите ѝ го запреле инсулинот, верувале дека Господ ќе ја излекува Елизабет Струс (8) од Австралија починала откако родителите наводно ја оставиле болна да се снаоѓа, мислејќи дека Бог ќе и помогне.Девојчето починало од дијабетес во 2022 година, откако нејзините родители и уште 12 членови на нивната црква ја оставиле со надеж дека Бог ќе ја излечи со тоа што ќе и го одбијат инсулинот. Постарата сестра на Елизабет, Џејд Струс, пораснала и била воспитувана со екстремни верувања додека не била исфрлена од семејството на 16-годишна возраст. „Да знаев што ќе се случи со неа, одамна ќе ја скршев вратата“, рече Џејд. Нејзините родители и нивната култна црква се нарекуваат себеси „Светци“, а водачот Брендан Стивенс и таткото на Елизабета, Џејсон, се главните осомничени за убиството на девојчето. Останатите 12 членови, меѓу кои и мајката и братот на Елизабета, се обвинети за убиство од небрежност. Има откритија дека родителите на Елизабет толку ја занемариле нејзината здравствена состојба што во 2019 година не ги обезбедиле основните животни потреби токму во моментот кога таа била тешко болна. Девојчето било сериозно исцрпено и слабо, поради што нејзината мајка морала да ја турка низ куќата со количка, а во една прилика изјавила дека „Бог нема да ја изневери овде“ и дека „тој може да го поправи ова“. За жал, кога таткото го однел девојчето во болница, таа веќе била во кома. Решил да ја однесе во болница кога сфатил дека сѐ отишло предалеку... Елизабет имала само 13 килограми кога пристигнала во болница, а медицинската сестра која ја примила мислела дека девојчето е веќе мртво поради тоа колку лошо изгледало. „Не дојде на гости, не ја видов ниту еднаш во 2019 година, воопшто не сакаше да се меша“, изјави Џејд за нејзината мајка, која никогаш не ја посетила Елизабета. На суд во 2021 година, Џејсон Струс се изјаснил за виновен дека не ги обезбедил потребите за живот на својата ќерка, покажувајќи крајно каење за што е осуден на шест месеци затвор. Исто така, мајката на Елизабета е осудена, но на подолга казна од 18 месеци, додека по одлежувањето на 5 може да побара условно ослободување. „Прифаќам дека научивте голема лекција од ова и дека никогаш не би дозволиле ова да се повтори“, изјавил судијата на судењето на таткото Џејсон. Кери Струс е ослободена од затвор на 15 декември 2021 година. Само три недели подоцна, на 7 јануари 2022 година, Елизабет починала, пренесува 9now. Досега сите 14 обвинети одбиле правна помош, што не ја изненадува криминологот д-р Ксанта Малет од Универзитетот во Њукасл. Судењето се очекува да започне во јули следната година и да трае три месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканГолем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)Голем шумски пожар што избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција доведе до евакуација на жителите и затворање на еден главен пат.Десетици домови се евакуирани, како и одделението за интензивна нега во локалната болница, а автопатот помеѓу Фетије и Анталија е затворен поради густ чад, објавува Бианет. Пожар потпомогнат од ветер се прошири Пожарот избувна на обработливо земјиште во населбата Бајир во округот Сејдикемер во Турција. Силните ветрови потоа го проширија во блиската шума. Пожарот се гаси од воздух и од копно, а според соопштението од канцеларијата на гувернерот на Мугла, на терен се распоредени речиси 400 луѓе, пет авиони и 12 хеликоптери. Turkey: A fast-moving forest fire in Seydikemer, Muğla has spread to the Seydikemer–Fethiye highway. Strong winds are making it really difficult for the firefighters. pic.twitter.com/qmxa8vv8KG — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) July 29, 2026 Превентивни евакуации Како мерка на претпазливост, властите евакуираа 65 лица од 43 домови лоцирани во близина на местото на пожарот. Одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер се исто така евакуирани. Болницата е оддалечена околу 2,5 километри од пожарот. JUST IN - Wildfire in southwestern Turkey forces evacuations, closes highway pic.twitter.com/qq4Wcj4pLA — Insider Paper (@TheInsiderPaper) July 29, 2026 Прекин во сообраќајот Автопатот што ги поврзува Анталија и Сејдикемер е затворен за сообраќај. Властите соопштија дека пожарот и густиот чад целосно го покриле подрачјето, што го направило сообраќајот небезбеден.Тагови: пожар турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
ФудбалАл-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбилПретседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили откри дека бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси.Според првиот човек на Ал-Итихад, клубот му понудил на капитенот на Аргентина фантастични 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, за трансвер во Саудиска Арабија, но Лео без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами. „Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили. Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата без многу размислување ја одбил фанстатичната понуда бидејќи сакал да остана доследен на своите лични приоритети и изборот во иднина да продолжи да живее во САД иако саудискиот клуб бил подготвен да понуди историски договор. 39 годишниот Меси по заминувањето од Париз, од 2023 живее во Мајами во САД, каде го носи дресот на Интер Мајами.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
МакедонијаМицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформитеПремиерот Мицкоски денеска одржал работен состанок посветен на реформската агенда, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.На состанокот се зборувало за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети. На состанокот на кој учествувал и заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски, во фокусот биле и реформите во јавната администрација, информираа од ресорното министерство Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата, изјави денеска Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter