Деветнаесети протест „Србија против насилството“ со блокада и прошетка до ТВ Пинк - Канал 5

Деветнаесети протест „Србија против насилството“ со блокада и прошетка до ТВ Пинк

Во Белград и во уште неколку градови во Србија синоќа се одржа осумнаесетиот протест „Србија против насилството“ со протестна прошетка и блокада на централните белгадски улици од Владата до ТВ Пинк, јави дописникот на МИА од Белград.

Деветнаесети протест „Србија против насилството“ со блокада и прошетка до ТВ Пинк

Оваа рута е избрана затоа што на телевизија Пинк повторно е актуелно едно од барањата на протестот – укинување на реалните шоуа.

Водителот на протестот Смиљан Бањац на почетокот рече дека телевизија Пинк не ја променила уредувачката политика, туку дека започнала ново реално шоу кое, како што наведе, ја навредува интелигенцијата и достоинството на човекот. Тој повика на таа телевизија и на Хепи да им „спречи злоупотреба на националната фреквенција“.

Претходно, на прес-конференција во српското Собрание, шефот на Зелено-левиот пратеничкиот клуб, Радомир Лазовиќ, рече дека прошетката до ТВ Пинк е затоа што таа телевизија „не ја променила уредувачката политика полна со насилство и омраза, туку започна и со нов реалити програма“.

Исто така, оваа недела претставници на опозицијата, која ги организира протестите „Србија против насилството“, на прес-конференција најавија дека ќе бараат итни парламентарни избори и за градот Белград. Тие потоа почнаа да ја блокираат работата на собранието.

Говорејќи за барањето за распишување избори, претседателот на Србија Александар Вучиќ, вчера изјави дека за тоа разговарал со претставниците на владејачките политички партии и дека постои волја да се исполнат барањата на опозицијата. Сега, како што наведе, остануваат уште технички детали како и во кој момент тоа да се спроведе.

Претседателот на ДС Зоран Лутовац на ова изјаваа на Вучиќ изјави дека ако Александар Вучиќ мисли дека е подготвен за избори како што беа досега - тоа не се избори.

-Сакаме слободни избори. Што се однесува до консултациите на опозицијата, немаме за што да се консултираме - побаравме слободни и фер парламентарни и белградски избори, кои ќе бидат одвоени, рече тој.

Лутовац рече и дека „ако мислат да распишат избори како што беа досега, ќе имаат кампања на улица“.

Барањата на протестите Србија против насилството се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се ТВ Пинк и Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција БИА Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за сабота, 3 октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности.

Кариера

Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа.

Здравје

Уживајте во спортот или во уметноста.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати.

Здравје

Денеска знаете што сакате.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола.

Кариера

Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа.

Здравје

Ќе водите војна со апетитот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво.

Кариера

Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи.

Здравје

Помогнете му на член од семејството.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете.

Кариера

Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно.

Здравје

Трпение, спасение.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја.

Кариера

Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри.

Здравје

Не истражувајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството.

Кариера

На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување .

Здравје

Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија.

Кариера

Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба.

Здравје

Не се напрегајте толку многу .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава.

Кариера

Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално.

Здравје

Може да ве прогласат за генијалец на денот.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став.

Кариера

Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог.

Здравје

Слушајте го својот внатрешен глас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво.

Кариера

Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро.

Здравје

Немојте да бидете практични.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални.

Кариера

Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата.

Здравје

Силни сте и здрави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари.

„Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм.

Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез.

Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка

Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“.

„Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера.

„Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

Само 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар.

Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември.

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти.

Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“.

Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер