Деветмина се повредени во напад со киселина во Германија- полицијата го уапси напаѓачот

Девет лица се повредени кога маж ги испрскал со киселина во кафуле во Бохум, на истокот на Германија.

Инцидентот се случил вчера во 15:25 часот, кога маж влегол во градината на кафулето и со киселина испрскал маж кој седел на маса, како и жена која седела со него и келнерката.

Напаѓачот си заминал, но многу брзо бил уапсен недалеку од кафулето, пренесува CNN.

Во акцијата биле повредени и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со киселината.

Засега не е познато кој бил мотивот на нападот, а човекот кој бил нападнат прв има, според извештаите, многу сериозни повреди.

Обезбедувањето на стадионот во Франкфурт брутално претепуваат португалски навивач (ВИДЕО)

На интернет кружи шокантно видео кое го објави португалскиот портал Рекорд.

На него е прикажана сцена од натпреварот помеѓу Португалија и Словенија во осминафиналето на Европското првенство на стадионот во Франкфурт. Цела група домашни обезбедувачи од непозната причина брутално претепале навивач на Португалија.

На почетокот двајца го држат, а третиот го удира. Откако заедно паднале на земја, пристигнале уште обезбедувачи, а навивачот бил постојано удиран со тупаници и клоци. Случајот го истражува германската полиција.

„Можам да потврдам дека сме свесни за инцидентот и дека полицијата истражува што се случило“, изјави денеска портпаролот на полицијата во Франкфурт.

Гордана Силјановска-Давкова во „Само Интервју“

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски екслузивно ќе гостува Гордана Силјаноска-Давкова, веднаш по вестите.

Неупотребата на „Северна“ во заклетвата предизвика грчко цунами уште на стартот на мандатот, ќе ни стане ли Атина повтроно пречка за интеграциите или фамата беше само издувен вентил на Мицотакис пред евроизборите?

Стратешките партнери ни порачаа дека нема можност за репреговарање на Францускиот предлог, ако до пред два месеци бевме во зона на демократски самрак, каде сме сега? Станавме ли повторно горди или сме донесени до ѕид за уставните измени?

Политичка или суштинска беше смената на Еролд Муслиу? Како ќе се спојуваат АНБ и Агенецијата за разузнавање и треба ли да се зголемат ингеренциите на претседателот?

Што да очекуваме од Самитот на НАТО во Вашингон?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски екслузивно ќе гостува Гордана Сиљаноска-Давкова, веднаш по вестите.

Пред утрешните избори во Британија, Сунак го искористи адутот- Борис Џонсон (ВИДЕО)

Во последните денови од кампањата пред утрешните општи избори во Велика Британија, владејачката Конзервативна партија го повлече своето тајно оружје.

Тоа е, како што пренесува Dailymail, Борис Џонсон, поранешниот премиер на Велика Британија, кој се појави на митингот на ториевците во Лондон.

Џонсон ги повика и предупреди неопределените гласачи да не гласаат за опозициската Лабуристичка партија. Неговото појавување стави крај на сите шпекулации кои се појавија неодамна дека дошло до раздор со актуелниот премиер Риши Сунак.

Поддржувачите на ториевците го поздравија појавувањето на Џонсон на сцената со силен аплауз и скандирања.

„Ми беше драго кога премиерот Сунак ме покани да помогнам. Не можев да одбијам бидејќи и двајцата ја сакаме нашата земја“, рече Џонсон и продолжи:

„Пријатели, ако навистина сите, ако навистина сакате повисоки даноци следната недела, оваа година, ако мислите дека имате неколку илјади фунти да заштедите, тогаш гласајте за лабуристите во четврток. Ако сакате неконтролирана имиграција и повторно бесмислено потклекнување пред Брисел , тогаш продолжете, направете ми убав ден, гласај за Стармер“.

„Но, ако сакате да ја заштитите нашата демократија и нашата економија и да ја одржите оваа земја силна во странство со трошење 2,5 отсто од нашиот БДП за одбрана, на која лабуристите сè уште одбиваат да се обврзат, тогаш знаете што да правите, нели? само една работа, гласајте за конзервативците во четврток, моите пријатели и јас знаеме дека ќе гласате“.

Џонсон го критикуваше и Најџел Фараж, контроверзниот политичар и еден од симболите на Брегзит, кој се активираше пред изборите и се кандидираше за партијата Реформи. Го нарече обожавател на Владимир Путин, претседателот на Русија.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека владејачката Конзервативна партија на премиерот Риши Сунак ќе претрпи тежок пораз на утрешните избори. Се предвидува дека ториевците ќе освојат само 64 места во парламентот. Работничката партија на Киер Страмер ќе победи убедливо.

Се предвидува дека лабуристите ќе освојат 484 пратенички места. Третото место треба да ѝ припадне на партијата Реформа, предводена од Фараж, која освои 61 пратенички мандат.

Другите партии ќе имаат незначителен број пратеници. Домот на лордовите или Долниот дом на британскиот парламент има вкупно 650 места.

притисни ентер