Убиена е тинејџерка во Лондон, очувот бил уапсен на аеродромот во обид за бегство: Беше прекрасна (ВИДЕО)
2Убиена е тинејџерка во Лондон, очувот бил уапсен на аеродромот во обид за бегство: Беше прекрасна (ВИДЕО)
3Германска „Луфтханза“ укинува уште 1.000 работни места- планираните отпуштања сега достигнаа 5.000 луѓе
ЗдравјеДевет медицински достигнувања кои дадоа надеж во 2025 годинаИ покрај тоа што изминатава година ја одбележаа кратење на буџетите и намалување на истражувачките тимови, науката извојува извонредни победи во 2025 година. Достигнувањата во медицината го преобликуваа начинот на кој го разбираме човековото здравје — а во некои случаи, го променија и начинот на кој денес се обезбедува здравствената нега. Научниците открија изненадувачки нови начини за спречување болести и за засилување на лекувањето на ракот. Тие создадоа атлас на човечкото тело, уредија ген за само едно дете и ја подобрија негата за состојби кои се движат од алергии на храна до менопауза, рак на грлото на матката и вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот (Human Immunodeficiency Virus) – ХИВ. Ова се девет од најимпресивните откритија на годината. 1. Нехормонална револуција во грижата за време на менопаузата Повеќе од 80 проценти од жените доживуваат топли бранови (налети на жештина) и ноќно потење за време на транзицијата кон менопауза, а според многу од нив, симптомите се доволно тешки за да влијаат на нивното секојдневие. Хормоналната терапија останува најефективниот третман, но многу жени не можат да ја примаат – особено ако имале рак на дојка или матка, длабока венска тромбоза или други здравствени состојби. Два нови нехормонални третмани за умерени до силни топли бранови сега нудат олеснување за оние кои претходно беа оставени без опции. Lynkuet (elinzanetant), одобрен од Управата за храна и лекови (FDA) оваа година, му се придружува на Veozah (fezolinetant), кој доби овластување две години претходно. Овие секојдневни таблети ги таргетираат невроните за регулирање на температурата во хипоталамусот на мозокот, откако научниците открија дека овие нервни клетки се подложни на флуктуациите на естрогенот за време на менопаузата. 2. Спас за децата со алергии без употреба на игла Брзиот и лесен пристап до епинефрин може да биде спасоносен за децата со тешки алергии. Оваа година донесе алтернатива без игла. Neffy, нов назален спреј што се издава на рецепт, го означува првото големо ажурирање во испораката на епинефрин за деца во повеќе од три децении. Алергии на храна има едно од 13 деца, а брзата доза на епинефрин за време на тешка реакција ја запира инфламаторната верижна реакција која би можела да доведе до хоспитализација или смрт поврзана со анафилакса. Но, многу деца – и нивните негуватели – се двоумат да употребат авто-инјектор како што е „EpiPen“. „Neffy“ е одобрен за деца на возраст од четири години и постари, кои тежат од 15 до 30 килограми. Лекот се апсорбира во телото благодарение на новата технологија која привремено го олабавува просторот помеѓу назалните клетки, овозможувајќи му на лекот брзо да се апсорбира во крвотокот. Експертите очекуваат дека овој лек, кој лесно се администрира, ќе им помогне на повеќе деца за време на алергиски итни случаи. 3. Огромни чекори во регенеративната медицина Долгогодишниот научно-фантастичен сон за регенерација или повторно растење на делови од човечкото тело се доближи до реалноста. Научниците кои проучуваат како на саламандрите по ампутација повторно им растат екстремитетите, го лоцираа ензимот кој ги приспособува нивоата на ретиноична киселина – молекула од суштинско значење за регенерацијата. Тие исто така идентификуваа ген кој ги контролира големината и развојот на екстремитетот. Бидејќи луѓето ги имаат истите молекуларни состојки, овие наоди нудат груб нацрт кој еден ден би можел да го води повторното растење на екстремитетите кај луѓе кои закрепнуваат од трауматски повреди. Други достигнувања ја внесоа регенеративната медицина во нови области. Истражувачите ја развија првата лепенка за имплантација која го зајакна срцевиот ѕид кај мајмуните. Матични клетки направени во лабораторија беа поттикнати да станат срцев мускул и сврзно ткиво пред да бидат имплантирани и интегрирани во срцето. Оваа технологија е во рана фаза, но е ветувачки пристап за луѓето со срцева слабост. Научниците исто така користеа матични клетки за да создадат функционално ткиво на уретер. Ова е првпат оваа структура, која ја пренесува урината од бубрезите до мочниот меур, да биде изградена од овие програмабилни клетки – дел што претходно недостасуваше во потрагата по регенерација на реналниот (бубрежниот) систем. 4. Подобри скрининзи за сексуално преносливи инфекции Повеќе од два милиони Американци годишно се дијагностицираат со сексуално пренослива инфекција (СПИ) – но многу други ја имаат болеста без да го знаат тоа. Овој јаз е важен: задоцнетите дијагнози и нега можат да предизвикаат неплодност или хронична болка во карлицата, како и понатамошно ширење на болеста. Оваа година донесе значителни подобрувања во начинот на кој се откриваат неколку вообичаени СПИ. Скринингот за хуманиот папилома вирус (ХПВ), инфекцијата која може да предизвика рак на грлото на матката, традиционално вклучуваше земање брис од страна на здравствен работник во ординација, обично заедно со ПАП тест. Новата алатка, Teal Wand, им овозможува на жените сами да ги соберат овие вагинални клетки дома, по кратка виртуелна посета за добивање рецепт. Жените потоа го испраќаат примерокот во лабораторија за анализа. Експертите велат дека овозможувањето на луѓето самите да земаат примероци би можело значително да ги зголеми стапките на скрининг. Друга домашна опција, тестот Visby, исто така дебитираше оваа година и за него не е потребен рецепт. Тој врши скрининг за гонореја, хламидија и трихомонијаза. Корисниците можат да соберат примерок од клетки и да ги вметнат во мал уред за тестирање, кој ги прикажува резултатите за 30 минути на апликацијата на производот. 5. Генетско уредување за еден пациент Алатката за генетско уредување CRISPR-Cas9, која на своите пронаоѓачи им донесе Нобелова награда во 2020 година, веќе го трансформираше третманот за состојби како што е српестата анемија. Но, оваа година, лекарите во Детската болница во Филаделфија ја искористија технологијата на невиден начин. Тие дизајнираа персонализиран ген за еден единствен пациент – машко бебе родено со ретко генетско и метаболичко нарушување опасно по живот. Набргу по раѓањето, на бебето Кеј-Џеј (KJ) му била дијагностицирана генетска мутација што оштетила клучен ензим во уринарниот систем, предизвикувајќи опасно таложење на токсичен амонијак во неговиот крвоток. Околу половина од доенчињата со оваа состојба умираат набргу по раѓањето, додека други преживуваат само доколку добијат трансплантација на црн дроб. Во овој случај, лекарите идентификувале еден единствен генетски дефект во гените на бебето и развиле персонализирано решение, кое му било администрирано на момчето на возраст од седум и осум месеци. Алатката CRISPR користела липидни наночестички – мали сфери на база на масти – за да ги пренесе генетските инструкции до црниот дроб, поттикнувајќи ги клетките на органот да го произведат ензимот потребен за корекција на мутацијата. Раните резултати покажуваат дека третманот драстично го подобрил здравјето на детето и на крајот може целосно да го излекува. Оттогаш, и други болници почнаа да работат на свои сопствени програми за персонализирана генска терапија – технологија која на крајот би можела да излекува милиони луѓе со ретки болести, човек по човек. 6. Едноставна и ефикасна превенција на ХИВ Вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ), микробот кој предизвикува СИДА, останува голем глобален здравствен предизвик. Во Соединетите Држави, на повеќе од 100 луѓе секојдневно им се дијагностицира вирусот. Иако лековите за прет-експозициона профилактика (PrEP) – достапни како секојдневни апчиња или периодични инјекции – се многу ефикасни, нивната употреба останува ниска. Само една третина од луѓето во САД кои би можеле да имаат корист од PrEP (луѓе кои се сексуално активни со некој што има ХИВ или чиј статус е непознат) во моментов го користат, а тој број е уште помал на глобално ниво. Оваа година, ФДА одобри нова опција која би можела да помогне во затворањето на тој јаз: Yeztugo (lenacapavir), PrEP во форма на инјекција која се прима двапати годишно, развиена од Gilead Sciences. Истражувањата покажуваат дека, кога се примаат на секои 6 месеци, овие инјекции го спречуваат речиси секое пренесување на ХИВ. Светската здравствена организација го нарекува ова одобрување „пресвртница“, истакнувајќи дека тоа ќе помогне да се надминат клучните бариери во превенцијата на СИДА, вклучувајќи ја и потребата за чести посети кај здравствениот персонал и стигмата поврзана со секојдневното земање превентивни лекови. (Лекот, заедно со други медикаменти, исто така помага во менаџирањето на ХИВ кај оние кои се веќе инфицирани, иако не претставува лек за целосно излекување). 7. Вакцини кои се борат против повеќе од само инфекција Вакцините се покажаа како ефикасни алатки за заштита од вируси, вклучувајќи ги КОВИД-19, херпес зостер, грип и други болести. Но, новите истражувања покажуваат дека овие инјекции можат да донесат пошироки придобивки, вклучувајќи спречување на срцеви удари и деменција, како и подобрување на одговорот на пациентите на одредени терапии за рак. Луѓето кои примиле вакцина против херпес зостер го намалиле ризикот од мозочен удар за 16 проценти и од срцев удар за 18 проценти, според прегледот на 19 студии презентирани на голема кардиолошка конференција ова лето. Истата вакцина, исто така, ги намалува шансите за развој на деменција за една третина во следните три години, утврдија други истражувачи. Во меѓувреме, кај луѓето со напреднат рак на белите дробови и кожата кои примиле КОВИД-19 мРНК (mRNA) вакцина во рок од три месеци по почетокот на имунотерапијата, се подобрил одговорот на лекот врз туморите и тие живееле подолго од оние кои не ја примиле вакцината. Научниците не можат со сигурност да кажат зошто вакцинирањето ги има овие дополнителни придобивки. Сепак, тие забележуваат дека долготрајните вируси, како што е Епштајн-Бар (Epstein-Barr), се поврзани со деменција и други долгорочни здравствени компликации, како лупус, и дека „засилувањето“ на имунолошкиот систем би можело да ја поттикне имунотерапијата. 8. Спречување на ракот на панкреасот пред воопшто да почне Ракот на панкреасот е еден од најсмртоносните малигнитети, делумно затоа што често се дијагностицира дури откако ќе достигне напредна фаза. Помалку од 13 проценти од пациентите преживуваат пет години по дијагнозата. Во 2025 година, научниците направија напредок кон откривање – и потенцијално спречување – на болеста во многу порана фаза. Во студии врз лабораториски глувци и човечки клетки, научниците открија дека блокирањето на протеинот FGFR2, кој ги „забрзува“ раните клетки на ракот на панкреасот, спречува тие да станат канцерогени во одредени ситуации. Бидејќи лековите што го инхибираат овој протеин се веќе достапни, истражувачите се надеваат дека ќе го тестираат овој пристап кај високоризични индивидуи, вклучувајќи ги и оние со семејна историја на болеста. Сè уште се потребни клинички испитувања на луѓе, но оваа работа нуди ран увид во тоа како ракот на панкреасот еден ден би можел да биде пресретнат пред воопшто да се формира. 9. Создавање атлас на човечкото тело Нашето разбирање за човечкото тело направи огромен чекор напред оваа година, кога британските истражувачи ја постигнаа целта за комплетирање на повеќе од милијарда медицински скенирања од 100.000 волонтери. Проектот – дел од U.K. Biobank, една од најсеопфатните здравствени бази на податоци во светот – вклучуваше магнетна резонанца, ултразвук и други детални скенирања на мозокот, срцето, коските, зглобовите, торзото и крвните садови. Истражувачите исто така извршија физички мерења, земаа примероци од крв и генетски материјал, заедно со проценки на начинот на живот и влијанијата од животната средина. Сите податоци се анонимни. Следниот чекор е неколку стотици илјади учесници да се вратат до седум години подоцна за дополнителни скенирања, обезбедувајќи докази за тоа како телото се менува со текот на времето. Биобанката веќе овозможи илјадници научни студии. Во еден пример, научниците од повеќе од 40.000 скенирања научија дека кога срцето покажува знаци на болест, често тоа го прави и мозокот, што сугерира дека заштитата на кардиоваскуларното здравје може да помогне во намалувањето на ризикот од деменција. National GeographicТагови: достигнувања Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Барселона се запленети таблети екстази со ликот на Џефри Епштајн (ФОТО)Во Барселона, Шпанија се пронајдени апчиња екстази со име и лик на Џефри Епштајн.Светлозелената дрога беше запленета како дел од активностите на „Енерџи Контрол“, шпански проект за намалување на штетата од употреба на дрога, кој анализира психоактивни супстанции. Според резултатите од анализата, секое апче содржело 161 милиграм МДМА, синтетичка психоактивна супстанца со стимулирачки и халуциногени ефекти. Апчињата биле со дијаметар од 12 милиметри и тежеле 436 милиграми, објавува британски „Телеграф“. На едната страна пишувало името „Џефри Епштајн“, додека другата била обликувана да го прикажува лицето на покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник. Сè уште не е познато кој ги произвел апчињата или колку се раширени на пазарот. Производителите на лекови долго време ги користат ликовите на познати личности за да ги направат своите производи попрепознатливи и попривлечни за купувачите. Во август оваа година, во Холандија почнаа да се појавуваат апчиња за екстази во облик на лицето на американскиот претседател Доналд Трамп. Експертите во тоа време предупредија на сериозни здравствени ризици, бидејќи таблетите содржеле високи концентрации на ПММА, хемиско соединение слично на МДМА, кое може да предизвика предозирање и опасно зголемување на телесната температура. 🇪🇸 Epstein-themed ecstasy pills may now be circulating on the streets of Barcelona. Spanish drug-testing organization Energy Control analyzed one of the tablets last week, finding that it contained 161mg of MDMA. The pill, molded to resemble the sex offender's face, measures 12mm across and weighs 436mg. Drug manufacturers have long used recognizable faces and popular brands to market ecstasy tablets, but this is something else entirely. It's unclear how widely the pills are circulating or who is manufacturing them. Pretty sick. Source: Protest Kit / Writer: Mhedi — Mario Nawfal (@MarioNawfal) November 29, 2026 Холандскиот институт Тримбос ги предупреди граѓаните да не ги користат таблетите под никакви околности и побара во случај на сериозна реакција, веднаш да повикаат служби за итни случаи. Слични случаи се пријавени и претходно. Во 2017 година, германската полиција заплени илјадници портокалови таблети за екстази во облик на Доналд Трамп. Порано оваа година, лицето на напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, беше пронајдено на пакувањето на пратка кокаин вредна 14,5 милиони фунти, која беше запленета од властите во Еквадор. Вкупно 370 пакети беа скриени во посебен дел од возило, секој со налепница со слика на норвешки фудбалер, фудбалска топка и симболот на Светското првенство. Според шпанскиот закон, лицата фатени во производство или трговија со таблети за екстази може да бидат осудени на три до шест години затвор, со парична казна што може да достигне три пати поголема вредност од запленетата дрога. Поседувањето дрога за лична употреба генерално не е кривично дело во Шпанија, но поседувањето или консумирањето дрога на јавно место може да биде казниво со парична казна од 601 до 30.000 евра. Џефри Епштајн, американски финансиер и осуден сексуален престапник, почина во затвор во 2019 година додека чекаше судење по обвинение за трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација.Тагови: БАРСЕЛОНА екстази Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НаукаРусија планира во вселената да испрати сателит со нуклеарно оружје- германските медиуми открија и како се вика (ВИДЕО)Русија би можела да лансира сателит со нуклеарна боева глава уште кон крајот на декември, кој веќе неколку години се чува во воен објект во близина на Москва.Извештаите на западните разузнавачки служби за ваквите планови се веродостојни, а експлозијата на такво оружје во вселената би ги уништила речиси сите сателити во ниска орбита, изјави Ерин Побџи, истражувач за вселенска политика во Меѓународниот институт за стратешки студии во Лондон, пренесува Cadena SER. Експертот, меѓу другото, се повикува на резултатите од руските тестови спроведени пред неколку години, пишува Unian.info.. „Ова се веродостојни информации. Постојат докази дека Русија веќе ги измерила ефектите од зрачењето користејќи барем еден сателит лансиран во 2022 година“, нагласи Побџи. Поставувањето на такво оружје во вселената е забрането со Договорот за вселената од 1967 година, кој го ратификуваа и САД и Русија. Според Побџи, Москва сака дополнително да ја ескалира војната против Украина и на овој начин да ја демонстрира својата сила пред НАТО. Кремљ ги отфрла сите такви обвинувања. Најпогодена би била областа до 2.000 километри над Земјата, од каде што зависат околу 17.000 сателити за секојдневниот живот низ целиот свет. „Термонуклеарна експлозија во ниската Земјина орбита би можела да онеспособи или уништи повеќе од 98 проценти од сателитите за една недела. Таа орбита би можела да остане неупотреблива една година“, предупредува истражувачката. Таа додава дека САД и нивните сојузници би можеле да го протолкуваат таквиот потег како претходница на нуклеарен напад и да одговорат со масовен удар. La Russie se prépare-t-elle à une guerre spatiale ? Le projet Sputnik-S inquiète l'Occident. Selon des renseignements allemands, Moscou voudrait lancer une arme nucléaire en orbite. Le Kremlin dément. 🎥 @OliviaShml 🎙️ @michelmanu https://t.co/JuuRORizH3 — M6 Info (@m6info) November 27, 2026 Слична проценка направија научници од Универзитетот во Висконсин во Медисон, предводени од Закари Петерсен. Тие симулираа експлозија од еден мегатон на надморска височина од 500 километри над Јужниот Атлантик. Според нивните податоци, најголемата штета би била предизвикана од електрони заробени од магнетното поле на Земјата. Тие би формирале вештачки појас на зрачење, а ќе бидат потребни години за да се обнови оштетената инфраструктура, пишува „Њу сајентист“. НАТО вели дека ќе ја заштити и вселената Извештаите на разузнавањето за евентуално лансирање во следните 60 дена беа дистрибуирани до членовите на НАТО овој месец. Според германските медиуми NDR, WDR и Süddeutsche Zeitung, сателитот се вика „Спутник-С“. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на прес-конференција во Берлин изјави дека НАТО има различни опции за одговор. „Секогаш ќе се грижиме да го заштитиме секој сантиметар од територијата на НАТО, а тоа вклучува и гарантирање на нашата безбедност кога станува збор за вселената“, рече Руте, според Би-Би-Си. Германскиот канцелар Фридрих Мерц рече дека ваквите извештаи „не се нови, но не помалку шокантни“. Според него, тие го покажуваат нивото на ескалација до кое Русија очигледно е подготвена да оди. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли извештаите, велејќи дека „тешко се сфаќаат сериозно“, додека руската амбасада во Берлин оцени дека се дел од „пропагандна кампања“. 🇩🇪 The Nuclear Satellite That No One Has Seen. Citing intelligence sources, Germany’s WDR, NDR and Süddeutsche Zeitung report that Russia is preparing to launch a nuclear-payload satellite, “Sputnik-S,” already assembled near Moscow and possibly launchable within sixty days. The Bundeswehr’s Space Command names December; Pistorius has been informed, and NATO countries have exchanged warnings. Yet there is no evidence—no photographs, no documents. It is not even known whether an order to launch has been issued. In 2024, Washington had already alleged that Russia was developing nuclear anti-satellite weapons. But the 1967 Outer Space Treaty prohibits the deployment of nuclear weapons in orbit, and Russia has not withdrawn from it. Against the backdrop of Germany’s new space strategy and plans to militarise orbit, such reports are shaping perceptions of a new threat. Moreover, a nuclear explosion in space would also destroy Russia’s own satellites. Public opinion is therefore being primed in advance to accept the idea of a Russian threat from space, providing justification for increased military budgets and possible retaliatory action by NATO. — MRLVW (@mrlvw64) November 24, 2026 Мала веројатност, но големи последици Некои експерти повикуваат на претпазливост и предупредуваат да не се брза со заклучоци. Викторија Самсон, директорка за вселенска безбедност во Фондацијата Безбеден свет, истакнува дека Москва навистина може да подготвува нуклеарно оружје, но дека тоа може да го замени само сателитот Космос 2553. Еден можен мотив за таков потег би можел да биде системот Starlink, кој се покажа како исклучително важен за одбраната на Украина. „Затоа мислам дека веројатноста дека тие всушност ќе го сторат ова е многу мала, бидејќи, според мене, тоа би претставувало огромна ескалација. Сепак, тоа е едно од оние сценарија што имаат мала веројатност, но би можеле да предизвикаат огромни последици“, рече Самсон, според Scientific American.Тагови: вселената сателит Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУбиена е тинејџерка во Лондон, очувот бил уапсен на аеродромот во обид за бегство: Беше прекрасна (ВИДЕО) Британската полиција истражува убиство на 16-годишно девојче кое беше пронајдено мртво во семејниот дом во источен Лондон во петокот. Според „Скај њуз“, осомничен е 48-годишен маж за нејзиното убиство, нејзиниот очув, кој беше уапсен од полицијата на аеродромот Станстед истата вечер. Случајот привлече големо внимание од британската јавност откако беше откриено дека осомничениот бил уапсен само 11 дена претходно под сомнение за семејно насилство, но бил ослободен во исчекување на истрагата. Синоќа, околу стотина луѓе се собраа пред куќата каде што беше убиено девојчето за да му оддадат почит со палење свеќи. Соседите им кажаа на британските медиуми дека полицијата и претходно дошла во семејниот дом. Очувот уапсен на аеродромот Полицијата беше повикана во куќа на Гросвенор Гарденс во лондонскиот Ист Хем околу 15:40 часот во петокот по пријави за загриженост за безбедноста на тинејџерката. Екипи за итни случаи, вклучувајќи и хеликоптерско возило за брза помош, пристигнаа на местото на настанот. И покрај напорите на медицинскиот персонал, девојчето беше прогласено за мртво на местото на настанот. Нејзиниот наводен очув беше уапсен истата вечер на аеродромот Станстед и сè уште е во полициски притвор. Полицијата потврди дека осомничениот ја познава жртвата, но официјално не ја објави нивната врска. Веќе е под истрага за семејно насилство Како што дознаваат Скај њуз и британската новинска агенција Прес Асошиејшн (ПА), еден маж е уапсен на 16 ноември откако пријавил семејно насилство. Потоа бил условно ослободен во исчекување на продолжување на истрагата. Според информациите од британските медиуми, жртвата во претходниот случај на семејно насилство не била убиената тинејџерка. За случајот е информирана и Лондонската полициска станица задолжена за професионални стандарди и надзор на однесувањето на полицајците, која сега ги разгледува достапните информации. Соседите им кажаа на новинарите дека претходно виделе полициски автомобили пред куќата на семејството. Сосед: Мајката плачеше и прашуваше дали нејзината ќерка е жива Жителите на улицата ги опишаа драматичните сцени што се одвиваа во петокот попладне. „Се вратив дома од работа и ја видов надвор како плаче. Праша: „Дали е жива?“ Беше целосно полудена“, изјавил еден сосед за PA, осврнувајќи се на мајката на убиеното девојче. Друг сосед рекол дека жена трчала наоколу велејќи дека нејзината ќерка е исчезната, по што пристигнала полицијата и им рекла на жителите да се вратат во своите домови. Според жителите кои разговарале со Sky News, во куќата живеело петчлено семејство по потекло од Бангладеш, кое се преселило од Италија пред неколку години. Убиената девојка била средношколка која се подготвувала за завршните испити. „Сите се во шок“ И покрај дождот, околу 19 часот синоќа околу стотина луѓе се собрале пред семејната куќа за да ѝ оддадат почит на убиената тинејџерка. Тие запалиле свеќи покрај полицискиот кордон. Локалниот советник Мехмуд Мирза изјавил за Sky News дека станува збор за обично семејство кое живеело во мирна населба. „Мислам дека сите се шокирани и длабоко потресени од веста, особено членовите на заедницата на Бангладеш“, рекол тој. Друг локален советник, Мухамед Тарек Азиз, рекол дека лично се сретнал со девојчето. „Ја сретнав еднаш. Беше прекрасно девојче“, рече тој, додавајќи дека целата заедница е потресена. Градоначалникот на Њухам, Форхад Хусеин, изрази сочувство до семејството и пријателите на девојчето и истакна дека трагедијата длабоко ги погодила и нејзините соученици. Полицијата не објави како е убиено девојчето Џо Лојд, висок функционер на лондонската полиција, изјави дека специјализираните истражители работат на утврдување на сите околности за смртта на девојчето и дека семејството добива стручна поддршка. Полицијата верува дека ова е изолиран случај и дека нема поширока опасност за јавноста. Форензички експерти го испитаа местото на настанот вчера, додека полицајци во цивил ги посетија соседните куќи и разговараа со жителите. Полицијата сè уште не го објави идентитетот на девојчето или осомничениот, како и начинот на кој е убиена тинејџерката. Ќе следи обдукција, а истражителите ги повикаа сите што имаат релевантни информации или снимки од надзор да ги контактираат. Истрагата е во тек.Тагови: Лондон тинејџерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14