Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот
2Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот
3ЛДП: Европските либерали изгласаа Итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
Осми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесен
1Осми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесен
СветДевет лица се убиени во бранот руски напади врз Украина, оштетена е катедрала од 11 век Девет лица се убиени, а неколку други се повредени во бранот руски напади врз Украина, во кои голем религиозен споменик во Киев беше зафатен од пожар.Четири лица загинаа во нападите врз Киев, додека пет спасувачи загинаа обидувајќи се да го изгаснат пожарот предизвикан од рускиот напад врз североисточниот град Харков, соопштија украинските власти. Катедралата Успение на Пресвета Богородица од 11 век беше значително оштетена . Украинскиот премиер Јулија Свириденко нападот го нарече „брутален ,,врз украинскиот народ и нивното наследство“.„итно ќе ги покренеме сите релевантни процедури во рамките на унеско и сите други меѓународни механизми, барајќи итни и соодветни одговори на ова државно варварство“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во изјава за X, нападите со беспилотни летала и ракети запалија згради и автомобили, а повеќе од 140.000 луѓе во главниот град на Украина останаа без електрична енергија. Полска, соопшти дека кренала борбени авиони,а во состојба на готовност биле ставени и копнените системи за воздушна одбрана како „превентивен“ одговор на руските напади во Киев. Нападите се случуваат пред состанокот на Г7 оваа недела во Франција, каде што на дневен ред е војната во Украина. Вчера Узеленси изјави дека разговарал со Трамп за напорите за ставање крај на долготрајниот конфликт.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЗошто Тејлор и Тревис го избраа Адам Сендлер да ги венча?Холивудската ѕвезда, комичарот Адам Сандлер беше едно од најголемите изненадувања на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, а неговата улога во церемонијата не беше случајна. Популарниот актер и комичар ја водеше церемонијата во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, каде што Тејлор Свифт и Тревис Келси ги разменија своите брачни завети пред семејството и блиските пријатели. Иако неговиот избор изненади дел од јавноста, Сандлер со години одржува блиски пријателства и со пејачката и со спортистот. Неговото пријателство со Келси се разви за време на снимањето на филмот *Happy Gilmore 2*, во кој Тревис имаше кратко појавување. „Работата со Сандлер беше неверојатна. Тој е исто толку одличен и надвор од камерата“, рече Келс. Сандлер возврати на пофалбите: „Тој е неверојатно фин и забавен човек. Ме потсетува на пријателите со кои пораснав.“ Тој исто така има долгогодишно пријателство со Тејлор Свифт, која често ја опишува како неверојатно внимателна и топла кон своето семејство, особено кон своите ќерки. „Тејлор е неверојатна. Таа отсекогаш била љубезна кон моето семејство“, рече Сандлер. Сепак, тој призна дека сè уште се чувствува малку нервозно кога е во нејзина близина. „Секогаш чувствувам мала трема кога сум во друштво на Тејлор, едноставно затоа што не сакам да се посрамотам“, рече тој. И членовите на семејството имаа посебни улоги на церемонијата: Тејлор беше придружувана до олтарот од нејзиниот брат Остин Свифт, додека братот на Тревис, Џејсон Келси, беше кум. По венчавката, прославата продолжи во „Медисон Сквер Гарден“, а на екраните во арената беше прикажана пораката „ШТОТУКУ ВЕНЧАНИ“.Тагови: Тејлор Свифт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЛокализиран пожарот кај Солун Пожарот што уништи два индустриски погони и предизвика евакуација на три села и еден дом за нега во близина на Солун преку ноќ е во голема мера локализиран и повеќе нема активен фронт, пренесува Грчкиот Екатимирини.Вкупно 160 пожарникари, поддржани од 52 противпожарни возила, пет копнени екипи, два авиона и два хеликоптери, остануваат на местото на настанот во Ореокастро, предградие на градот. Пожарот сега е ограничен на пошумена област, каде што пожарникарите се концентрираат на спречување на разгорување во две фабрики уништени од пожарот – фабрика за рециклирање и текстилна фабрика. Тагови: пожар солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
ФудбалОсми ден од нокаут-фазата: Бразил се соочува со „скриен фаворит“; настапот на ѕвездата на Англија е неизвесенНа 23 Светски фудбалски шампионат во САД, Канада и Мексико продолжува битката за места во елитното четвртфинале.Осмиот ден од нокаут рундата носи два супер неизвесни меча. Зе место меѓу осумте најдобри ќе играат Бразил - Норвешка во 22:00 часот, и Мексико -нглија во 02:00 часот по полноќ. Останатите натпревари од осминафиналето се: Португалија против Шпанија, САД против Белгија, Бразил против Норвешка, Мексико против Англија, Аргентина против Египет и Швајцарија против Колумбија.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter