Деспотовски: Бранот на промени е тргнат и нема запирање на 30 јуни

Со средби со членовите во Центар, Карпош и Кисела вода продолжија теренските активности на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. 

Членовите отворено зборуваат за состојбите, незадоволството и даваат конкретни идеи како да се реформира партијата во иднина. Најмногу ги интересира кадровската обнова на партијата и како да се врати важноста на месните организации.

“Охрабрува тоа што луѓето отворено зборуваат, критикуваат, но и активно даваат свои предлози за промените кои ни претстојат. Тоа е здраво и суштинско, и јас сакам да слушам сè што имаат да ни кажат. Бидејќи ако не си ги кажеме сега работите какви што сè нема да можеме да влеземе во процесот на заздравување.Никој не треба да се „вознемирува“ од зборовите на членството и од критиките на луѓето. Напротив треба да ги слушаме и да постапиме така како што зборуваат ако сакаме да одиме напред,“ рече Деспотовски.

Членовите во Карпош и Кисела Вода отворено зборуваа за потребата од расчистување со досегашната кадровска политика, изгубената комуникација на општинските и месните организации со партискиот врв и потребата од обединување.„Пораката е дека се незадоволни од состојбите во партијата и на 30.06, во недела сите тие ќе се определат дали се за нов почеток или ќе одиме по старо. На 30.06 ние ќе имаме референдум и тој референдум ќе биде успешен. Она што е важно е дека СДСМ нема да се обедини околу човек ниту програма, СДСМ ќе се обедини околу јасен став, принципи и нов почеток. Заедно ќе дефинираме јасни принцип и ставови за клучни прашања важни и за државата и за граѓаните, коишто ги немавме изминативе години,“ порача Деспотовски и додаде дека “не е можно да се гради нов почеток со стари кадри“.

Како следни чекори Деспотовски појасни дека програмата Нов почеток, Нов СДСМ е веќе дополнета со сите, над 200 пристигнати предлози од членовите, меѓу кои е и подготовка на правилник со утврдување на критериуми за кандидати за функции, навремено профилирање на потенцијални кандидати за функции и следење на фидбекот на јавноста за потенцијалните кандидати кое ќе се примени веќе од октомври за кандидатите за градоначалник, воведување на принцип на менторство за избрани односно предвидени кандидати за функции, финансиска

независност на СДММ и Форумот на жени со одреден процент на надомест од средствата добиени од буџетот.

“Оваа програма и предвидените промени по 30.06 ќе бидат интегрирани во идниот Статут на партијата за да не останат само убави желби на хартија. Според планот на активности до крај на летото веќе ќе треба да ги избереме сите нови општински раководства и делегати и потоа да свикаме Конгрес на кој ќе се изгласа новиот Статут,“ појасни Деспотовски.

Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ

Кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски по затворањето на избирачките места на вонредните внатрепартиски избори упати благодарност до партиските членови кои гласаа на изборите, но искажа и забелешки за одвивањето на изборите.

-Денеска, дел од членовите на СДСМ гласаа. СДСМ е единствената партија и во земјава, и во регионот, која има широк модел за избор на претседател. Со тоа треба да ја покаже својата големина и демократски капацитет. Но, тој демократски капацитет денес, но и во деновите што следат треба да биде докажан и потврден. Од срце им благодарам на сите членови на партијата кои излегоа да гласаат, како и на сите оние кои излегоа, дојдоа на избирачките места но од различни причини не им беше овозможено да гласаат. Искрено им благодарам на сите оние кои во изминатите неколку недели беа со нас и дадоа своја енергија во градење на еден нов СДСМ, наведува во пишаната изјава Деспостовски.

Тој пред да даде оценка за изборите, побара од Централната изборна комисија на партијата да даде одговор на прашањето зошто над десет илјади членовите кои се регистрирале не излегле да гласаат и зошто на членови кои биле уредно регистрирани, не им било овозможено да гласаат на гласачите места. Деспотовски воедно најави дека неговиот тим утре ќе поднесе приговори за констатираните забелешки.

-На овие две клучни прашања, но и на останатите забелешки кои дојдоа од мрежата контролори низ цела држава, нашиот тим веќе утре ќе поднесе приговори. СДСМ мора многу сериозно да се позанимава и да одговори на овие прашања пред воопшто да се дефинира став во врска со овие избори. Ова, без разлика на исходот од денешното гласање и резултатите кои ги очекуваме во следните два часа, наведува Деспотовски.

Јувентус и официјално се засили со Даглас Луиз

Јувентус и официјално го објави потписот на играчот од средниот ред на Астон Вила, Даглас Луиз.

Сумата на трансферот е 50 милиони евра, а „бјанконерите“ ќе ја платат на четири рати. Одделно се ставени бонуси во износ од 1,5 милиони евра.

Во правец на Бирмингем одат Самуел Ајлинг-Џуниор и Енцо Баренечеа. Според Фабрицио Романо, овие зделки се во вкупна вредност од 22 милиони и се одвоени од трансферот на Луиз.

Дваесет и шест-годишниот Бразилец минатата сезона постигна девет гола на 35 натпревари во Премиер лигата и беше важен за Астон Вила во пласманот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Договорот на Луиз со Јувентус е на пет години. Во моментов со репрезентацијата на Бразил учествува на Копа Америка. /МИА

Крајнодесничарската партија на Ле Пен победи во првиот круг од изборите во Франција

Коалицијата на Макрон трета.

Според излезните анкети, во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција, екстремно десничарскиот национален митинг на Ле Пен освои 34,2 отсто од гласовите, екстремно левиот нов народен фронт 29,1, а сојузот на претседателот Макрон е трет со 21,5 отсто.

Французите избираат 577 пратеници, по еден во сите 577 изборни единици, според мнозински модел.

Во денешниот прв круг мандати ќе освојат само тие кандидати што ќе имаат над 50 отсто од гласовите на избирачите кои излегле на гласачкото место, доколку излезноста на тоа избирачко место било најмалку 25 отсто.

Во вториот круг од гласањето, кој е закажан за 7 јули, влегуваат двајцата кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.

притисни ентер