Дескоска на разговори со помалите пратенички групи, потоа средба на работните групи за законот за ЈО

Министерката за правда Рената Дескоска денеска треба да одржи поединечни средби со помалите пратенички групи околу законот за јавното обвинителство, на кои пратениците треба да ги дадат конечните забелешки за законот.

Преговорите на Дескоска со помалите пратенички групи претставуваат обид да се обезбедат 80 пратеници без ВМРО-ДПМНЕ за законот да биде донесен до распуштањето на Парламентот на 12 февруари.

По овие средби, за кои се уште не се знае кога ќе се одржат, треба да се договори и средба на работните групи на власта и опозицијата во поширок состав, во обид да се усогласи верзија на предлог-закон, која подоцна ќе се поднесе во Собранието.

По средбата на работната група во петокот завчера некои пратенички групи доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство, а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со Жан Моне дијалогот. Заради доверба на процесот, од Министерството за правда рекоа дека нема да откриваат кои пратенички групи доставиле амандмани.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од барањата за законот за ЈО, откако во петокот го повикаа Министерството за правда да организира средба со правните експерти кои дале забелешки на јавната расправа и заедно со нив да направат амандмани на предлог-законот.

– Не постои никаква шанса да отстапиме од нашите барања во однос на законот за јавно обвинителство, порача вчера генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во врска со тоа дали партијата поднела амандмани и дали планира да поднесе.

Во врска со повикот на партискиот лидер Христијан Мицкоски до Министерството за правда да ги прифати сите забелешки на експертите кои учествувале во јавната расправа, Јанушев забалежа дека министерката Рената Дескока стои наспроти цела правна фела.

-Впрочем се она што го кажаа експертите професорите од Правен факултет и сите оние кој што се на некој начин поврзани или затекнати со законот за Јавно обвинителство го говорат истото, само Рената Дескоска го говори спротивното, додаде тој.

За тоа дали ќе се донесе законот пред изборите, Јанушев вели дека според партијата секако дека треба да се донесе, но не онаков, каков што го предлага СДСМ.

Вчера и министерката Рената Дескоска му порача на ВМРО-ДПМНЕ дека ако мислат дека има потреба од измени на текстот на законот, да се посветат на подготовка на амандмани. Само така, вели, ќе покажат дека се подготвени да ги стават интересите на евроинтеграцијата пред личните интереси на обвинетите и осомничените криминалци од нивните редови.

На петочната, втора средба на работната група во поширок формат со претставници на политичките партии и пратеничките групи од Собранието, се разговараше за амандманите за подобрување на законскиот текст по дводневната експертска јавна расправа за законот.

Останува отворено прашањето дали партиите ќе успеат да ги усогласат ставовите за да може Парламентот да го донесе законот до распуштањето на Собранието. Според претседателот на Парламентот Талат Џафери, има деловничка можност Предлог-законот да биде веднаш ставен на собраниска седница доколку текстот биде усогласен.

На неопходноста од донесување на законот за ЈО изминатите денови укажуваа и внатрешните политички фактори, но и меѓународната заедница. /МИА

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

СБ на ОН не изгласа предлог-резолуција поднесена од Русија

СБ на ОН не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија за преземање акција за спречување на распоредувањето оружје во вселената.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера не ја изгласа предлог-резолуцијата поднесена од Русија со која се повикуваат сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената.

Предлог-резолуцијата доби седум гласа „за“, додека седум земји, вклучително и САД, гласаа против, а Швајцарија беше воздржана. За усвојување на резолуцијата беа потребни девет гласови во советот од 15 нации.

Со оглед на американската резолуција против нуклеарното оружје во вселената која не беше изгласана минатиот месец поради руското вето, американскиот претставник Роберт Вуд ја обвини Москва за манипулативна тактика.

Дебатата во Обединетите нации следи по американските извештаи во февруари за нуклеарните амбиции на Русија во вселената.

Мајката на Мбапе: Веќе знаете кој е следниот клуб на Килијан

Мајката на фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе одби да каже каде нејзиниот син ќе ја продолжи кариерата следната сезона. 

На прашањето за следниот клуб на нејзиниот син, нејзиниот одговор беше: „Веќе го знаете одговорот“.

На 10 мај, Мбапе објави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24.

Најверојатно Французинот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. На 16 мај беше објавено дека мадридскиот клуб очекува официјално да објави договор со играчот пред почетокот на Евро 2024 година.

Дваесет и петгодишниот Мбапе настапува за ПСЖ од 2017 година. На 307 настапи во сите натпреварувања, тој постигна 256 гола и 108 асистенции.

притисни ентер