Откако вчера биле масовно заглавени, китовите за време на плимата и осеката во текот на ноќта продолжуваа да се насукуваат, за денеска наутро повторно да се најдат на друга плажа. Околу 28 китови се живи, додека за 15 се знае дека починале.
Некои од китовите започнале да пливаат понатаму, додека други остануваат покрај брегот, изјави портпаролот на Новозеландската канцеларија за зачувување на природата.
"Во овој момент, не е јасно дали китовите свртени кон гребенот може да тргнат со пристигнувањето на плимата и дали можат да пливаат далеку.Ќе знаеме за еден час", рече тој.
Спасувачите кои се обиделе да помогнат влегле во водата сакајќи да ги охрабрат китовите да пливаат подалеку. Околу 50 лица, вклучително и волонтери од еколошка организација специјализирана за спасување морски цицачи, истражувачи, владини претставници и граѓани, се обидуваат да им помогнат на китовите да запловат во морето.
Минатата година скоро 100 китови и делфини угинале во масовно заглавување на островите Чатам, околу 800 километри од источниот брег на Нов Зеланд.
Масовните насукувања се вообичаени во Нов Зеланд во поновата историја, а со години причината ги збунува морските биолози.