Десет години од познатата секс снимка: Плачеше се додека не спомнавме пари

Легендарното порно видео од Ким Кардашијан стана вирално пред точно десет години, а останатото е историја.

Снимката била направена 2003 година кога Ким и Реј биле на одмор во Мексико каде го прославувале нејзиниот 23 роденден, а во јавноста се појави четири години подоцна.
foto: guliver/coverimages


Добро упатените изјавуваат дека Ким тогаш била млада девојка која со сите сили се обидувала да биде позната, па дури ја лажирала врската со Ник Лачи, кој во тоа време раскинал со пејачката Џесика Симпсон.

Поранешниот уредник на „Ин Тач“ магазинот, Кевин Диксон, изјави дека Ким во тоа време постојано им сервирала приказни бидејќи сакала да биде присутна во медиумите. Сепак, почнале да пишуваат за неа дури откако се појавила во риалити шоуто на Парис Хилтон „Едноставен живот“.

„Сакавме да има секс со Лачи и да стане негова девојка“ – изјави тој и додаде дека на вечерата требало да ги сними нивниот папараци, но тој им соопштил и на останатите, па настанал вистински хаос.

Од друга страна, адвокатот на Ким, Марти Сингер тврди дека таа не била во контакт со фотографите, како и тоа дека никогаш не лажела за експлицитното видео.

Откако се појавила приказната за секс снимката, Дикенсон се обидел да ја контактира Ким, но успеал да дојде само до Парис. Додека зборувал со неа, ја слушнал Ким како плаче во позадина и тврди дека “тоа не е она“.

foto: guliver/coverimages

Сепак на крајот се откажала од настојувањето да го спречи објавувањето на филмот и се спогодила со „Вивид“.

„Таа нас на крајот ни ја продаде снимката и така без проблем можевме да ја дистрибуираме“ – изјави основачот на Вивид, Стивен Хирч.

Наводно, Ким за секс снимката добила пет милиони долари.

„Кога почна да се зборува за пари, Ким одеднаш се смири“ – додава Дикенсон.

Од моментот кога е објавена порно снимката сето останато е историја, а Ким десет години подоцна стана најпознатата риалити ѕвезда на светот.


Инфантино најави голема промена во користењето на ВАР системот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја објави големата вест во врска со употребата на ВАР на конгресот на светската фудбалска федерација во Бангкок. 

Тој изјави дека сега тренерите ќе имаат право да бараат проверка со ВАР системот два пати по натпревар.

-Ќе го развиваме и подобруваме ВАР. Овој систем го користат 65 национални асоцијации, но сега ќе го подобриме. Создадовме поосновна технологија со помалку камери и без судии да одлучуваат, така што е достапен за сите и полесен за имплементација Овој систем веќе се тестира, започна Инфантино.

Тоа ќе функционира така што тренерот на секој тим има право да бара помош од ВАР двапати по натпревар. Ако првобитната одлука на судијата се смени по таквата барана ревизија, тимот што бара преглед сè уште има право на два прегледи.

-Доколку по ваквата барана проверка, ВАР ја потврди одлуката на судијата на теренот, тогаш тимот што го побарал го губи правото на проверка на негово барање, изјави Инфантино. /МИА

Тухел: Не се договоривме со Баерн, ова е мојата последна прес-конференција овде

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел денеска и официјално соопшти дека нема да остане на кормилото на баварците.

Во последните неколку дена имаше информации дека тој би можел да продолжи да го води тимот, иако веќе во февруари клубот објави дека двете страни ќе се разделат на крајот од сезоната.

„Ова е мојата последна прес-конференција на Зебенер Штрасе (клупската база на Баерн). Водевме разговори, но не постигнавме договор, така што одлуката од февруари останува на сила. Очигледно е тешко. Резултатите како оние во Лигата на шампионите против Лацио, Арсенал и Реал Мадрид не сплотуваат. Повратните информации од последните недели беа основа за да имаме дискусија. Но, не можевме да постигнеме договор. Причините нема да ги именувам. Договорот од февруари останува на сила, објасни Тухел

Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел

На Украина и треба повеќе оружје со долг дострел за да се бори против руското напредување во регионот Харков, каде ситуацијата на бојното поле е „многу драматична“, изјави денеска шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок.

На маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Советот на Европа во Стразбур, таа потенцира дека е важно да се прекинат руските патишта за снабдување и да ѝ се даде на Украина оружје „што може да се користи на средни и долги растојанија“.

Таа наведе дека Берлин соработува со своите партнери по ова прашање и дека ситуацијата на фронтот е „исклучително тешка“.

притисни ентер