Деновите од викендот значат најмногу работа за ски патролата за спасување на Попова Шапка - Канал 5

Деновите од викендот значат најмногу работа за ски патролата за спасување на Попова Шапка

Активностите, спорт и туризам на отворено секогаш значат опасност од повреди, па затоа во ски центарот Попова Шапка секојдневно има работа за службата за заштита и спасување на планина и непристапен терен „Асклепиј".

Деновите од викендот значат најмногу работа за ски патролата за спасување на Попова Шапка

Оваа служба за деновите од викендот има десетина случаи на кои интервенира и им помага или ги спуштаат повредените луѓе од патеките до одредени безбедни места во ски-центарот.

– Има повеќе причини за да дојде до повреди, а ќе ги има се додека постојат активности, спорт и туризам на отворено. Тоа е еден момент кој му дава и атрактивност на овој спорт или туризам. Никогаш нема да се елиминираат повредите меѓутоа ова го зборувам како вовед, бидејќи не можеме да кажеме дека само неискуството и неопременоста или незнањето се причина за тоа. Некогаш имаме повреди кај врвни скијачи со одлична опрема заради несоодвено проценување на условите кои владеат на патеката и сопствената подготвеноста, можеби замор, стрес, објаснува раководителот на службата Константин Циривири.

Бројот на повреди што ги имаат во текот на еден ден е зависен и условен од временските прилики, бројот на посетители во скијалиштето, степенот на обработка на патеките и слично.

-Во една сезона во едно скијалиште на Попова Шапка имаме помеѓу 300 и 400 повреди. На дневна основа имаме најмногу повреди во деновите од викендот затоа што имаме најголема посетеност, но и во работни денови ако има влошување на подлогата на патеката. Во просек во деновите од викенд има од осум до десет повреди, од кои две до три се повреди кои бараат итен медицински транспорт, рече Циривири.

Патролирачите имаат две основни задачи- да делуваат превентивно во делот на безбедноста и да интервенираат кога ќе се случи одредена несреќа. Тие се првите и последните кои треба дојдат и заминат од скијалиштата.

-Наутро денот почнува со проверка на ски патеките и заштитната опрема на патеките, два часа тренинг, во зависност од оптовареноста на скијалиштетото со гости и потоа редовно патролирање, се до крајот на денот. Патролирачите се последните што ги напуштаат ски патеките, тоа го нарекуваме чистење на патеките, после нас не би требало да останат скијачи, потенцира искусниот планинари и спасител.

Тој ја пренесува случката од пред три недели кога интервенирале при скршеница на потколеница на 13 годишно девојче, а впечаток му оставил степенот на смиреност кај таткото.

-Тоа беше искусен скијач и активен во спортови на отворено. Беше критична ситуација затоа што имаше многу лоша видливост надвор од ски патеките, тој и братчето беа смирени и знаеја како да се вклопат во задачите на ски патролата. Целата таа ситуација се изведе на многу поедноставен начин. Тоа е тоа што нам ни остава впечаток. Имаме незгодни повреди, оперативен третман. Нам не импресионира кога има висок степен на култура, потенцира Констатин.

Членот на службата Драган Илиевски задолжен за употреба на технологија при трагање на изгубени во планина раскажува како пред неколку недели заедно со вработените во ски центарот ги бараа и наоѓаа скијачите кои се загубија поради магла.

-Добивме повик дека има изгубени скијачи, надвор од ски патеки и со комуникација и навигација дојдовме до нив и ги вративме. Некои од нив имаа саати или телефони со ГПС и ја кажаа нивната координата што е нормално и ние имаме такви уреди и ГПС и саати, па успеавме да ги најдеме. Другите што немаа со викање, ваму сум, гледам тоа-ова, отприлика успеавме да комуницираме, некои од нив со укажување од нашата страна се спуштија до ски патеките. Се потценува времето, иако има магла. Да се држат до зимска маркација, означеност на патеките и да не се оддалечуваат од безбедни места, има СОС телефон, на секој ски лифт и до инфо поентите, вели Драган Илиевски.

Ски патрола Асклепиј постои од 2005 година за потребите на ски центарот Кожуф каде работеле до 2013 година. Потоа работат на Попова Шапка и Маврово. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнува новиот филм со Џулијан Мур: Домаќинка ја открива глумата и станува опседната (ВИДЕО)

Џулијан Мур ја игра Мона Фридман, домаќинка на средна возраст која импулсивно се пријавува на аудиции за локална претстава.

Пристигнува новиот филм со Џулијан Мур: Домаќинка ја открива глумата и станува опседната (ВИДЕО)

Иако нема актерско искуство, таа добива улога што го води нејзиниот живот во неочекуван правец. Станува збор за филмот „Дебито“, нов режисерски проект на Џеси Ајзенберг кој ги комбинира комедијата и драмата во светот на аматерскиот театар. Добитничката на Оскар, Мур ја предводи екипата на филмот.

Новото хоби на Мона наскоро се претвора во опсесија. Во ова ја охрабрува Џери, харизматичниот, но исклучително баран режисер на претставата што ја игра Пол Џамати. Неговите методи стануваат сè попроблематични, а колку повеќе Мона се потопува во улогата, толку повеќе се дистанцира од својот претходен живот. Нејзината трансформација од повлечена домаќинка во актерка подготвена на сè за да го одигра својот лик што е можно поубедливо е еден од главните мотиви на филмот.

YouTube video

Инспирација од моето сопствено искуство

Џеси Ајзенберг го напиша и режираше филмот, црпејќи инспирација од сопствените искуства. Како тинејџер, самиот учествувал во аматерски театар. Затоа филмот, од една страна, хумористично си игра со апсурдите и големите ега што можат да се појават во театарскиот свет, додека од друга страна, покажува колку сцената може да го промени нечиј живот.

Во центарот на приказната е жена која, преку глумата, открива дел од себе што го занемарувала со години. Ова е трет долгометражен режисерски проект на Ајзенберг, по филмовите „Кога ќе завршиш со спасувањето на светот“ и „Вистинска болка“. За „Дебито“ тој ги напиша и песните што се изведуваат во мјузиклот во рамките на филмот. Филмот привлекува дополнително внимание бидејќи зад него стои А24, студио познато по бројни успешни оригинални филмови.

Голема преобразба на Џулијан Мур

Џулијан Мур доживува голема трансформација во филмот. На почетокот, Мона е повлечена домаќинка без никакво искуство на сцената, но откако ќе ја открие глумата, желбата да ја игра својата улога што е можно подобро постепено прераснува во опсесија. Таа се повеќе се потопува во својот лик, а границата помеѓу претставата и нејзиниот вистински живот почнува да исчезнува.

На Мур и Џамати им се придружуваат Хали Бејли, Џеси Ајзенберг, Кара Буоно, Крег Биерко, Елдар Исгандаров и Бернадет Питерс. Филмот веќе привлече внимание на фестивалите, а „Дебито“ ќе го затвори овогодинешниот Лондонски филмски фестивал BFI, кој се одржува од 7 до 18 октомври, на 18 октомври. Џулијан Мур ќе ја добие наградата „Златна икона“ на Филмскиот фестивал во Цирих за нејзината долгогодишна кариера и улогата во филмот. „Дебито“ го истражува прашањето колку далеку некој е спремен да оди кога конечно ќе најде нешто во што сака да се докаже. Филмот се прикажува во американските кина на 11 декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Во израелските напади врз областа Набатија во јужен Либан загинаа најмалку четири лица, а 20 се повредени, објави либанската државна новинска агенција ННА.

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Израелската армија ја нападна и уништи болницата Гандур во ал-Набатија ал-Фаука, зграда која не била во функција со години. Објавено е дека има и повредени.

Градот Набатија беше погоден и од насилен воздушен израелски напад, чија цел беше историска зграда во сопственост на братот на пратеникот Насер Џабер. Зградата порано била ресторан, но сега е целосно уништена.

Штетата е огромна

Нападот предизвика голема штета на зградите на регионалниот финансиски оддел и на одделот за земјоделство во Набатија, кои се наоѓаат во објект веднаш до погоденото место. Канцелариите беа оштетени, прозорците и вратите беа скршени, а досиејата и документите беа расфрлани насекаде. Десетици продавници и кафулиња во близина на местото на нападот беа исто така оштетени.

Претходно, израелската армија објави дека либанската милиција Хезболах нападнала израелски војници во јужен Либан користејќи два дрона. Припадници на Израелските одбранбени сили (ИДФ) соборија еден од дроновите. Никој од војниците не е повреден. ИДФ соопшти дека тоа е грубо кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, додавајќи дека Израел затоа напаѓа цели во јужен Либан.

Израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на безбедносни извори, изјави дека болницата во Набатија повеќе не е во употреба и дека Хезболах ја злоупотребува како база. Овие тврдења не можеа независно да се потврдат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшен нокаут во УФЦ: Борачот беше во несвест уште пред да падне (ВИДЕО)

Настанот на UFC во Париз продолжи со борбата за ко-титула помеѓу двајца француски борци, Аксел Сола и Фарес Зијам. 

Страшен нокаут во УФЦ: Борачот беше во несвест уште пред да падне (ВИДЕО)

Сола многу брзо стигна до победата, нокаутирајќи го својот сонародник за само една минута и 40 секунди.

Брз нокаут и спортска реакција

Борците на почетокот беа претпазливи и бараа можности од далечина. Зијам ги насочи своите удари кон предната нога на Сола во неколку наврати. Мечот беше решен во еден потег. Сола одглуми обид за соборување, а потоа го погоди Зијам со моќен замав, нокаутирајќи го на нозе.

Зијам остана во несвест, па медицинскиот тим му пружи помош во октагонот неколку минути. Сола не славеше диво поради ова, и беше воздржан во својата изјава по борбата.

Нови рангирања во кариерата

Ова е 13-та победа на Сола во неговата професионална MMA кариера, со два порази. Тоа е негова трета победа во УФЦ и втора по ред, откако го принуди Исмаел Бонфим да се предаде со давење на крајот на јули. Рекордот на Зијам сега изнесува 18 победи и шест порази. Ова е негов втор пораз по ред; на почетокот на јуни, тој загуби од Том Нолан со едногласна одлука на судиите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер