СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
1СДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни пари
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаДенеска во владата состанок со сите дистрибутери, трговци и маркети – ќе се бара да ги намалат ценитеИтна корекција на цените низ маркетите особено на основните прехрамбени производи, ќе побара премиерот Христијан Мицкоски на заедничка средба со трговците, дистрибутерите и маркетите. Според него кризата е веќе завршена и нема да бидат прифатени никакви оправдувања, а доколку нема реакција во следните денови, предупреди дека Владата ќе употреби механизми за интервенција. Мицкоски не ја исклучи можноста јавно да бидат посочени и имиња на конкретни маркети кај кои ќе се утврдат поголеми отстапувања, а најави и споредби со цените во регионот. - Основните прехрамбени производи е потребно да претрпат корекција. Граѓаните беа толерантни до сега, сега е време тие да се одолжат на граѓаните. Ќе направиме и споредби какви се цените во регионот и какви се цените кај нас на некои од основните прехранбени производи. Во одредени маркети, ако треба и по име и по презиме од утре ќе ги објавуваме јавно, а понатаму оставаме на нив.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада Во меѓувреме, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска најави дека Владата утре на седница ќе го разгледува ребалансот на буџетот, кој ќе донесе зголемување на буџетскиот дефицит. Според неа, тоа главно должи на повисоките капитални расходи за инфрастукрурни и други инвестициски проекти..Дополнително, според првичните проценки на министерството за финансии, мерките за поевтинување на горивата кои важеа изминатиов период, ќе значат околу 25 милиони евра помали приходи од акцизи во Буџетот. - За прв пат ќе имаме зголемување на буџетски дефицит како резултат на зголемени потреби за финансирање на капиталните расходи односно за капиталните инвестиции, што мислам дека согласно Законот за буџети ги оправдува состојбите. Во исто време имаме имаме корекции на приходна страна во делот на акцизата заради сите оние мерки кои што ги имавме во изминатиот период.- Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии Буџетот за 2026 година, усвоен во декември минатата година, беше тежок околу 6,7 милијарди евра. Дефицитот беше проектиран за околу 630 милиони евра или на 3,5% од БДП. Според податоците на Министерството на финансии, во првите 4 месеци од 2026 година буџетскиот дефицит достигнал околу 415 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Откако призна дека не се „0 денари“ Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра народни париУште еднаш се потврди дека арамијата Мицкоски штом отвори уста лаже.Вчера, дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски туку за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говореа од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Бараме Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во МакедонијаВрховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, каде загинаа 16 лица, и Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба.Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни? Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Пет лица загинаа, а 67 други се ранети, руски дрон погодил трговски центар во ПавлоградУкраинските власти соопштија дека пет лица загинале, а 67 други се ранети кога руски дрон погодил трговски центар во Павлоград, град во регионот Дњепропетровск.Продавници и возила беа погодени во нападот, кој се случи вчера „кога улиците беа полни со луѓе“, рече министерот за внатрешни работи Иван Вихивски. Според украинските медиуми, уште два трговски центри - во градовите Запорожје и Суми - беа цел на руски воздушни напади претходно оваа недела. Русија пријави украински поморски напад со беспилотно летало врз туристичкиот град Сочи во текот на ноќта во средата, во кој беа повредени 28 лица,а имаше и три смртни случаи. Новите мировни напори на претставниците испратени од американскиот претседател Доналд трамп за време на викендот се чини дека дадоа малку конкретни резултати, по разговорите во Москва со Путин и во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тагови: дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter