СветДенеска се очекува електронско потпишување на примирје меѓу САД и ИранНуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма.Додека американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран за ставање крај на воените дејствија и отварање на Ормутскиот теснец ќе биде потпишан денеска – на неговиот 80ти роденден, Иранското министерство за надворешни работи ретерира за временскиот рок на потпишувањето, притоа не исклучувајќи ја можноста потпишувањето да биде во наредните денови. Нуклеарното прашање останува горлива тема а Трамп посочи дека САД во иднина ќе ги заплени иранските резерви на збогатен ураниум додека во Техеран се одржаа протести против откажување од нуклеарната програма. -Во соодветно време, кога сè ќе се смири, ќе влеземе и ќе ја собереме нуклеарната прашина, закопана длабоко под моќните потонати гранитни планини, благодарение на нашите прекрасни бомбардери Б-2 и нивните брилијантни пилоти, и ќе ја разбиеме и уништиме, без разлика дали во Иран или во Соединетите Држави. Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Иран и со целиот Блиски Исток, долго во иднина. Се надеваме дека овој процес ќе се одвива брзо, лесно и непречено. Ако не се случи тоа, имаме крајна алтернатива, се надеваме дека никогаш повеќе нема да се користи!- Доналд Трамп, претседател на САД Во меѓувреме, кон медијаторските напори на Пакистан се приклучија и катарски преговарачи во обид да го забрзаат финализирањето на Меморандумот чие потпишување според најавите ќе се одвива виртуелно, по што ќе започне 60 дневен период на преговори од втората фаза, што според аналитичарите ќе биде долга и макотрпна. -Бидејќи дури и ако го парафирате овој договор, можеби во присуство на Г7, или можеби дигитално утре или следниот ден, она што сте го направиле е да си купите билет од двете страни за преговори, кои ќе бидат долги и мачни, во кои ќе бидат разгледани празнините околу основните прашања, што да се прави со 900 фунти високо збогатен ураниум, што да се прави во врска со конечното располагање со теснецот, што е со ублажувањето на поморската блокада, што е со замрзнатите средства, меѓусебните безбедносни гаранции, олеснувањето на санкциите и целото прашање за капацитетот на Иран да збогатува.- Арон Дејвид Милер, виш соработник во Карнеги фондацијата за меѓународен мир Според светските медиуми, нацрт-условите во Меморандумот укажуваат дека САД ќе почнат да ослободуваат милијарди долари замрзнати ирански средства и ќе се откажат од санкциите за извозот на нафта, во замена за отворање на Ормутскиот теснец од страна на Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривични пријави за возачот на мотоцикл кој дивееше на бул."Партизански Одреди" во СкопјеОд страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" Во врска со објавеното видео 10.10.2026 на повеќе портали и електронски медиуми во кое се гледа како едно лице управува мотоцикл "сузуки" движејќи се небезбедно на едно тркало на бул."Партизански Одреди" кај крстосницата со ул."29-ти Ноември" во повеќе наврати, загрозувајќи се себеси и другите учесници во сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во соработка со Безбеден Град преземени се мерки и дејствија при што е утврдено дека станува збор за мотоцикл "сузуки" со скопски регистарски ознаки кој на ден 03.10.2026 е управуван од машко лице по наведениот булевар при што најпрво е обавен разговор со сопственикот, потоа со корисник на мотоциклот од кого е добиена информација дека мотоциклот на 03.10.2026 го користел А.А.(37) од Скопје. Од страна на полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај е извршен разговор со А.А. кој посочил дека истиот на 03.10.2026 без да поседува возачка дозвола управувал мотоцикл "сузуки" на бул. "Партизански Одреди" и истиот објавил неколку видеа на профил на мрежата Тик Ток. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје, а против А.А. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-А од Кривичниот законик, "безобѕирно управување на моторно возило" и по член 298 од Кривичниот законик- "загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизВодител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту мигСветската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути. За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат. „Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката. Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски. Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски. Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму. „И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике. Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер. Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“. Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час. Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМаж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија. Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди. „Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата. Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook