Денеска е Денот на Светите Кирил И Методиј: Делото на македонските просветители, кое стана темел на словенската цивилизација - Канал 5

Денеска е Денот на Светите Кирил И Методиј: Делото на македонските просветители, кое стана темел на словенската цивилизација

Македонија денеска го чествува 24 мај - Денот на Светите Кирил и Методиј: делото на македонските просветители кое стана темел на словенската цивилизација... 

Денеска е Денот на Светите Кирил И Методиј: Делото на македонските просветители, кое стана темел на словенската цивилизација

Македонија го одбележува денот на својот цивилизациски темел – 24 Мај Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј. Со свечена академија насловена „Од слово до вечност„ во Охридскиот црковен храм „Св.Софија„ како и со положување на свежо цвеќе на споменикот на просветителите на Охридскиот кеј, беше одбележан овој значаен државен празник. Имаме јазик, култура и народ кои опстанале низ вековните премрежја рече премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање, каде повика на сенародно обединување пред современиот предизвик за македонската држава – блокада на евроинтеграциите.

„Не можам да ги разберам ниту оправдам домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на раководството на една наша соседна држава. / Направив се како претседател на Владата за да подадам рака кон овие кои што се денес за жал, мекото ткиво на македонскиот идентитет, да се свестат, да се обединиме, заедно да се бориме, тие секоја шанса ја испуштија. / Затоа јас повикувам на сенародно и интелектуално обединување на државата. “

Осврнувајќи се и на борбата со корупцијата за која посочи дека е незадоволен и упати порака до правосудните институции дека трпението е при крај, премиерот исто така најави и законско решение за барањето на албанските студенти – правосуден испит на албански јазик.

Секоја заедница да го има правото да напредува и да го употребува својот јазик, се додека се разбира тоа е во рамките на Уставот, законите и се додека се почитува нашиот идентитетски белег – македонскиот јазик. Затоа многу брзо ќе дојдеме до решение кое треба сите да го поддржиме и кое ќе отскокнува над поеднинечните партиски и политички интереси.

Само описменети можеше да се самоосвестиме и ослободиме, најпрво од незнањето, а потем и од потчинетоста од секаков вид, порача во својата честитка претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Јазикот не е само збир на зборови, туку и колективна меморија, вредносен код и чувство на припадност што еден народ ги пренесува низ времето, од генерација на генерација. Во време на неизвесност, длабоки поделби и сè поизразена отуѓеност, 24 Мај нè потсетува дека без култура, образование и наука, но и без вредносен систем, ниту едно општество не може да изгради меѓусебна доверба и заедништво.“ - гласи дел од честитката на претседателката Сиљановска Давкова.

Солунските браќа Светите Кирил и Методиј како творци на глаголицата и описменувачи на словенските народи, пред повеќе од 1 160 години односно во 863 година во Моравската мисија, ја започнале просветителската дејност со што ги поставиле темелите за словенската писменост, култура и духовен развој. Нивните ученици по прогонот поради својата благородна дејност, ја продолжиле својата света мисија преку Охридската книжевна школа која се претворила во колевка на словенското образование и духовност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најавени детали за погребот на врховниот лидер: Церемонии во неколку градови

Ајатолахот Али Хамнеи ќе биде погребан на 9 јули во светилиштето Имам Реза во Машхад, по неколкудневни погребни церемонии што ќе се одржат во неколку ирански градови.

Најавени детали за погребот на врховниот лидер: Церемонии во неколку градови

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, ќе биде погребан на 9 јули во светилиштето Имам Реза, огромен религиозен комплекс во иранскиот град Машхад, по неколкудневни погребни церемонии во неколку градови, објави канцеларијата одговорна за зачувување и објавување на неговите дела, објави иранската телевизија „Иран“.

Според објавениот распоред, церемониите за збогување ќе се одржат на 4 и 5 јули во Техеран во комплексот на џамијата Имам Хомеини, додека погребна поворка е планирана за 6 јули во Техеран.

Еден ден подоцна, на 7 јули, слична поворка ќе се одржи во светиот град Ком. Последната церемонија е закажана за 9 јули во Машхад, каде што Хамнеи ќе биде погребан во комплексот на светилиштето Имам Реза.

Организаторите ги поканија граѓаните и верниците да присуствуваат на церемониите, велејќи дека јавноста и верските структури ќе играат клучна улога во нивното организирање.

Во соопштението се вели дека се очекува голема посетеност на јавноста. На 1 март, иранската влада потврди дека водачот на Исламската револуција, ајатолахот Сејед Али Хамнеи, бил убиен еден ден претходно во напад на САД и Израел.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едно лице е лишено од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Едно лице е лишено од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(37) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 40-годишна партнерка од тетовско дека од април 2026 година, по прекинувањето на нивната врска, континуирано ја следел низ градското подрачје и телефонски ја вознемирувал од различни броеви, а откако одбила да ја продолжи врската упатувал и закани на неа и нејзиното семејство.

На 12.06.2026 во 13:45 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09:50 часот на подрачјето на Центар, нејзината 56-годишна свекрва С.О. го оштетила нивното возило „пежо боксер“ и со употреба на физичка сила ја извадила од возило и ја турнала на земја, при што се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На 12.06.2026 во СВР Скопје, полициски службеници извршиле службен разговор со Ѓ.А.К.(53) и А.А.Р.(56), постапувајќи по претходна пријава дека на 10.06.2026 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, физички ја нападнале нивната 16-годишна ќерка и внука. Според пријавеното, таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзината мајка Ѓ.А.К., но досега не било пријавувано.

На 12.06.2026 во 19:50 часот во СВР Скопје, 37-годишник од Скопје пријави дека околу 14:00 часот пред неговиот стан на подрачјето на Бит Пазар, неговата тетка А.Н. му упатувала закани и се обидела насилно да влезе во станот, по што истурила боја пред влезната врата. Според пријавеното, таа ѝ претходно доаѓала пред неговиот дом. За настанот е известен јавен обвинител.

На 12.06.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена од скопско пријавила дека околу 19:00 часот во скопско село била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Ш., со кого не живеат подолг временски период.

На 12.06.2026 во 13:10 часот во СВР Скопје, 71-годишен маж пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода, поради претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил физички нападнат од неговиот внук. С.О(42).

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кинезите тврдат дека нивниот теренец е дизајниран од поранешен дизајнер на Ферари

Нов кинески електричен теренец премногу личи на Ферари, а сега избувна спор околу неговиот дизајнер.

Кинезите тврдат дека нивниот теренец е дизајниран од поранешен дизајнер на Ферари

Кинескиот бренд „Luxeed“, кој работи во соработка со „Chery“ и „Huawei“, претстави нов електричен теренец под брендот „RX“.

Моделот веднаш привлече внимание поради својот дизајн, кој потсетува на „Ferrari Purosangue“, но и затоа што се тврди дека е дизајниран од поранешен главен дизајнер на Ферари.

Според менаџментот на брендот „Luxeed“, „RX“ е дело на неодамна вработен дизајнер кој наводно работел на водечка дизајнерска позиција во Ферари.

Сепак, директорот за односи со јавноста на Ферари за Кина јавно побара да се открие името на дизајнерот, нагласувајќи дека компанијата не го изгубила својот главен дизајнер.

Новиот „Luxeed RX“ е долг 5,02 метри и има модерни „LED“ светла, изразени браници и спортски заден спојлер.

Купувачите ќе можат да избираат од неколку дизајни на тркала и различни бои на сопирачките.

Основната верзија користи електричен мотор од 372 КС кој ги придвижува задните тркала, додека помоќната варијанта со два електрични мотори развива вкупно 586 КС и достигнува максимална брзина од 250 км/ч.

Капацитетот на батеријата сè уште не е објавен, но се знае дека ќе се користат батерии „NMC“ од кинеските производители „CATL“ и „CALB“.

Продажбата на кинескиот пазар се очекува наскоро, а останува да се види дали перформансите на автомобилот или контроверзиите околу неговиот дизајнер ќе привлечат поголемо внимание.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер