Демократски Сојуз: Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелни реформи и нова перспектива за младите
Костадиновска Стојчевска: Со новиот буџет власта ги крати парите за култура и ги гази правата на културните работници
1Демократски Сојуз: Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелни реформи и нова перспектива за младите
2Костадиновска Стојчевска: Со новиот буџет власта ги крати парите за култура и ги гази правата на културните работници
3Петкоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови за нови инвестиции
ЖивотДенеска е Ден на Вера, Надеж и Љубов!Денеска се празнува денот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија.Свети маченички живееле и биле мачени и убиени во градот Рим, за време на цар Адријан. Софија ушта во младоста останала вдовица, и ги воспитала своите три ќерки во Христовата вера. Кога започнале гонењата на христијаните и кога мачителите дошле во домот на Софија, Вера имала 12 години, Надеж 10, а Љубов само 9 години. Сите четири биле изведени пред царот, каде одбиле да принесат жртва пред идолската божица Артемида. Пред страдањата, Софија ги охрабрувала своите ќерки за да издржат до крај. Таа им говорела дека небесниот љубител – Господ Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и бесмртен живот. Издржале страшни маки - ги тепале, ги сечеле со остри ножеви, ги фрлиле во оган и во врела смола, и на крај, една по една, ги убиле со меч. Мртвите тела на своите ќерки Софија ги погребала надвор од градот . По три дена и три ноќи, молејќи се на Бога, ја предала својата душа во рацете на Бога. Св. Јован Лествичник За љубовта, надежта и верата Верата е зракот, надежта - светлината, а љубовта е сончевиот круг. И сите тие сочинуваат еден блесок и еден сјај. Верата може да направи сè, сè да создаде. Надежта, ја повикува Божјата милост и ја прави непосрамена. А љубовта никогаш не слабее, не заостанува и не му дава мир на оној, кој е занесен од нејзиниот блажен восхит. Оној што сака да зборува за љубовта Божја, се осмелува да говори за Бога. А, да се зборува за Бога е ризично и опасно за луѓето кои не внимаваат многу. Вистината за љубовта им е позната на ангелите, но и ним – преку озарението. Бог е љубов (1. Јован, 4, 16), а оној што сака со зборови да објасни што е Он, го прави истото што и слепецот кој седи на брегот на океанот и сака да измери колку песок има на неговото дно. По својот квалитет, љубовта е уподобување на Бога, во мера која им е достапна на смртниците. По своето дејство, пак, таа е извор на верата, бездна на долготрпението, море на смирението. Љубовта , во вистинска смисла на зборот, е напуштање на секакви непријатни мисли во поглед на другиот човек. Зашто, љубовта не мисли зло (1. Кор. 13, 5). Љубовта, бестрастноста и боговосиновувањето се разликуваат меѓу себе само по името. Светлината, огнот и пламенот се постигнуваат со едно дејство. Така треба да се замислуваат и тие три доблести. Во согласност со копнежот за љубовта, во нас се јавува и стравот. Зашто, човекот во кого нема страв – или е полн со љубов, или душевно е веќе мртов. Не е нималку неприлично да се споредува копнежот со стравот, ревноста и предаденоста, служењето и љубовта кон Бога, со она што обично може да се види кај луѓето. Блажен е значи, човекот кој Го сака Бога онака, како што занесениот љубовник ја сака својата љубена. Блажен е човекот кој се плаши од Бога онака, како што осудениците се плашат од судијата. Блажен е човекот кој станал усрден во вистинската предаденост на Бога онака, како што благоразумните слуги се усрдни кон својот господар. Блажен е човекот кој во извршувањето на добродетелите станал ревносен така, како што се ревносни мажите кои, заради своите сопруги, се лишуваат себеси од сон. Блажен е човекот кој во молитва стои пред Господа, онака како што служителите стојат пред царот. Блажен е оној, кој се подвизува во непрестајно угодување на Бога, исто како што некои се трудат да им угодуваат на луѓето. Мајката не е така приврзана за своето доенче, како што синот на љубовта постојано е приврзан за Бога. Кога срцето на човекот е весело, тогаш и лицето негово сјае. Кога целиот човек е опфатен од љубовта Божја, тогаш и надворешно, на неговото тело, како во некое огледало, се забележува сјајот на неговата душа. Така се прослави и боговидецот Мојсеј. Оние кои го достигнаа тој рамноангелски степен, често забораваат на телесната храна. Јас мислам дека тие дури и не чувствуваат потреба за неа. Не е ни чудо: дури и луѓето кои ги измачува телесната желба често одбиваат да јадат. Сметам дека телото на овие бесмртници веќе не е ни подложно на болести (спротивно на сите природни закони). Зашто, нивното тело е очистено, и на извесен начин (преку дејство на пламенот на чистотата, кој во нив го пресекол пламенот на страстите) станало нетрулежно. Мислам дека, дури и она што го јадат, го јадат без наслада. Зашто, како што подземната вода ги напојува корените на билките, така и небесниот оган ги храни душите на овие свети луѓе. Согласно со растењето на стравот Божји, во човекот се јавува и љубовта. Врвот на чистотата е основниот услов за познавањето на Бога. Самиот Бог, на таинствен начин го воведува во Својата вистина оној кој своите чувства совршено ги соединил со Него. Зашто, сè додека не дојде до соединување на сите наши чувства со Бога, тешко дека ќе можеме да зборуваме за Него. Соединувајќи се со човекот, Единосушното Слово ја усоврши чистотата и со Своето доаѓање ја умртви смртта. А, тогаш кога смртта е умртвена, ученикот на вистинската теологија бива озарен од Бога. Зборот Божји, зборот кој од Бога доаѓа, Неговиот чист збор, пребива во веки. Оној што не Го познал Бога, за Него зборува со нагаѓање. Чистотата, пак, го прави својот ученик теолог, кој самиот од себе ги објавува догматите за Пресвета Троица. Оној што Го сака Господа, најнапред го засакал својот брат. Второто е доказ за првото. Оној што го сака ближниот, никогаш не ги поднесува луѓето кои се занимаваат со оговарање. Уште повеќе, бега од нив како од оган. Кој вели дека Го сака Бога, а на својот брат се лути, наликува на човек кој сонува дека трча. Моќта на љубовта е во надежта. Преку надежта очекуваме награда за љубовта. Надежта е збогатување со невидливи богатства; надежта е сигурна ризница пред ризниците. Таа е одмор од маките, таа е капија на љубовта, таа го убива очајанието, слика е на идните добра. Недостатокот на надеж претставува исчезнување на љубовта. Со неа се врзани нашите маки, на неа се градат нашите подвизи, неа ја опкружува милоста Божја. Монахот кој е исполнет со неа, ја употребува како нож со кој го сече унинието. Надежта раѓа искуство во даровите Господови. Зашто, оној кој не ги почувствувал даровите Божји, не може да не се сомнева. Надежта го победува гневот: таа не посрамува (Рим. 5, 5). А лутиот човек е непристоен. Љубовта е дарител на пророштвата. Љубовта е извор на чудата. Љубовта е бездна на озарувањето. Љубовта е извор на благодатниот оган: колку повеќе се разгорува, толку повеќе ја распалува жедта на жедниот. Љубовта е животот на ангелите. Љубовта е вечно напредување. Објави ни добродетелке најубава, каде ги пасеш своите овци, каде отпочинуваш на пладне. Осветли нè, напој нè, води нè, раководи нè, зашто, ете, сакаме да ги достигнеме твоите висини. Ти владееш над сите. Ти ми ја рани душата, и сега не можам да ја издржам силата на твојот пламен. Од каде да ја започнам песната во твоја чест? Ти љубителите твои ги правиш непобедливи. Горам од желба да дознаам како, зацврстена на врвот на скалата, те видел Јаков. Кажи ми како тој го гледаше оној пат во висините? Каков е начинот и смислата на редењето на скалилата, оние столбови, кои во срцето свое ги постави љубителот твој? Сакам да го знам нивниот број? И колку време е потребно тие да се поминат? Оној што те виде и што со тебе се бореше, нè извести само за ангелите кои водат низ скалилата. И ништо друго не сакаше, или поточно – ниту можеше да открие, ако тоа е токму она, што треба да го кажам. А, љубовта, таа царица, ми се јави како од небото, и ми рече, како да говори на увото на мојата душа: Љубителу мој, сè додека не се ослободиш од дебелината на телото свое, нема да бидеш во состојба да ја видиш мојата убавина, таква каква што е. А лествицата Јаковова, нека те научи како да ја составиш твојата духовна лествица на добродетелите, на чијшто врв јас сум зацврстена, како што рече големиот посветеник на моите тајни: Сега останува само ова: Верата, надежта и љубовта...но, најголема од сите нив е љубовта. Качувајте се, качувајте се, браќа! Храбро поставувајте ги скалилата во срцата свои, слушајќи го оној кој говореше: Дојдете да се искачиме на гората Господова и во домот на нашиот Бог, Кој ги усовршува нашите нозе да бидат како на елен, и Кој стои на висините. (Пс. 17, 34), за да станеме победници на Неговата патека! Трчајте, ве молам, заедно со оној што велеше: Да се потрудиме, додека не постигнеме единство во верата и познание на Синот Божји, во човек совршен, по мерата на растот од полнотата Христова (Ефес. 4, 13), Кој, крштевајќи се во триесеттата година од видливата возраст, го достигна триесеттиот степен на мислената лествица. Зашто, Бог Е љубов. Нему Му прилега слава, Нему власт, Нему сила, зашто Е, и беше, и ќе биде причина за секое добро во сите векови. Амин. /преземено од: bigorski.org.mkКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДемократски Сојуз: Бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, темелни реформи и нова перспектива за младитеПретседателството на Демократскиот сојуз, на денешната проширена седница, расправаше за актуелните геополитички и безбедносни состојби.Претседателството на Демократскиот сојуз, на денешната проширена седница, расправаше за актуелните геополитички и безбедносни состојби, протестите во повеќе европски држави и нивните рефлексии во Македонија, предизвиците со кои се соочува државата, како и за новите програмски приоритети на Демократскиот сојуз. Анализите укажуваат дека меѓу основните причини за протестите во европските држави се високото ниво на корупција, нефункционалноста на образовниот и здравствениот систем, неправедната распределба на доходот, сиромаштијата, ограничените можности младите да дојдат до сопствен дом, како и незадоволството од миграциските политики. Демократскиот сојуз смета дека се неопходни дополнителни напори за деблокирање на евроинтеграциските процеси на Македонија, темелна анализа на причините за општественото незадоволство и протестите во европските држави, како и јасно дефинирање на националните приоритети и развојните политики на државата. Демократскиот сојуз се залага за бескомпромисна, ефикасна и ефективна борба против криминалот и високата корупција. За тоа е неопходна темелна реформа на правосудниот систем во целина, преку донесување закон за борба против тешките облици на криминал, целосна департизација на институциите и воспоставување независен институционален механизам, ослободен од влијанието на политичките и бизнис-елитите. Постојниот правосуден систем ја губи довербата на граѓаните и не обезбедува доволно гаранции за владеење на правото и еднаква примена на законите. Затоа, потребно е донесување закон за работата на Уставниот суд, утврдување ограничен мандат на судиите, со темелна евалуација на нивната работа на секои седум години, како и утврдување кривична одговорност за коруптивни одлуки. Неопходни се и поголема транспарентност во работата на судовите и преиспитување на законските можности за спогодување со обвинетите за корупција, со цел да се спречи нивното користење како механизам за избегнување соодветна одговорност. Новиот Кривичен законик треба да се усогласи со релевантните директиви на Европската Унија, особено во делот на хармонизацијата на кривичната одговорност за високата корупција и конфискацијата на имот стекнат со криминал. Здравството и образованието мора да станат вистински јавни системи достапни под еднакви услови за сите граѓани. Потребна е суштинска реформа на здравствениот систем, со еднаков пристап до квалитетни здравствени услуги, како и реформа на образованието, вклучително и затворање на високообразовните установи кои не ги исполнуваат академските стандарди и издаваат дипломи без соодветно исполнување на студиските обврски и полагање испити. За младите е потребна јасна и долгорочна стратегија, која ќе понуди реални можности за решавање на станбеното прашање, започнување сопствен бизнис и професионален развој во државата. Младите треба да имаат перспектива тука да живеат, создаваат и да ја градат својата иднина. Демократскиот сојуз дел од овие прашања ќе ги иницира и преку собраниските механизми, меѓу кои и донесување закон за борба против тешките облици на криминал. Програмата и политиките на Владата мора да се приспособат на новите глобални и европски предизвици и промени. Истовремено, за клучните национални и државни интереси потребно е иницирање и градење поширок политички и граѓански консензус. Во оваа насока потребен е заеднички настап и единство пред Европската Комисија за забрзано движење на Македонија кон полноправно членство во ЕУ, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПовторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаКостадиновска Стојчевска: Со новиот буџет власта ги крати парите за култура и ги гази правата на културните работнициПратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, на Комисијата за буџет и финансирање, нагласи дека и во секторот култура дека наместо развој и инвестиции, власта продолжува со кратења. Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, на денешната расправа за Предлог-буџетот за 2027 година, на Комисијата за буџет и финансирање, нагласи дека и во секторот култура дека наместо развој и инвестиции, власта на ВМРО продолжува со кратења, неисполнети ветувања и целосно запоставување на културниот сектор. Таа посочи дека Владата нема ниту стратегија за култура, ниту нови закони за заштита на културното наследство и Охридскиот регион, додека Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик останува нефункционален со само пет вработени. „Овој инспекторат има само пет вработувања во две ипол години, едно превземање. Има јавни несогласувања и тврдења за негрижа на македонскиот јазик. И токму заради нефункционалноста и неприменливоста на Законот за употреба на македонски јазик, оваа власт покажа дека нема намера да направи ништо за овој закон да профункционира“, рече Костадиновска Стојчевска. Во однос на работниците од секторот култура, Костадиновска Стојчевска потенцираше дека наместо предвиденото зголемување на платите од околу 6% годишно, буџетот за 2027 година предвидува зголемување од само 3,2%. „Буџетот за 2027 година предвидува кршење на овој колективен договор, односно зголемувањето од околу 6% на годишно ниво е намалено на 3,2%. Односно оној предлог што синдикатот го добил, како што и тие самите кажаа од Владата, е вкалкулиран без нивна согласност. За жал и овој предлог буџет за 2027 година укажува на еден тренд којшто за жал се забележува и е навистина со многу голем зафат - наместо унапредување на правата на културните работници, повеќе од две години гледаме безмилосна борба против истите тие права“, рече Костадиновска Стојчевска. Пратеничката од СДСМ, посочи дека културата ја завршува 2026 година без основни услови за работа. „Националните установи како Центар за култура Битола и театар не само што немаат греење туку немаат ни договор со доставувач односно и да им се префрлени пари за средства за греење не можат да набават нафта со дополнителни пари за адвокати со инспекторат за македонски јазик којшто сеуште ја нема изработено својата стратегија само со пет вработени и со непознат број на извршени инспекциски надзори“, рече Костадиновска Стојчевска. Посебно алармантна, како што кажа Костадиновска Стојчевска е состојбата со капиталните проекти и заштитата на културното наследство. Адаптацијата на старото училиште во Љубојно, кое треба да прерасне во современ центар за негување на македонскиот јазик, со години стои во место, иако проектот требаше да биде завршен до крајот на 2026 година. „Во април оваа година бившиот министер објави дека до крајот на оваа година објектот ќе е завршен и дека пари има. И ако денес одите до Љубојно ќе го видите објектот е далеку од завршување затоа што исплатите за истиот односно по завршени обврски одамна застанале“, рече Костадиновска Стојчевска. Таа предупреди и на драстичното намалување на капиталните дотации до единиците на локалната самоуправа, како и на фактот дека две години нема јавни повици, резултати и транспарентна распределба на средствата. „И доколку се погледне предлог буџетот гледаме намалување од минус 76,4% од минатата година, две години не го гледаме објавувањето на повикот за капитални дотации до единици на локална самоуправа. Нешто што е обврска на Министерство за култура и не се знае како тие пари коишто ние ги гледаме во два последователни буџети се воопшто распределени. Не гледаме јавен повик, не гледаме резултати, не гледаме средства. Две години тоа значи дека се работи спротивно на Законот за култура, а одговорност нема“, рече Костадиновска Стојчевска. Дополнително, голем број најавени капитални проекти во културата остануваат нереализирани, а дел од нивните буџети се намалуваат од година во година. Меѓу нив се реконструкцијата на центрите за култура во Битола, Штип и Куманово, театрите во Прилеп и Охрид, Универзалната сала, Плаошник и реконструкцијата на Музејот на Македонија. Таа посочи дека постојат и готови проектни решенија за реконструкција на Центарот за култура и театарот во Битола, како и за театарот во Прилеп, но тие не се реализираат. Костадиновска Стојчевска посочи дека со новиот буџет се намалуваат и парите во областа на заштитата на културното наследство. Управата за заштита на културното наследство добива 6,8% помалку средства, додека за Скопското Кале намалувањето изнесува 88,6%. „Ако веќе се земе резултатот од вториот ребаланс каде што и онака се намалија средствата, сега имаме уште помали средства што всушност ја става Управата за заштита на културно наследство во неможност да ги обавува и основните функции. Скопско Кале минус 88,6% намалување на буџетот во однос на минатата година“, рече Костадиновска Стојчевска, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПеткоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови за нови инвестицииПратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, го посочи Охрид.Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог Буџетот за 2027 година, го посочи Охрид, како место од каде доаѓа и истакна дека целта е да се создадат услови за одржлив економски развој, нови инвестиции и нови работни места. Како што вели таа, Охрид има потенцијал да прерасне во целогодишна туристичка дестинација, но и во град со развиено производство, посилна инфраструктура и економија која ќе создава можности во текот на целата година. ,,Охрид е град кој најдобро знае колку вреди секој турист, секоја нова авиолинија, секоја инвестиција и секое ново работно место. Но, исто така знаеме дека Охрид не може да живее само од својата убавина и од туристичката сезона. Му требаат производство, инфраструктура, нови пазари и економија која работи во текот на целата година“, вели Петкоска. Таа истакна дека целта е Охрид да се развие во целогодишна туристичка дестинација, со зголемен број туристи во текот годината, а не само во летната сезона. ,,Да има работа за хотелите, рестораните, туристичките водичи, превозниците и малите семејни бизниси, и тогаш кога нема летни гужви по охридските улици. И токму тука, гледам промена во развојна перспектива на Охрид. Новите авилонии, подобрената авионска поврзаност и модернизација на аеродромот ,,Св. Апостол Павле“, се конкретни чекори кон таа цел. Владата знае дека за Охрид освен туризмот се важни и други работи, пред само неколлку дена беше означен почетокот на изградба на нов производен комплекс на охридската компанија АСП ПАК. Инвестиција вредна над 10 милиони евра, реализирана во стратешко партнерство со Владата. За мене, и моите охриѓани ова е особено значајно затоа што зад оваа инвестиција стои охридско претприемништво, домашна компанија која растела, инвестирала и освојувала странски пазари“, рече Петкоска и додаде: ,,Тоа е доказ дека и од Охрид може да се произведува за светот. И токму тука е суштината на економскиот развој. Ни треба туризам, но ни треба и производство. Ни требаат нови туристи, но и нови извозни производи, ни требаат хотели, но и фабрики, ни треба инфраструктура, која ќе ги поврзе сите овие можности. Охрид е добар пример дека развојот не смее да се потпира само на една економска гранка. Само ако имаме што да покажеме зад себе, имаме основа одговорно да зборуваме за она што го планираме утре. Денес туризмот станува стабилна економска гранка, а не сезонска надеж. Ова е суштината на развојното планирање. Не само да потрошиме пари туку да создадеме услови тие пари да генерираат, нова активност, нвои приходи и нови работни места“, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook