На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев
2На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
2Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
ЖивотДенеска е ЦветнициПравославните христијани денеска го слават празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица.Цветници секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, градот во кој по неколку дена ќе биде погубен. Кога Христос влегуваше во Ерусалим, луѓето го пречекуваа со извици, постилајќи ги облеките пред неговите нозе и засипувајќи го патот со маслинови гранчиња пречекувајќи го како цар на мирот небесен. Саботата пред Цветници се вика Лазарева сабота или Лазарица. Според преданието, во саботата умрел Лазар од Витанија, а во неделата Исус го воскреснал. Поради тоа во народот неделата се смета за поголем празник од саботата. Според тогашните закони учител можело да биде само лице што наполнило триесет години. Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел навреме немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде". Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор". И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим. Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „Одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати". Учениците ги донесле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ. Ваквиот пречек на Исус во Ерусалим бил последица од неговата голема популарност меѓу народот уште повеќе зголемена по воскреснувањето на Лазара. Се поставува прашањето, зошто Исус во Ерусалим влегол качен на магаре? Толкувачите на Светото писмо истакнуваат дека кај источните народи магарето било симбол на мирот наспроти коњите што служеле за водење војни. Магарето мирно му служело на човекот како што и Исус му служел на народот. Пречекувајќи го Исуса воодушевениот народ со цвеќе, врбови гранки, но и со својата облека го постилал патот и пеел: „Осана на синот Давидов. Благословен е оној кој доаѓа во името Господово. Осана на вистините". Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконите овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека. Воскреснувањето на Лазар претставува предвесник на Христовото воскресенување, но и праобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово пришествие. Затоа, впрочем и има големо значаење. Со своето воскресение Исус потврдил дека претстои воскресение за сите луѓе. „Значи нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред Страшниот Христов Суд." Како што при Рождеството Христово зборуваме за две природи односно за раѓање на Богочовекот, Богомладенецот Исус така и во овие празници, исто така, гледаме дејство на двете природи Божјата и човечката. И тие природи секогаш дејствуват неразделно, односно слеано при што едната ја помага другата. „Затоа кога Христос ги вршеше Божествените нешта содејствуваше човечката природа, а кога ги вршеше човечките нешта, тогај содејствуваше Божјата природа. „светите отци, за да ја прикажат оваа вистина, велат дека секоја природа дејствуваше „преку другата", т.е. во заедница со другата природа." Токму во случајот со воскреснувањето на Лазар се гледа како дејствуваат двете природи. „Хритос како човек заплака за смртта на Својот пријател Лазар, но како Бог, со Својата Божествена сила го воскресна." Во евангелските текстови се вели дека Христос двапати просолзил. Еднаш тоа е при веста за смртта на пријателот Лазар. И со тоа Христос ја покажува својата човечка природа. „Солзите Христови укажуваат на човечката природа, и тоа дека ја прими целокупната природа. Така, Христос и на тој начин покажува дека освен што беше совршен Бог, беше и совршен и целосен човек." Во петроградското списание „Живаја старина" во 1889 година објавени се повеќе обичаи и песни од Галичник запишани од Панајот Ѓиноски меѓу кои и такви што се изведувале на Цветници. „Цветници ја наречуваме Цветоносна недела, т.е. неделата што е пред Велигден. Утрината рано помладите невести ќе се променат во нова промена до тога необлечена, ќе си клает нов сокај и преврзок на глава или на чело и дарпна врзана и заедно со сфекрвите си, ќа си поет в цркоф на причесна. Напред требит да се причестит дете 3-5 годишно, пак по него невестата. Ако немат свое дете куќно ќе земет од некоја роднина, а без дете не се причестуват невестата, така гледает. В црков раздавает цвеќа (над кое пејана молитва) на сите, зато се таја недеља наречуват цветна." И во Скопско на Цветници се одело во црква од каде секој земал китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден. Во селата на Скопска Црна Гора тој ден се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично. Во гостиварското село Вруток на празникот Цветници се одело на цвеќе. „Напред по цвеќе одевме на Цветници во местото што се викат Бука. Таму беревме каќунки, петопрс, здравец и други цветќа. После се враќавме назад и се допиравме ке чешмата на Ласко-Равен. Туе ќе си ручавме посно јадење: риба, маслинки и друго. Нестите и дејките ќе го китеа зравецот и другото цвеќе. После ќе пеевме, оро ќе тргаа нестите и ќе си пеа, а мие машките-ергените и младоженците гледавме како играат. И мие машките игравме само ко имаше тʼпан." Свети пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј Преданието раскажува дека на 27 март (с.с.) 1558 година како и обично монашкото братство од манастирот „Пречиста – Кичевска" се подготвувало за утринска литургија. Тогаш манастирот бил нападнат од османлискиот аскер кој ги пустошел македонските манастири. Монасите го напуштиле манастирот и се засолниле во околната шума каде што ја довршиле литургијата. Само тројца од монасите: Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј останале во манастирот готови да го примат маченичкиот венец. Пред разбеснетиот аскер тројцата монаси ја манифестирале силната љубов кон верата, и решеноста да примат жртва во името на својот Спасител Исус Христос. Тие биле подложени на страшни измачувања, а потоа им биле отсечени главите. Кога останатите монаси и мирјаните ја завршиле литургијата во блиската шума и кога се вратиле кај манастирот виделе страшна глетка. Манастирот бил запален, а телата на тројцата свети старци и духовни учители лежеле кај манастирската црква во местото Господинец. Селаните од околните села, заедно со ужалените монаси од манастирот се собрале околу светите тела на тројцата преподобномаченици, тагувале и ги бакнувале со стравопочит и со солзи во очите. Со силното молитвено застапништво на светите тројца преподобномаченици, застанати пред престолот на севишниот Бог и под покровителство на Пресвета Богородица, светата обител на се распуштила. За шест години бил изѕидан нов храм од камен. Во 2012 година Македонската православна црква ‒ Охридска Архиепископија ги прогласи за светци. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата Вооружена полиција реагираше на настанот во центарот на Ливерпул откако беше пријавено дека еден маж носи оружје.Полицијата од Мерсисајд соопшти дека полицајците биле повикани поради пријави за маж кој носел оружје во Пел Мол околу 18:45 часот во понеделник. Вооружена полиција била повикана на местото на настанот и мажот бил уапсен во близина во 19:10 часот. Според извештаите, кај него била пронајдена лопата, објави Мирор. 42-годишен маж од Ливерпул бил уапсен под сомнение дека поседувал предмет што може да се користи како офанзивно оружје и бил приведен на испрашување, објави „Мирор“. Учениците и родителите на Институтот за современа музичка продукција и изведба (ICMP), кој се наоѓа во Пел Мол, изјавија за „Ливерпул Ехо“ дека зградата е ставена во „целосна блокада“ по инцидентот. Рејчел, чиј син Зак посетува ICMP, изјави во 19:30 часот во понеделник: „Син ми се јави и ми рече дека сè уште не се враќа дома бидејќи имало лице [со пиштол] на улицата Пел Мол. Трчаше по улицата.“ „Вработените ги спуштија ролетните. Навистина е страшно. Тој е заробен внатре. Мислам дека е повикана полиција.“ Непосредно пред 20 часот, три полициски автомобили и единица со кучиња беа видени паркирани пред МКИП, на улиците Прусија и Хајфилд. Ролетните на зградата беа делумно спуштени и двајца полицајци влегоа внатре. Неколку минути подоцна, ролетните беа целосно подигнати и десетици ученици почнаа да ја напуштаат зградата. Никој не е повреден, а полицијата потоа ја прекина операцијата. Лука Пирсон, 19, рече дека тој и неколку други ученици виделе човек со пиштол на улицата Прусија. „Сите влеговме во зградата на училиштето“, рече тој. Друг студент рече: „Имаше еден човек во долна облека [со пиштол]. Беше по улицата. Нè погледна, ние го погледнавме него.“ „Потоа веднаш влеговме внатре. Навистина не знаевме што да правиме. Се случи пред околу два часа.“ Секој што има информации за инцидентот се повикува да контактира со полицијата во Мерсисајд преку профилот @MerPolCC на социјалните мрежи или со повик на бројот 101, наведувајќи го референтниот број 907.Тагови: Ливерпул училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
БалканНа Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев Сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, во која загинаа 12 лица, а 50 беа повредени, предизвика политички реакции откако беше откриено дека камерите и системите за надзор снимиле опасно густа магла два часа пред трагедијата.Опозицијата тврди дека властите имале доволно време да реагираат, но не ги презеле потребните мерки, поради што сега бара оставка од премиерот и министрите, пренесува БНТ. Тешката сообраќајна несреќа се случила рано наутро на автопатот Тракија, во близина на раскрсницата Зимница, каде што се судриле десетици автомобили и камиони поради исклучително лоша видливост. Според официјалните бројки презентирани од министерката за здравство Катја Ивкова, во сообраќајната несреќа животот го загубиле 12 лица, додека 50 повредени лица се лекуваат во болници. Меѓу тешко повредените е и лекар од Детската болница „Света Анастасија“ во Бургас, што го потврди и директорот на оваа здравствена установа, д-р Благомир Здравков. Поради големиот број повредени, започната е обемна спасувачка и медицинска операција. Поголемиот дел од пациентите, 27 од нив, беа сместени во болниците во Сливен, 12 беа префрлени во здравствените установи во Јамбол, додека седум беа лекувани во две болници во Бургас. Властите, исто така, предвидоа можност најтешко повредените да бидат префрлени со авион во Софија, каде што ќе продолжат со лекувањето. Бугарскиот премиер Румен Радев го прогласи 11 ноември за ден на жалост. Камерите предупредија на опасноста неколку часа пред несреќата По трагедијата се постави прашањето за одговорноста на надлежните институции, бидејќи, според експертите и опозицијата, густата магла не беше изненадување. 📌 Φονική καραμπόλα, λόγω ομίχλης, κοντά στο Γιάμπολ της Βουλγαρίας, με τουλάχιστον 11 νεκρούς. 🎞️ AFP #Bulgaria https://t.co/xUg5wKBIBb — NEWS 24/7 (@News247gr) November 10, 2026 Георги Галабов од Институтот за безбедност во сообраќајот рече дека камерите на Агенцијата за патна инфраструктура (API) регистрирале спуштање и постепено згуснување на маглата на оваа делница околу два часа пред несреќата. Според него, интерактивниот систем испратил предупредување до надлежната институција за влошување на временските услови, додека камерите истовремено ги снимиле возилата што се движат со голема брзина и покрај драстично намалената видливост. Галабов нагласи дека имало доволно време за преземање превентивни мерки. Меѓу можните решенија, тој ги наведе третирањето на патот за да се спречи формирање мраз, привремено или етапно затворање на ризичниот дел за два до три часа, како и испраќање полициски патроли за регулирање на сообраќајот. Опозицијата бара оставка од премиерот, се подготвува гласање за недоверба Трагедијата предизвика жестоки реакции и во бугарскиот парламент, каде што претставниците на опозициската партија ГЕРБ побараа оставка од премиерот Румен Радев и надлежните министри. Потпретседателот на партијата Даниил Митов, поранешниот регионален министер Николај Нанков и Теменушка Петкова ги обвинија властите за неактивност и обид за префрлање на одговорноста, најавувајќи дека ќе започнат консултации и ќе собираат потписи за гласање за недоверба на владата. Митов ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев дека нема врска помеѓу системот на Агенцијата за патна инфраструктура и Министерството за внатрешни работи. Тој истакна дека размената на податоци во реално време функционира преку Националниот координативен центар за безбедност во сообраќајот. Николај Нанков тврдеше дека информациите за густа магла стигнале до Центарот за ситуации на Агенцијата за патна инфраструктура еден ден пред несреќата, додека камерите покажале исклучително лоша видливост најмалку еден час пред судирот. Тој ги обвини властите дека не го обезбедиле соодветно патот, наведувајќи дека патот не бил третиран од мраз и дека режимот на зимско одржување не бил воведен дури ни до 10 ноември. Нанков, исто така, посочи на проблемите во одржувањето на патната инфраструктура. Според него, августовската наредба го ограничила тековното одржување на патиштата, вклучително и сигнализацијата и ознаките, додека договорот од 2020 година за поставување 40 електронски информативни табли на автопатот „Тракија“ бил раскинат две години подоцна, без да биде завршена работата. Теменушка Петкова ги обвини премиерот и владата дека ги манипулирале наодите од ревизорскиот извештај на Сметковната комора со цел да ја префрлат одговорноста за лошата состојба на патиштата на претходната влада. Истрагата за околностите на трагедијата и одговорноста на надлежните служби ќе биде клучна за утврдување како се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи во Бугарија.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
АвтомобилизамШокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели Со децении, кинеските производители на автомобили купуваат европска технологија и учат од западните компании, но сега ситуацијата е целосно обратна. Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сериозно разгледува план за опремување на дури 75 проценти од своите идни модели за европскиот пазар со електронска архитектура развиена во Кина. Предлогот е лично поддржан од шефот на брендот Томас Шефер, а проектот би ги вклучил повеќето нови модели под брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, вклучувајќи ги и идните електрични „Голф“, „Пасат“ и „Шкода Ењак“. Во овој случај, не станува збор за промена на класичната механичка платформа, суспензија или мотор, туку за електронскиот мозок и нервен систем на возилото што ги поврзува сите компјутери, сензори, мултимедијални екрани и безбедносни системи. Главната причина за овој пресврт се огромните финансиски заштеди. Технологијата развиена во соработка со кинеската компанија „Икс-пенг“ овозможува намалување на бројот на електронски контролни единици за околу 30 проценти, што драстично го поедноставува производството и би можела да заштеди на концернот помеѓу четири и пет милијарди евра, а во исто време да ги реши годините на проблеми и доцнења во сопствениот софтверски оддел. Конечната одлука сè уште не е официјално усвоена бидејќи новата архитектура прво мора да претрпи строги прилагодувања на европските закони за безбедност и заштита на лични податоци, што би можело да одземе дел од планираните финансиски придобивки. Сепак, самиот факт дека најголемиот европски производител сериозно планира да набави кинески електронски решенија за автомобили наменети за европски клиенти е најдобар доказ за тоа колку неповратно се променила распределбата на моќта на светскиот пазар.Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter