Годинава главната порака која се испраќа на овој ден е заштитата на нашите видови бидејќи многу бргу се намалува популацијата на растенија и диви животни предизвикано од човечките активности.
Во градската зоолошка по одржувањето на еко час и по презентацијата на видеото за тоа дека дрвата се нашите тивки пријатели, се уреди и едно катче во рамки на акцијата „градови за шумите“ во која секаде во светот денес се засадуваат дрвца.
Но на планетата земја не треба да се сетиме само на еден ден во годината. Македонија се повеќе има проблем со загадениот воздух, со загадување на водите, почвите со неповратно губење на огромен шумски фонд заради дивите сечи и неодговорните палења и пожари како и со никнување на диви депонии.
Една таква деновиве е актуелна по медиумите која се наоѓа на самата граница на Националниот парк Галичица, во близина на една од водоснабдителните пумпи во охридско. Комуналните служби се потешко се справуваат и го чистат ѓубрето кое граѓанските активисти дури и го собираат место нив.
Неодговорното однесување на луѓето и загадувањето ни ги донесеа климатските промени од кои имаме се по изразени суши, поројни дождови, поместување на границите на инсектите и болести кои никогаш порано не сме ги имале, изумирање на пчелите и бројни негативни последици за животната средина