Дендиас: Грција има конвенционални обврски кон Северна Македонија кои треба да ги исполни

Преку европскиот тек на Северна Македонија ќе се обидеме да ја убедиме другата страна да биде целосно прифатено дека називот на граѓанинот на земјата е „граѓанин на Северна Македонија", рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.

Дендиас, говорејќи за грчкото радио „Реал фм", даде пример во однос на тоа што би можеле во иднина да направат за точките од Договорот од Преспа, за кои тие не се согласуваат, jави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас во интервјуто уште еднаш отфрли секаква можност за промена на Договорот од Преспа, велејќи дека „Грција има конвенционални обврски кон Северна Македонија кои треба да ги исполни", но објасни што во иднина би можело да се направи.

За членовите што се однесуваат на јазикот и идентитетот, што грчката владејачка партија ги смета за спорни, шефот на грчката дипломатија вели дека да ја имаше тој можноста, како министер за надворешни работи од Нова демократија, да ги води преговорите, ќе ги сменел конкретните две точки заедно со уште една, т.е. како што рече, „можноста правно лице од приватното право да го користи називот македонски без да може да биде спречено".

-Овие три работи би сакал, да можев да ги сменам. Но, сега се тука. Што можам да направам? Она што можеме да го направиме како земја е преку рамката на европскиот тек на Северна Македонија, да ја убедиме другата страна оти овие работи треба да се користат на конкретен начин и само на тој начин. На пример: од другата страна да биде целосно прифатено дека називот на граѓанинот на земјата е „граѓанин на Северна Македонија". Но, ова е процес на спроведување што поминува преку европската перспектива на соседот, на Северна Македонија. Ќе се обидеме да го направиме тоа, но ако ви кажам дека можам да го сменам договорот во целост, или да ги сменам целосно овие два члена, нема да ви ја кажам вистината, штом еднаш е потпишано и ратификувано не е можно, рече Дендиас.

Шефот на грчката дипломатија уште еднаш го повтори ставот дека државата има континуитет, а „ревизионизмот на договорите е опасен за Грција на многу степени".

-Земјата има конвенционална обврска кон една друга земја. Кон оваа друга земја кон која има конвенционална обврска мора да ги исполни обврските, односно Грција кон Северна Македонија да ги исполни нејзините конвенционални обврски, но, му кажав јасно на Димитров и тие треба апсолутно да се придржуваат до збор, до запирка, до точка, до нивните обврски, рече министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкото радио. /МИА

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер