ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
2ЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!
СветДен на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија.Европејците денеска го прославуваат Денот на Европа – 9 мај, одбележувајќи ја воедно и 75-годишнината од Шумановата декларација, која ги постави темелите на денешната Европската Унија и го трасираше патот кон нова ера на просперитет, мир, демократија, солидарност и соработка на Стариот континент. На 9 мај се чествуваат две годишнини – завршувањето на Втората светска војна во Европа во 1945 година и промовирањето на планот на тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман на истиот датум во 1950 година за воспоставување на единствен пазар за јагленот и челикот произведен во Западна Германија и Франција, која стана позната како Шуманова декларација. Целта овој план е преку заедничките интереси да се надмине ривалството меѓу Франција и Германија само пет години по завршувањето на Втората светска војна и со така воспоставената солидарност во производството на јаглен и челик јасно да се покаже дека секоја војна меѓу нив би била не само незамислива, туку и материјално невозможна. Според Шуман, светскиот мир не може да се зачува без вложување креативни напори, сразмерни на опасностите што го загрозуваат, а здружувањето на производството на јаглен и челик „ќе ги промени судбините на оние региони кои долго време беа посветени на производство на воена муниција, од која тие беа најчести жртви“. - Европа нема да биде создадена одеднаш или според еден план. Таа ќе биде изградена преку конкретни достигнувања кои прво создаваат фактичка солидарност, наведува Шуман во документот. Врз основа на идејата на Шумановата декларација на 18 април 1951 година Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Франција и Холандија го потпишаа Парискиот договор за формирање на Европската заедница за јаглен и челик (ЕСЈЧ), како прва наднационална заедница во Европа. Парискиот договор стапи во сила 23 јули 1952. При формирањето на Заедницата е оценето дека спојувањето на економските интереси ќе помогне во зголемувањето на животниот стандард, што ќе биде првиот чекор кон пообединета Европа. Земјите основачи на ЕСЈЧ на 25 март 1957 година ги формираа Европската економска заедница (ЕЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (Евроатом). Со Бриселскиот договор, склучен меѓу 8 април 1965 година трите задници се обединуваат во Европската заедница, која се трансформира во Европската Унија со Мастришкиот договор од 7 февруари 1992 година, чиј официјален назив е Договор за ЕУ. Кон Заедницата на шесте членки основачи, на 1 јануари 1973 година се приклучуваат Велика Британија, Данска и Ирска, на 1 јануари 1981 година и Грција, а на 1 јануари 1986 и Португалија и Шпанија. На 1 јануари 1995 година членки на ЕУ станаа Австрија, Финска и Шведска, а на 1 мај 2004 година се случи т.н. „големо проширување“ на ЕУ, кога кон блокот се приклучија 10 земји - Кипар, Естонија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка. На 1 јануари 2007 кон блокот пристапија Бугарија и Романија, а на 1 јули 2013 и Хрватска, како во моментов најнова членка. Во меѓу време, на 1 февруари 2020 Велика Британија ја напушти ЕУ. Во моментов, осум земји имаат статус на кандидати за членство – Северна Македонија (од 2005), Црна Гора (од 2010), Србија (од 2012), Албанија (од 2014), Молдавија, Украина и Босна и Херцеговина (сите три од 2022) и Грузија (од 2023). Турција, исто така, е кандидат за членство, и тоа од 1999 година, но преговорите со неа се замрзнати од 2016 година, додека Косово има статус на потенцијален кандидат за членство, во очекување на прифаќање на кандидатурата поднесена во 2022 година. По повод Денот на Европа во земјите-членки на ЕУ и низ целиот свет ќе бидат организирани повеќе настани и широк спектар на образовни и забавни активности, насочени кон зближување на граѓаните од сите општествени сфери на животот. Познати згради и споменици низ целиот свет ќе бидат осветлени во боите на ЕУ, додека посебна програма за Денот на Европа е планирана на Експо 2025 во јапонскиот град Осака. Дополнително, институциите на ЕУ утре ќе организираат „отворен ден“ во чии рамки граѓаните ќе можат да ги посетат седиштата на Европскиот совет, Европската комисија, Европскиот парламент, Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) и на Европскиот комитет на регионите во Брисел, на Европската централна банка во Франкфурт, како и на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, каде ќе бидат организирање различни активности. - Во време на глобална неизвесност, Европа останува сидро на стабилност - место на можности и заштита за своите граѓани. ЕУ и нејзините институции работат кон заедничката цел за обезбедување просперитет и конкурентност, гарантирајќи ја нашата безбедност и одбрана, а воедно почитувајќи ги фундаменталните вредности за кои се грижат Европејците, порача Европскиот совет. Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаМасакрот во Краков ќе се истражува како терористички напад, напаѓачот сѐ уште не е испитанПолската државна обвинителска канцеларија објави дека ќе го истражи масакрот во Краков, во кој вчера беа убиени шест лица, како кривично дело од терористичка природа. Тоа е важен нов развој во истрагата за нападот, кој, заедно со трите тела пронајдени во домот на напаѓачот, го доведе вкупниот број на мртви на девет. Портпаролот на Окружното обвинителство во Краков, Томаш Вашчук, изјави за TVP Info дека денес обвинителството планира формално да отвори истрага и правно да го квалификува нападот како терористички прекршок. Ова сè уште не значи дека терористичкиот мотив е потврден. Истражителите сè уште се обидуваат да утврдат што го навело 24-годишниот Михал О. да изврши крваво дивеење. Напаѓачот сè уште не е испрашуван, го чува полицијата Вашчук, исто така, откри дека поради сериозните повреди, напаѓачот сè уште не е испрашуван, ниту е извршено формално апсење против него во процедурална смисла. Михал О. е во болница откако беше ранет од полицајци за време на интервенцијата. Тој беше подложен на операции и цело време беше чуван од полицајци. „Доколку неговото здравје се подобри доволно за да можеме да преземеме процедурални чекори, ќе го сториме тоа“, рече Вашчук. Тој додаде дека може да му се изрече доживотна казна затвор за кривичните дела за кои се товари. Тие го истражуваат неговото минато и можните врски Истражителите продолжуваат да испитуваат локации поврзани со нападот и собираат снимки од камерите за надзор за да ги реконструираат движењата на напаѓачот. Поточно, ќе бидат истражени неговото минато, личните односи и околностите под кои го стекнал оружјето. Според досегашните информации, 24-годишникот имал дозвола за поседување оружје и претходно не бил казнет. Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински претходно изјави дека напаѓачот имал многу радикални ставови. Беше спомената и можна врска со крајно десничарски идеологии, но досега не е потврдено дека тие биле мотивот за нападот. Девет мртви поврзани со масакрот Да ве потсетиме дека 24-годишникот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Тој убил шест лица и ранил уште 15, вклучувајќи двајца полицајци кои помогнале да го запрат. По пукањето, полицијата пронашла уште три тела во неговиот дом во Островјец Свјетокржиски. Потврдено е дека станува збор за негови родители и сестра. Околностите на нивната смрт се исто така под истрага. Полска прогласи дводневна национална жалост како одговор на трагедијата, а во Краков жалоста ќе трае до среда.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиУжас во рингот: Прекинат е меч поради страшна деформација на главата на боксерот (ВИДЕО)Англискиот боксер Зак Милер влезе во рингот со големи амбиции и желба да ја освои британската титула во перо категорија, но неговиот меч против Гали Паувар заврши на начин што ги шокираше љубителите на боксот. По десет рунди и драматични сцени во рингот, тепачката беше прекината поради страшниот оток на главата, кој целосно го промени изгледот на неговото лице. Борбата за слободниот шампионски појас се одржа на боксерски настан, чии главни актери беа Џошуа Буатси и Вили Хачинсон. Пуар беше поактивен во поголемиот дел од натпреварот, но пресвртот дојде по ненамерниот судир на глави. Над окото на Милер почна да се создава огромен хематом кој од минута во минута стануваше се поголем. Веќе на крајот од седмата рунда последиците беа застрашувачки. На лицето му се појавил голем оток, додека дополнителна загриженост предизвика расекотина над другото око. Ситуацијата набрзо дополнително се влошила. Уште еден огромен хематом се појавил на спротивната страна од главата, а двата отоци продолжиле да растат. Во деветтата рунда беше побарана лекарска проценка, но Милер доби дозвола да ја продолжи борбата. Не се откажа и покрај страшните повреди Во десеттиот круг сцените станаа уште подраматични. Отоците толку многу ја искривиле главата на боксерот што судијата повторно го повикал докторот на ринг. Овој пат немаше дилема - по краток преглед беше препорачано прекинување на тепачката и итна медицинска помош. The fight has been STOPPED due to severe swelling on Zak Miller’s face! 😬 #BuatsiHutchinson2 | Live NOW on DAZN ▪️ https://t.co/ePPcK5SiPA — DAZN Boxing (@DAZNBoxing) November 7, 2026 Бидејќи повредите настанаа како резултат на ненамерен судир на глави, победникот беше решен според картоните на судиите. Паувар славеше со едногласна техничка одлука. Така 24-годишникот стигна до титулата британски шампион во перо категорија, додека Зек Милер и покрај големата желба и упорност мораше да се задоволи со пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаЛДП: Македонија заслужува ЕУ сега- светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција!Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во резолуцијата на Либералната интернационала усвоена изминатата недела на конгресот во Бангкок. Резолуцијата истакнува дека 78% од македонската економија е поврзана со европската и дека претворањето на евроинтеграцијата во подвижна цел за Македонија и за земјите кандидатки води кон слабеење на европските позиции. Предлозите од оваа резолуција носат директни решенија за секојдневните маки на македонските граѓани и бизниси – крај на повеќечасовните чекања за камионџиите на границите поради новиот ЕЕС-систем, ослободување од дополнителни такси за влез во ЕУ како новиот ЕТИАС-систем, слободно движење и работа ширум Европа, како и силна економска ињекција преку фондовите што ќе го подобрат стандардот на граѓаните. ЛДП во континуитет истакнува дека е потребна редовна координација на меѓународните секретари и раководствата на партиите кои имаат членство во меѓународните и европските политички семејства за да се промовираат координирани национални позиции. Водењето надворешна политика водена исклучиво од интересите на една партија е погрешно и штетно. На овој значаен настан, Емил Кирјас ја доби силната доверба и реизбор за потпретседател на светското либерално семејство, потврдувајќи го угледниот македонски глас на меѓународната сцена. „Од либералите имаме постојана, директна и сесрдна поддршка. Тоа е последица на напорна работа, блиски контакти, искрени односи и непоколебливо држење до вредностите. Тоа државата мора да го искористи сега, а не утре,” изјави по усвојувањето на резолуцијата потпретседателот на ЛИ, Емил Кирјас. “Како народ и како нација немаме луксуз да чекаме подобри времиња преку илузорни странски гаранции. Градењето функционална, правична, некорумпирана и здрава држава, со самозаштитни клаузули за европската иднина и економскиот просперитет, мора да биде заедничка обврска за сите. Мора да ја промениме реалноста во која доминираат манипулациите и празните говори, наместо конкретните резултати“, додаде Кирјас. ЛДП останува отворена да ги поддржи вистинските државни интереси кои водат кон итно деблокирање на европските интеграции и конкретни придобивки за македонските граѓани и македонскиот бизнис. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28