БалканМаринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопхВо овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на С. Македонија.Потребата да се почитува Договорот од Преспа како меѓународна обврска на двете земји, но и ставот дека Грција има континуитет и мора да го почитува договореното, ги повтори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг, одговарајќи на прашањата на новинарите, меѓу кои и на дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа дека и Министерството за надворешни работи на Грција во вчерашното соопштение и грчкиот премиер утрово на Фејсбук порачаа дека за напредокот и во билатералните односи и патот на земјата кон ЕУ, зависат од почитувањето на Договорот, на прашањето на дописничката на МИА од Атина дали ова во пракса би значело и грчко вето за европската перспектива, Маринакис посочи дека не сме стигнати до таа точка, но сепак дека е неопходен предуслов. -Во овој момент не сме до оваа точка, но јасно е и не се потребни многу толкувања, неопходен предуслов за интегративниот процес на С.Македонија е почитувањето на Договорот од Преспа, рече Маринакис. Портпаролот на грчката Влада го повтори она што утрово го напиша премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис дека вчерашниот став на претседателката Силјановска Давкова за време на инаугурацијата е „провокативен и навредлив и спротивен на Договорот од Преспа“, Договор за кој како што посочи „откако беше изгласан ги обврза двете држави и Грција и С.Македонија да го спроведат“. -Ова е факт за кој не постојат многу толкувања. Исто така е нешто што се чини дека го прифатија целосно и претседателката на Европската Комисија и претседателот на Европскиот совет кои веднаш реагираа, нешто што ги покажува и рефлексите на нашата земја и влијанието што веќе меѓународно го има Грција, да не го потценуваме тоа, бидејќи некогаш беше црната овца на Европа, посочи Маринакис. Во однос на ставот за Договорот од Преспа на Нова демократија додека беше опозиција, се повика на твит од 24 јануари 2019 на Мицотакис, тогаш како лидер на опозицијата, во кој пишува дека „ако Договорот од Преспа се ратификува, тогаш нема да може да се поништи бидејќи има поголема сила од кој било друг закон“. -Тогаш како опозиција, ние не се скривме, ги изразивме нашите сериозни приговори за Договорот од Преспа и гласавме против, позиција за која не се каеме. Го имаме токму истото мислење, но целосно го почитуваме она што го потпиша нашата земја, она што го изгласа Парламентот и како сериозна држава имаме обврска да го спроведуваме, а ова го кажавме уште од прв момент, истакна Маринакис. Паралелно посочи дека очекуваат „од другата страна да го почитува договореното“, а тие „како држава што има континуитет“, ќе ги сторат истото. На новинарско прашање за трите меморандуми со Македонија што сè уште не се ратификувани во Парламентот, упати прашања до опозициската СИРИЗА која повторно ја покрена темата. - Искрено ги прашуваме и опозицијата, но пред сè граѓаните. Подобро ќе беше во овој период, со ставот на претседателката на С.Македонија, да беа изгласани меморандумите? Можеби е подобро што не се изгласани досега? Ние сме искрени и јасни, мораме да го спроведуваме Договорот од Преспа, но изгласувањето на меморандумите зависи и од другата страна и од тоа колку ќе биде доследна до своите меѓународни обврски, потенцираше портпаролот на грчката Влада на редовниот брифинг со новинарите и странските дописници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
ФудбалАртета: Не сум многу задоволен затоа што сакавме да го победиме Баерн во МинхенАктуелниот европски вицешампион Арсенал одигра одличен меч на гости на Алианц арената во Минхен против германскит првак Баерн, и покрај многуте шанси на двете страни и извонредниот фуддбал мечот заврши без победник, 2:2. Гигантот од Лондон со ремието во Минхен ја прекинаа низата победи во групната фаза во Лигата на шампионите започната уште минатата сезона, но сепак предводникот на топчиите Артета треба да биде задоволен од епилогот на дербито. По мечот во Минхен, тренерот на Арсенал, Микел Артета израи мало незадоволство зошто неговиот тим не победил. Топчиите имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон голот на противникот, изведоа повеќе корнери, но на крајот се задоволија со еден освоен бод на теренот на германскиот првак. „Го прифаќам ремито, но тоа не значи дека сме многу среќни. Тоа е така затоа што се подготвувавме да дојдеме тука и да победиме. Сакавме од првата минута да го притиснеме Баерн. Бевме доминантни во првите 20-25 минути кога и дадовме гол за водство. Но, во раната фаза се случи повредата на Бујако Сака. Потоа, направивме некои грешки и Баерн Минхен е тим кој тоа знае да го казни. Ова беше дуел на два тима кои сакаат постојано да напаѓаат. Моите играчи покажаа дека сакаат да играат без калкулации, да победат. Тоа многу зборува за нашата екипа и за духот кој го имаме. Честитки за играта на моите фудбалери, успеаа да се вратат и кога бевме во негатива“, рече Артета по дуелот на „Алијанц Арена“. Стратегот на Арсенал, го искажа својот став и за повредата на Сака воопшто не делува наивно, но дека е потребно да има детални прегледи, за да се знае колку долго ќе паузира. „Ваквите натпревари имаат голем интензитет во текот на сите 90 минути. Видовте и на ПСЖ – Барселона што се случи, кога се повредија неколку фудбалери. Повредата на Букахо не изгледа добро, но ќе чекаме конкретни резултати“, додаде Артета. Инаку во вчерашните мечеви од 3 коло во Лигата на шампионите постигнати се следниве резултати. Астон Вила - Викинг 3:1 (2:0) Баркли 23, Буендија 37.п, Хегхајм 62. аг - Кристијансен 84 Баерн - Арсенал 2:2 (1:1) Дејвис 35, Кејн 61.п - Езе 25, Рајс 81 Бетис - Феенорд 1:0 (0:0) Околу 59 п.н.е Клуб Бриж - Ленс 3:0 (1:0) Ванакен 45+3, вели 50, Форбс 72 Интер - Шахтјор 1:0 (0:0) 77 август Реал Мадрид - Лајпциг 4:1 (1:0) Силва 44, Ѓулер 52, Мбапе 83, Диоманде 87 - Гомис 85 Спортинг - ЛАСК 2:3 (1:1) Суарез 5.п, 89 - Ланг 15, Калајџиќ 63, Данек 68 Комо - М. Јунајтед 4:1 Паз 2, 57, Дувикас 49, Рамон 76 - Циркзе 90+1 Лил - Галатасарај 2:4 Дијаун 7, 39 - Акгун 2, Батраков 44, Озер 52. аг, Осимен 61Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора.Претседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската унија. На главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаРСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот-Вози одговорно. Секој живот е важен.По повод претстојниот празник 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба и продолжениот викенд, се очекува зголемена раздвиженост во сообраќајот, особено на патните правци надвор од населените места. Поради тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. РСБСП укажува: Почитувајте ги ограничувањата на брзината. Не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци. Не користете мобилен телефон додека возите. Користете сигурносен појас на секое патување. Обезбедете ги децата во соодветно детско седиште. Одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични маневри. Проверете ја техничката исправност на возилото пред патување. Доколку сте уморни, направете пауза и одморете се. Нека празничните денови бидат исполнети со убави моменти, безбедни патувања и среќно враќање дома. Вози одговорно. Секој живот е важен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter